ЕЦБ веројатно ќе мора дополнително да ги зголеми каматните стапки


Членката на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Изабел Шнабел, денеска навести дека институцијата најверојатно ќе продолжи со зголемување на клучните каматни стапки во обид да ја намали инфлацијата, откако на почетокот од овој месец ги зголеми по првпат од 2023 година како одговор на економските последици од војната со Иран. – За да […]

Доларот зајакна, каматните стапки ќе растат


Вредноста на доларот во однос на кошничката валути значително се зголеми минатата недела, бидејќи добрите податоци од американскиот пазар на трудот ги поддржаа очекувањата дека Федералните резерви ќе ги зголемат каматните стапки до крајот на годината. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, порасна за […]

Централните банки во Европа и Азија се соочуваат со предизвикот за зголемување на каматните стапки


Европските централни банки се соочија со притисок од финансиските пазари да ги зголемат каматните стапки во понеделник, бидејќи војната во Иран ги зголеми цените на енергијата и ги разгоре стравовите од нов бран на инфлација. Инвеститорите ги зголемија очекувањата дека Европската централна банка, Швајцарската национална банка и Шведската централна банка би можеле да ги зголемат […]

Раст на просечната каматна стапка кај депозитите во декември, пад кај кредитите


Просечната каматна стапка на вкупните депозити во декември бележи годишен раст од 0,04 процентни поени и изнесува 2,21 процент, објави денеска Народната банка.  Кај кредитите се бележи годишен пад на просечната каматна стапка од 0,54 процентни поени. Таа изнесувала 4,76 проценти.

ФЕД најверојатно ќе ги намали каматите во септември


Централната банка на САД ја остави референтната каматна стапка на ФЕД непроменета во опсег од 4,25 до 4,50 проценти по петти последователен состанок. Трамп сè повеќе бара пониски каматни стапки, но гувернерот Џером Пауел сака да почека да види какво влијание ќе имаат тарифите врз инфлацијата. По објавувањето во петокот за перформансите на американскиот пазар […]

ФЕД не ги намали каматите и покрај притисокот на Трамп, но поделбите се поочигледни


Федералниот комитет за отворен пазар, групата што ја одредува каматната стапка преку ноќ, гласаше со 9-2 за да ја остави непроменета. Стапката на федералните фондови ќе продолжи да биде помеѓу 4,25% и 4,5%. Ова ниво одредува колку банките наплаќаат едни од други за кредитирање преку ноќ, но влијае на голем број други каматни стапки во […]

Трамп: Пауел е деструктивен


Претседателот Доналд Трамп го нападна претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, нарекувајќи го „деструктивен“ откако централната банка ги одржа каматните стапки стабилни во среда. Трамп рече дека „премногу доцна“ Пауел ги чини САД „стотици милијарди долари“ со тоа што не ги намалува каматните стапки, во добро позната критика кон претседателот на Федералните резерви, кој постојано […]

Трамп: Пониските камати „ќе одат рака под рака“ со царините


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека мора да се намалат каматните стапки и оти тоа „ќе оди рака под рака“ со планираните царини. Но, економистите предупредуваат дека царините ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе го одложат намалувањето на каматните стапки. Трамп на почетокот од неделата за 25 проценти ги зголеми царините за челик и […]

Претставниците на ФЕД сигнализираат попостепено намалување на каматните стапки


Гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук, изјави во понеделникот дека има смисла постепено да се намалуваат каматните стапки со оглед на отпорноста на пазарот на трудот и подобрата од очекуваната инфлација. „Мислам дека можеме да си дозволиме да продолжиме повнимателно со дополнителни намалувања“, рече Кук во говорот во Ен Арбор, Мичиген. Намалувањето на каматните стапки […]

Кој губи, а кој добива со унгарскиот кредит за компаниите


  Компаниите кои што ќе сакаат да инвестираат во опрема или во објекти со позајмување средства од кредитната линија од унгарската Експорт импорт банка што ја обезбеди Владата, „тешка“ 250 милиони евра, ќе им плаќаат на банките во Македонија камата од 3,25 отсто. Ова, како што појаснуваат од Министерството за финансии ќе биде единствениот трошок […]

Инвеститорите очекуваат ЕЦБ да продолжи да ги намалува каматните стапки


Членовите на Европската централна банка ја минимизираа загриженоста дека инфлацијата во еврозоната може да остане непријатно висока, наведувајќи во записникот од нивниот состанок во јули дека се отворени за можноста за намалување на каматните стапки на следниот состанок. Внимателно следените показатели за долгорочните инфлациски очекувања во Европа ги достигнаа најниските нивоа во речиси две години, […]

Ако ЕЦБ ги намали каматите, тоа ќе се рефлектира и кај нас, но не со таа динамика како во ЕУ


Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки. Ако Европската централна банка почне да ја намалува каматната стапка тоа ќе има ефект и кај нас, меѓутоа можеби не со таа динамика како во земјите од Европската унија, бидејќи ние имаме повисока стапка на инфлација од нив, сметаат експертите кои денеска присуствуваа на 29. Годишно […]

Девизни пазари: Зајакна доларот, швајцарската централна банка неочекувано ги намали каматите


На девизните пазари и минатата недела порасна вредноста на доларот во однос на кошничката валути, вторпат по ред, додека инвеститорите ги анализираа одлуките и пораките од седниците на голем број големи централни банки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,3 отсто, […]

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари изнесува 5,55 проценти и е зголемена за 0,08 процентни поени на месечна и 0,57 процентни поени на годишна основа, објави Народната банка.  Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,72 проценти и на месечно ниво таа е намалена за 0,07 процентни поени, при годишен раст од 0,79 […]

Каматите во Еврозоната веројатно ќе почнат да се намалуваат, смета Лагард


 Каматните стапки во Еврозоната ја достигнаа својата највисока точка и најверојатно нема да продолжат да растат, туку ќе почнат да се намалуваат, но не можам да дадам датум, изјави претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард во интервју за француската телевизија Франс 2.  – Не можам да ви дадам датум. Ако ја добиеме битката со […]

Каматите за хипотеките во САД се искачуваат на 7,49 отсто, што штети на продажбата на домови


  Каматните стапки на хипотекарните кредити во САД се искачија уште повисоко оваа недела, достигнувајќи 7,49 отсто и туркајќи ја сопственоста на станови подалеку од дофат на потенцијалните купувачи. Тоа е повеќе од 7,31 отсто претходната недела, според податоците од Фреди Мек (Freddie Mac) објавени во четвртокот. Пред една година, 30-годишната фиксна стапка беше 6,66 […]

Просечната каматна стапка во август непроменета кај кредитите, зголемување кај депозитите


 Просечната каматна стапка на кредитите во август е непроменета, додека кај депозитите се бележи зголемување. Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на кредитите во август изнесувала 5,49 проценти, додека кај депозитите изнесувала 1,55 проценти. На годишна основа, се бележи зголемување на просечната каматна стапка и кај кредитите и кај депозитите. Кај кредитите има […]

ОЕЦД: ЕЦБ треба да ги зголемува каматните стапки што е можно подолго


Во својот последен извештај, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) вели дека се потребни дополнителни реформи за да се помогне економското закрепнување на Европа по пандемијата. Европската унија треба да го зајакне единствениот пазар и да одржи рестриктивна монетарна позиција ако сака да се справи со инфлацијата и да ја зајакне отпорноста на европската […]

До кога ќе растат каматите


Не им е лесно на оние кои имаат кредити во банките, особено на корисниците на станбени кредити на кои им е поминат „медениот месец“, односно периодот на релативно ниски фиксни камати, а кои по правило е за првите три или пет години од отплаќањето на ратите. Причината се променливите каматни стапки кои во изминатиот период […]

Хипотекарните стапки во САД се искачија на 7 отсто откако беше намален кредитниот рејтинг


Хипотекарните стапки во САД скокнаа оваа недела, искачувајќи се поблиску до 7 отсто. Овој потег уследи по минатонеделното зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви и намалувањето на рејтингот оваа недела од страна на агенцијата „Фич“ на државниот долг на САД, како и на Фреди Мек и Фани Меј. 30-годишната хипотека со фиксна […]