Две гранати пронајдени кај Калишта


На брегот на Охридското Eзеро кај струшкото село Калишта, вчера биле пронајдени две стари гранати. Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи а подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

Кај Калишта и Радожда најмногу се краде риба


Државниот инспекторат за земјоделството(ДИЗ) во вонреден инспекциски надзор ги потврди сознанијата дека се врши масовно рибокрадење во водите на Охридско Езеро, а посебно во с.Калишта, с.Радожда, с.Пештани. Инспекторите одземаа вкупно 73 рибарски мрежи и 370 парчиња белвица, поради прекршување на Законот за Државен инспекторат и на Законот за рибарство и аквакултура. Во вторникот, во водите […]