Непријатно откритие во Калифорнија: Раседот Сан Андреас се поместува побрзо отколку што се сметаше претходно


Нова студија на научници од Државниот универзитет во Сан Хозе покажува дека раседот Сан Андреас се поместува побрзо отколку што се проценуваше претходно, што може да биде важно за проценка на фреквенцијата на идните земјотреси во Калифорнија. Истражувачите анализирале траги од претходни земјотреси зачувани во релјефот во областа на паркот Санборн Каунти. Според професорот Ким […]

Во Калифорнија започнува историското судење против „Мета“ за создавање зависност од социјалните мрежи кај децата


Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се соочува со историска судска тужба во процесот што денеска започнува пред судот во сојузната американска држава Калифорнија, откако адвокатите на двете страни ги соочија аргументите околу клучните сведоци и висината на потенцијалната отштета. Коалицијата од американски сојузни држави ја поднесе тужбата уште во 2023 година, […]

Гувернерот на Калифорнија се најде на списокот на непријателите на Трамп. И тоа на врвот


  Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вчера изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп води истрага против него и неговата сопруга, обвинувајќи го претседателот за политичка одмазда. „Доналд Трамп не ме таргетираше само поради моите остри објави на социјалните мрежи“, рече Њусом во соопштение објавено на мрежата Икс. Тој додаде дека Трамп го таргетирал затоа […]

Поради оштетен резервоар со токсични хемикалии во Калифорнија евакуирани 44.000 луѓе


Повеќе од 44.000 луѓе се евакуирани во неколку градови во Јужна Калифорнија, откако локалните власти предупредија дека оштетен резервоар со токсични хемикалии во воздухопловна фабрика во Оринџ Каунти неизбежно ќе попушти и потенцијално може да експлодира. Индустрискиот резервоар во објектот во Гарден Гров (Garden Grove) се проценува дека содржи околу 7.000 галони (околу 26.500 литри) […]

Бурата во Калифорнија одзеде три животи, а 100.000 останаа без струја


Обилните дождови во големи делови од Калифорнија предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а до божиќната ноќ загинаа три лица. Бурите, за кои се очекуваше да траат до петок, донесоа 27 см дожд на квадратен метар во некои делови од округот Лос Анџелес, предизвикувајќи евакуации и затворање на главните патишта. Службите за итни случаи мораа […]

Ново силно невреме ѝ се заканува на Калифорнија, има жртви во поплави и свлечишта


Американската сојузна држава Калифорнија, веќе погодена од обилни врнежи, ја очекува ново влошување на временските прилики за време на празниците, со ризик од дополнителни свлечиша и поројни поплави, соопштија денеска американските метеоролошки служби, додавајќи дека поради невремето без струја останале повеќе од 150 илјади корисници. Како што јави Си-Би-Ес, локалните власти соопштија дека најмалку два […]

Три деца меѓу четворицата убиени во пукотница на роденденска забава во Калифорнија


Најмалку четири лица, вклучувајќи три деца, се убиени, а 11 други се повредени во масовно пукање на семеен собир во калифорнискиот град Стоктон. Жртвите биле на возраст од осум, девет, 14 и 21 година, потврдија властите, пишува Би-Би-Си. Осомничениот е сè уште на слобода и полицијата верува дека пукањето, кое се случило вчера непосредно пред […]

Четворица мртви, десетмина ранети на семеен собир во Калифорнија


Четири лица беа убиени, а 10 ранети во пукотница на семејно собирање во Стоктон, Калифорнија, соопштија шерифските службеници во саботата, објави АП. Меѓу жртвите има деца и возрасни, изјави Хедер Брент, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин. Првичните информации „сугерираат дека ова можеби бил намерен инцидент“, рече Брент за време на прес-конференцијата […]

Трамп ја тужи Калифорнија поради високите цени на јајцата


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против сојузната држава Калифорнија, тврдејќи дека нејзините строги регулативи за производство на јајца придонеле за драматично зголемување на цените на јајцата низ целата земја. Во тужбата се наведува дека Калифорнија го прекршува сојузниот Закон за инспекција на јајца од 1970 година, кој бара национално единство во стандардите […]

НАСА: Населба во Калифорнија се поместува сѐ поблиску до Тихиот Океан


Aмериканската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА соопшти дека населените делови од полуостровот Палос Вердес во Јужна Калифорнија се поместува надолу – и поблиску до Тихиот Океан. Полуостровот е познат по свлечиштата со десетлетија. Но, радарските снимки неодамна открија дека на ова место во Округот Лос Анџелес пред неколку месеци му се случувало лизгање на земјиштето […]

Демонстрантите против планираните депортации на мигранти ја блокираа главната улица во Лос Анџелес


 Илјадници луѓе протестираа денеска во Јужна Калифорнија против планираните масовни депортации на претседателот Доналд Трамп, јавија американските медиуми. Протест имаше и во центарот на Лос Анџелес, каде демонстрантите ја блокираа главната улица. Демонстрантите се собраа на историската улица Олвера во Лос Анџелес, која датира од времето на шпанското и мексиканското владеење на градот, пред да […]

(Видео) Нов пожар се шири во Калифорнија, регионот повторно е под црвен аларм


Опасноста од пожар останува на критично ниво во Јужна Калифорнија, каде што илјадници жители добија наредба да се евакуираат поради пожарот што останува надвор од контрола во близина на Кастаик во северниот дел на округот Лос Анџелес. Пожарот што ги зафати окрузите Лос Анџелес и Вентура изгоре повеќе од 9.000 хектари и е нула отсто […]

Дали жителите во Лос Анџелес ќе се преселат или ќе ги обноват куќите? И двете опции се скапи


Десетици илјади жители на Калифорнија ќе одлучат дали трајно ќе се преселат или ќе ги обноват своите домови по најразорните пожари во историјата на Лос Анџелес. Осигурителните компании може да покриваат илјадници долари за привремено сместување и трошоци за живеење – освен ако сопствениците на куќи се недоволно осигурани или не се покриени. „Полисата генерално […]

Били Кристал, Парис Хилтон и други ѕвезди останаа без покрив над главата во пожарите во Лос Анџелес


Бројни познати личности се огласија за пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и ги погодиле нивните домови. Повеќе од 130.000 луѓе беа принудени да се евакуираат поради пожарот, додека ветровите дополнително придонесуваат за ширење на пожарот. Најтешка е ситуацијатао во една од најбогатите населби во САД, Пацифик Палисадес. Актерот Били Кристал и неговата сопруга […]

Драматична снимка од пожарот во Калифорнија


Драматична снимка од пожарите во Калифорнија, споделија на социјалната мрежа „Х“, двајца другари, кои со маски на лицето бегаат од куќата, пред да ја зафати пожар. Надвор пак, ги дочекуваат запалени дрвја, а по улицата ветрот вее запалени парчиња и искри. Video of the moment my friend and I abandoned his house after we tried […]

Илјадници луѓе се евакуирани во јужна Калифорнија поради пожар кој брзо се шири


Пожарот кој брзо се шири, поттикнат од силните суви ветрови на Санта Ана, принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во Јужна Калифорнија. Противпожарната служба во округот Вентура, северозападно од Лос Анџелес, го окарактеризира пожарот како „многу опасен“. Жителите треба да ги почитуваат наредбите за евакуација, рече шерифот Џим Фрајхоф на прес-конференција. За неколку […]

Во судница во Калифорнија експлодира торба, двајца повредени


Две лица се повредени во експлозија во судница во Санта Марија, Калифорнија, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара. „Ве молиме избегнувајте ја областа. Местото на настанот не се смета за безбедно. Следуваат повеќе информации“, соопшти канцеларијата на шерифот во објавата на X. Две лица се здобиле со повреди кои не се опасни по […]

Калифорнија ја тужи „ЕксонМобил“дека манипулирала со јавноста за рециклирањето на пластиката


Сојузната држава Калифорнија поднесе тужба против ExxonMobil со обвинување дека со децении ја доведувала јавноста во заблуда за ефикасноста на рециклирањето на пластиката. Ова е прва ваква тужба против нафтено-енергетска компанија. Тужбата тврди дека ExxonMobil, втора по големина нафтена компанија во светот и прв светски производител на полимери, главните состојки за изработка на пластични производи, […]

Пожарот во Калифорнија прерасна во четврти најголем во историјата на оваа сојузна држава


 Повеќе од 6.000 пожарникари и натаму се борат со огромниот пожар, што досега прерасна во четвртиот по големина во историјата на Калифорнија. Жештината воопшто не носи олеснување на ситуацијата, а властите соопштија дека пожарот е локализиран 27 отсто. -Имавме грмотевици кои ни зададоа проблеми, рече Кристофер Јанг, портпарол на Калифорниското одделение за шумарство и заштита […]

Голем пожар во Калифорнија – итна евакуација во четири реони


Повеќе од 130 згради се уништени од пожар во Калифорнија, поради што е наредена итна евакуација во четири окрузи, соопштија денеска властите. Пожарот избувна во петокот вечерта и уништи повеќе од 239.000 хектари, приближно колку Сан Диего, што го прави 13-ти најголем шумски пожар во историјата на државата, објави Си-ен-ен. Во гаснењето на пожарот се […]