Донесени ДУП-ови со кои ќе се среди просторот околу Калето – спортски сали и паркови, место хотели


На шестата седница на Советот на Општина Центар донесени се два нови детални урбанистички плана, за Градска четврт ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале“ и за Градска четврт ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2“.  Донесувањето на овие ДУП-ови претставува усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012–2022. Дополнително, за првпат се […]

Град Скопје бара надлежност над Калето за да ги средат и скривниците


Град Скопје поднел барање до Владата за да го преземе владеењето со скопското Кале, соопшти денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со овој простор, вклучително и депониите под тврдината, а особено во врска со лошата состојбата на скривниците, кои се нефункционални и комплетно запуштени. Ѓорѓиевски посочи дека поголемиот дел од просторот […]

Ставен под контрола пожарот во близина на црквата „Свети Спас“


Под контрола е пожарот кој избувна вечерва во стара куќа во близина на црквата „Св.Спас“на влезот на Старата скопска чаршија. Засега не е позната причината за пожарот, а екипи на МВР ќе вршат увид. -Во 19:43 часот добиена е дојава за настанат пожар во напуштена куќа на улица „Самоилова , веднаш беа испратени трои противпожарни […]

Голем пожар избувна во објект кај скопското Кале


Голем пожар избувна вечерва во близина на угостителскиот објект „Пивница“ на скопското Кале, каде што гори друг објект. Противпожарните екипи се на терен, а причните за пожарот засега не се познати. Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции. Граѓаните се повикуваат да се држат подалеку од местото на настанот.

Расчистена депонијата под Кале


Актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Горан Герасимовски, денеска, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, учествуваше на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале. Како што посочи Герасимовски, хигиеничарите на ЈП ПОЦ заедно со службите на Општината се постојано на […]

Герасимовски повика на голема акција за чистење на депонијата кај Кале, понеделник во 13 часот


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати јавен повик до граѓаните да се приклучат на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале, која ќе се спроведе утре (понеделник) со почеток во 13 часот. „По расчистувањето на депониите во Крњево и Градскиот парк, продолжуваме со чистење на просторот кај полигонот на Кале. Несовесни поединци […]

(Галерија) Ѓубрето царува покрај Вардар под Калето


Ѓубрето во Скопје веќе одамна го има окупирано градот. Не се ни крие повеќе по затскриени агли, темни улички, обрастени патеки. Напротив, распослано е на отворени места, каде фреквенцијата на луѓе е голема и секој може да го види, а и да придонесе со својот џебен отпад. Плоштадот, улицата „Македонија“, плоштадот „Филип Втори“, кејот на […]

Калето „страдало“ за 8 милиони денари (130.000 евра)?


Скопското кале денеска е расчистено, со помош на ЗЕЛС, откако Министерството за култура и туризам, не добило никаков одговор од Град Скопје и „Паркови и зеленило“, тврди министерот за култура Зоран Љутков.  Тој денеска, на прес-конференција заедно со претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и неколку скопски градоначалници од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и со […]

Скопското Кале ќе биде активна туристичка атракција, најавува Љутков


Долгогодишното запуштање на еден од симболите на градот Скопје, Калето, го направи овој објект неатрактивен за посета, освен за оние кои се качуваат за од таму да ја видат панорамата на Скопје. Патеките едвај се гледаат од нараснатите треви, а друга урбана опрема речиси и да нема. Кантите за отпадоци се искршени, како и клупите […]

Пожар на полигонот под Кале, гореа пет автомобили


Денеска имаше пожар под скопско Кале, каде на стариот полигон, кој и денеска се користи за вежбање на новите возачи, но ако сами појдат таму, бил запален еден автомобил, а од него биле зафатени уште четири други. Пожарот е на стариот полигон спроти стадионот под Кале, а огнените пламени се префрлиле и на други четири […]

Општина Центар и Амбасадата на САД зачистија околу Калето


По повод 50-годишниот јубилеј од одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина – 5 јуни, Општина Центар-Скопје и Амбасадата на САД во Македонија утринава заеднички чистеа околу тврдината Кале. Во новата екоакција, која се одвиваше под мотото #BeatPlasticPollution!, се вклучија градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и амбасадорката на САД, Ангела П. Агелер. Целта […]

Ѓубре имаме и за извоз: Екоактивисти го чистеа скопското Кале


Активисти од еколошкото движење „За почиста Македнија“ и волонтери од странство организираа акција за чистење на скопското Кале. Волонтерката од Финска, Катарина Вејо не го криеше разочарувањето за состојбата во која се наоѓа скопското Кале и вели дека загадувањето во Македонија е на многу високо ниво. Марко Гапо од движењето „За почиста Македонија“ вели дека […]

ОЈО издаде наредби за расчистување на синоќешното двојно убиство на Кале


 Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти дека јавен обвинител денеска издал повеќе наредби во насока на расчистување на синоќешниот оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија, во кој две лица беа лишени од живот, а едно беше повредено. – По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Сите обезбедени […]

Двојно убиство во Скопската чаршија – МВР со детали


ДВе лица се убиени, а еден е ранет и е пренесен во болница, соопшти вечерва полицијата, откако се случи престрелка во Старата скопска чаршија во близина на Калето.  „На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале […]

Престрелка кај Кале, неофицијално има жртви


Пукање во угостителски објект на улица „Самоилова“ се случило вечерва околу 20.30 часот. Во објектот наречен „Шиша бар“ во близина на Кале имало пукотници во кои, според неофицијални информации има две жртви и повредени лица. Извори од лице место велат дека на терен се присутни голем број полициски екипи. Се чека увидна екипа која треба […]

Герасимовски: Отстрануваме згради за да правиме паркови на Кале


Развиена велосипедска мрежа, зеленило на површина од 30.000 м2, широки тротоари, сообраќајни решенија, пренамена на објекти и намалена катност, најави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во емисијата „Македонија наутро“ на МРТВ каде зборуваше за новите предлог ДУП-ови на Кале. „На Кале има развиена примарна и секундарна мрежа за велосипедски патеки. Во дел велосипедските патеки […]

Со новиот ДУП за Кале се предвидува поголемо зеленило


Завршија јавните презентации на предлог ДУП-овите кои го регулираат просторот околу тврдината Кале. -Во новите ДУП-ови на Кале, ЦС 01 и ЦС 14, намалена катност на објектите и зеленило на површина од околу 30.000 м2. Наместо хотелски комплекс со шест ката и поткровје, катноста е намалена на три ката и добиено е зеленило на површина […]

Почнуваат јавни анкети за ДУП-овите Градска четврт ЦС 14 и Градска четврт ЦС 01 на Кале


Општина Центар ги информира жителите дека од денес (среда; 20.7.2022), започнува јавната анкета за два Детални урбанистчки планови – Градска четврт ЦС 14 – Кале и СРЦ Кале и Градска четврт ЦС 01-Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2. Границата на планскиот опфат на Деталниот урбанистички план Градска четврт ЦС 14 – Кале и СРЦ […]

Ромски семејства се соочуваат со присилно иселување од прифатниот центар во Визбегово


Хелсиншки комитет за човекови права денеска информира дека неколку ромски семејства се соочуваат со враќање во состојба на социјален ризик, откако добиле решение од Министерството за труд и социјална политика да го напуштат привременото живеалиште во прифатниот центар во Визбегово. Тие се сместени во привремените живеалишта од 2018 година, а дотогаш живееја на отворено, под […]