До МВР досега нема пријава за казиното во Дојран, но ќе изврши проверки


Министерството за  внатрешни работи нема добиено пријава за наводите што беа објавени во грчки медиуми дека во казино во Дојран се издаваат лажни ковид сертификати. – Досега МВР нема добиено пријава за ова, но ќе бидат извршени проверки во врска со наведеното, се наведува во одговорот од МВР. Грчки медиуми, повикувајќи се на прилог на грчката […]

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година


Франција – Жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во Сен Мало, Бретања, Франција… Инаку, како што изјави вчера директорот на казиното, 40-годишничката ставила само 80 евроценти во автоматот. – Таа е почетничка со коцкање и автоматите, и била на одмор со нејзината мајка. Таа освои 209.715,20 евра – што е втор […]

(Фото) Тетовци протестираат против отворање ново казино во градот


Со предупредувачка блокада на булеварот „Илинденска“’ во близина на крстосницата со регионалниот пат за Брвеница дел од жителите на Тетово од овој крај на градот го изразија својот протест поради најавеното отворање на ново казино во оваа населба. Тие носеа транспаренти Библиотека – не казино, Тетово има потреба од јавен превоз а не казино, Стоп […]

Маскирани лица ограбиле казино во Скопје


Две непознати маскирани лица извршиле кражба во казино во Скопје, при што одзеле околу 125.600 денари. Кражбата била пријавена вчера околу 23:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје. Двете маскирани лица, од кои едното било вооружено со пиштол упаднале во казино на улицата „11 Октомври“ и со закана од вработените ги украле парите, по […]

Маскиран и вооружен разбојник ограбил казино во Центар


Непознат маскиран и вооружен разбојник неделата, пред полноќ, извршил кражба во казино на улица „11-ти Октомври“ во Скопје, при што одзел 150.000 денари. Како што соопшти МВР, разбојништовото било пријавено на 18 февруари во 23.50 часот во Полициската станица Центар, а било извршено истиот ден околу 23.00 часот во казино на булевар „11-ти Октомври“. – […]

Пресметка пред казино во Прилеп: Две лица избодени со нож


З.П. (54) од Прилеп е приведен откако рано утрово, околу четири часот, по претходна расправија, со остар предмет ги пробол К.Р. (25) и М.Р.(26). Според МВР, настанот се случил пред казино во Прилеп. Повредените се пренесени во Медицински центар – Прилеп.