Почина возач на Итната помош од Кочани кој вчера неуморно цел ден пренесуваше тешко повредени


Утрово Кочани и јавноста ја разбуди нова трагична вест за загуба на млад живот. Имено колегите и вработените во Општата болница Кочани кои се уште не можат да се соземат од шокот, утрово се простуваат од Иле Гоцевски. Долгогодишен возач на возила во Итната помош Кочани кој ноќеска починал откако по напорниот и долг ден […]

Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, домашната посета од 7 до 21 часот


Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот, потврдија денеска од Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Скопје, за МИА.   – Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ Скопје, во текот на Божиќните […]

Иселеник од Велебрдо донираше возило за итна помош во Здравствениот дом во Ростуше


Здравствениот дом „Русе Бошкоски“ во Ростуше доби нова донација од иселеник од овој крај, што е уште една потврда за поврзаноста и љубовта кон родниот крај. – Добивме ново, целосно опремено возило за итна помош. Тоа е донација на иселеник од село Велебрдо, кој живее и работи во Швајцарија, но сакаше да остане анонимен. Од […]

Скопската Итна помош доби седум амбулантни возила како донација од ЕУ


Седум возила за брза помош доби денеска Службата за итна помош во Скопје, како донација од ЕУ. Станува збор за најнова испорака на помош од ЕУ наменета за помош на здравството во обезбедување подобри услуги за граѓаните. Евроамбасадорот Дејвид Гир кој денеска присуствуваше на примопредавањето на возилата, посочи дека ова е пример за поддршката која […]

Итната помош во Скопје имала 100 интервенции во новогодишната ноќ


  Теренската Служба за итна медицинска помош во Скопје во изминатото деноноќие имала 100 интервенци, од кои 40 од прв степен на итност, а имало и многу јавувања од родители како да постапуваат со децата кои им биле во алкохолизирана состојба, изјави за МИА Милица Бубало, раководителка на Службата за итна помош. Околу 20 интервенции […]

Зголемен е бројот на мозочни удари


Зголемен број повици во врска со нарушеното здравје на хронично болни, зголемен крвен притисок, главоболки, вртоглавици, малаксаност, недефинирани состојби регистрирала деновиве Итната медицинска помош во Скопје, од каде посочуваат дека тоа е вообичаено кога има ваква промена на времето, притисокот и влажноста на воздухот. – Сто и дваесет повици дневно се регистрираат во Итната медицинска […]

Итната помош ќе добие 12 нови возила


Министерството за здравство почна јавна набавка на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош. Дополнително се очекуваат уште три возила од донација. Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил. Ова ќе значи зголемување на капацитетите на здравствените установи со возила за Итна медицинска помош, кои ќе бидат распределени во […]

Маж и жена пронајдени мртви во домот во Прилеп


Итна медицинска помош вчера пријавила во полицијата дека во станот на двајца сопружници во Прилеп била пронајдена почината И.Н.(76) со прострелна рана во главата, додека во заедничката просторија од зградата пронајден бил починат и нејзиниот сопруг М.Н. (81). „За време на увидот во станот бил пронајден пиштол „Застава“ калибар 9 мм, кој со дозвола го […]

Скопјанец се обесил во парк шумата Гази Баба


Скопјанец (38) вчера е пронајден обесен на греда во летниковец во парк шумата „Гази Баба“ во Скопје. Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 12.30 часот во Единицата за известување и команда – Скопје, случаен минувач пријавил дека додека трчал во парк шумата „Гази Баба“ – Скопје, во летниковец го видел телото на […]

Пијан битолчанец нападнал лекар од Итната медицинска помош


Пијан битолчанец синоќа нападнал лекар од Итната медицинска помош кој сакал да му укаже лекарска помош. Триесет и четиригодишниот В.С. во алкохолизирана состојба бил паднат пред кафе бар на улицата „Васко Каранѓелевски“ по што интервенирала екипа од Итната медицинска помош. Кога му било кажано дека треба да го пренесат во Ургентниот центар за да му […]