Исчезнато е 11-годишно момче од Долнени


Синоќа во 20:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено исчезнување на 11-годишно момче од селото Десово, Општина Долнени. Како што информира Министерството за внатрешни работи, 34-годишниот А.У. пријавил дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од домот. Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на детето.

Хорор во Турција: Пронајдено телото на девојче по кое се трагаше 19 дена


Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, беше пронајдено во поток недалеку од селото во кое живееше, по 19 дена опсежна потрага. Телото на девојчето е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина, јавува Anadolu Agency, според првичните сознанија, девојчето било убиено, а телото било […]

Пронајдено е телото на исчезнатото 11-годишно девојче од Грција- вујко ѝ ја убил


Василики Николопулу (11), која исчезнала вчера вечер во 21 часот и 10 минути, била пронајдена мртва, избодена со нож во вратот, а роднината на девојчето наводно го признал делото. Девојчето исчезнало вчера вечер од месноста Миртија во Пиргос, а денеска била пронајдена во месноста Катарачи со убодни рани на вратот. 11-годишното девојче било пријавено за […]

Шести ден од потрагата по момче (6) со аутизам во Германија. Го бараат 800 луѓе


Во Германија продолжува потрагата по Аријан, шестгодишното момче со аутизам, кое исчезна во понеделникот во малото гратче Бремерворде, пишува Билд. Денеска, според германските медиуми, во потрагата по момчето се вклучени 800 припадници на итната помош, а семејството апелирало до жителите на околните градови. Тие бараат од нив да ги прегледаат нивните имоти, градини и летниковци, […]

Десетгодишно дете од Гостивар пријавено за исчезнато


Десетгодишно дете од Гостивар вчера е пријавено за исчезнато од страна на неговата мајка. Како што соопшти МВР, вчера во 21:30 часот во Полициска станица Гостивар, А.Д. (36) пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот десетгодишен син. Се превземаат мерки за пронаоѓање на детето.