Уапсен уште еден осомничен за нападот во Истанбул


Турските безбедносни сили во Сирија лишија од слобода уште еден осомничен за терористичкиот напад во Истанбул, при што беа убиени шест лица, јави турскиот телевизиски канал „А Хабер“. Според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ситуацијата во Истанбул се вратила во нормала по нападот. „Уште еден терорист, кој помогнал да се изврши нападот, е фатен во […]

Објавени видеа од апсењето на жената бомбаш во Истанбул


Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и е одведена во притвор. „Лицето кое го изврши нападот, сириската државјанка Ахлам Албашир, беше фатена жива. При сослушувањето, таа призна дека била обучена како специјален разузнавач од терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ […]

(Видео) Експлозија во зграда во Истанбул


Експлозијата се случила на третиот кат од трикатна станбена зграда во Истанбул, јавуваат турските медиуми. На местото на настанот пристигна гувернерот на градот Али Јерликаја. Според него, во експлозијата загинале три лица. A powerful explosion rocked the Kadikoy region on the Asian coast of Istanbul. #Istanbul #Turkey pic.twitter.com/qzTBMCp9Db — muhsin (@Io3iOn) October 9, 2022 Како […]

Истанбул се придружува на семејството „Мишелин гајд“


Турција– Истанбул, меѓу водечките светски центри за гастрономски туризам, на гостите им нуди древна прехранбена култура обликувана од уникатно културно наследство што се рефлектира во прекрасните ресторани во градот. Истанбул, глобална метропола која на посетителите им нуди можност да уживаат во традиционални јадења, како и во најдобрата интернационална кујна, е 38-та дестинација што е избрана […]

Експлозија во Истанбул, наредена евакуација


Најмалку три станбени згради се евакуирани откако утринава во 8:30 часот по локално време се слушнала експлозија во областа Бејоглу во Истанбул. Утврдено е дека експлозијата се случила под земја, поради што во воздух одлетал капак од шахта. Наводно дошло до спој на кабли. Густ чад се забележувал веднаш по експлозијата, а пожарникарите наредиле евакуација […]

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес


По испораките  во Египет, Франција, САД, Англија и Јужна Кореја, „Грин Машинс“ од Велес продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот во Турција. Овој пат и најголемиот град во Турција, Истанбул, грижата за одржувањето на хигиената на своите улици и плоштади им ја довери на возилата „Грин Машинс“ од Велес . И градоначалникот на […]

(Видео) Верижен судир во тунел во Турција меѓу 18 возила


Десетици автомобили, камиони и автобуси денеска учествуваа во голема верижна сообраќајна несреќа во тунел на автопат кај градот Болу во Турција, јавија локалните медиуми. Турските медиуми објавија снимка од надзорна камера во тунелот, на која е снимена несреќата. Повредени се најмалку 30 луѓе, а во сообраќајката учествувале 18 возила. Поради верижниот судир, со часови бил […]

Истанбул под снег – сообраќаен колапс во градот на Босфор


Снежни врнежи во саботата го погодија Истанбул, најнаселениот град во Турција, што го отежна сообраќајот во некои делови од градот, јавува Анадолија. Снежните врнежи кои со прекини траат од 9 март дополнително се интензивираа во саботата навечер. İtele be İstanbul.#imamoğluistifa pic.twitter.com/PPF9OJaW4K — medya adamı (@medyaadami) March 13, 2022 Сообраќајот е отежнат во многу области, вклучувајќи […]

Казна од над 450 илјади евра за одговорната компанија, откако снегот зароби возачи низ Истанбул


Турското Министерство за транспорт и инфраструктура изрече казна од над 450 илјади евра за компанијата одговорна за автопатот Северна Мармара. Причината е тоа што одредени делови од автопатот беа затворени за сообраќај 18 часа поради обилни снежни врнежи на 24 јануари. Компанијата им ја врати на возачите наплатената патарина, дознава агенцијата Анадолија. Во понеделникот, 24 […]

Со специјалци се смируваа патниците на аеродромот во Истанбул


Аеродромот во Истанбул полека почна да се враќа во функција откако два дена беше целосно затворен поради снегот што во огромни количества напаѓа во Турција и големата виулица.   Изграден да биде најмодерен и најпопуларен во целиот свет,  угледот на аеродромот гордост на Турција доживеа голем удар. По повеќе од 24 часови поминати на аеродромот […]

Македонија ќе биде претставена на Балканскиот филмски фестивал во Истанбул


Заменик-министерот за култура и туризам на Република Турција Ахмет Мисбах Демирџан и претставниците на Генералниот директорат за кинематографија на Република Турција одржаа низа средби во Северна Македонија во рамки на подготвителните активности за одржувањето на годинашното издание на Балканскиот филмски фестивал. Како што соопштија од Турската амбасада, како резултат на овие средби на кои присуствуваа […]

Студенти на Факултетот за туризам во Охрид освоија Гран при и пет медали на 18. Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул


Тимот студенти на насоката Гастрономија од Факултетот за туризам и угостителство-Охрид забележа голем успех на XVIII Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул, Република Турција освојувајќи Гран при награда и пет медали, од кои две златни, една сребрена и три бронзени медали во индивидуална категорија. Екипата студенти од ФТУ-Охрид, ја сочинуваа Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан […]

Запленет автобус со фалсификат документација кој се движел од Скопје кон Истанбул


Автобус за превоз на патници е запленет, откако бил фатен како со фалсификувана документација се движи од Скопје кон Истанбул. Настанот се случил попладнево, околу 17 часот. Полицајците се сомневаат дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија. „Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори […]

По низата поплаки од граѓани: Ќе се менува Законот за туристичка дејност


Министерството за економија подготвува измена на Законот за туристичка дејност бидејќи често се случува граѓаните да бидат измамени и да останат необештетени. Регулативата ќе предвидува и банкарска гаранција за агенциите кои ќе организираат патувања надвор од државата, односно агенциите кои добиле лиценца А-категорија. Ќе се зајакнуваат и условите за добивање на овој вид лиценца, а […]

(Видео) Новиот аеродром во Истанбул во функција од 6 април


Преселбата на најважната опрема од сегашниот меѓународен аеродром „Ататурк“ во новиот, меѓународниот аеродром „Истанбул“ ќе се случи на 5 и 6 април, по што новиот гигантски аеродром во Истанбул ќе влезе целосно во функција, јави турската државна телевизија ТРТ. Операцијата за преселба на опрема од над 47.000 тони ќе почне во 3 часот наутро на […]

Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 14


Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 14 жртви, откако денеска се најдени уште три тела, изјави турски официјелен претставник. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно изјави дека 14 лица се спасени од под урнатините на зградата во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул. – Тие кои […]

Девојче и момче спасени од под урнатините на зградата во Истанбул


Спасувачите денеска извлекоа петгодишно девојче и деветгодишно момче од под урнатините на осумкатницата која вчера се урна во Истанбул. Девојчето Хава Текгоз е спасено откако 18 часа помина под урнатините. Во текот на изминатата ноќ спасено е и едно деветогодично момче. Во несреќата загинаа најмалку три лица, а 13 луѓе се спасени. За сега не […]

Министерот за култура Адеми во Истанбул: Потврдена одличната културна соработка со Турција, Црна Гора и со Словенија


Mинистерот за култура Асаф Адеми денеска во рамките на Третата светска конференција за туризам и култура која се одржува во Истанбул, Турција, оствари билатерални работни средби со свои колеги од регионот, меѓу кои и со турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, со министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ, како и […]

Музејот на град Скопје со изложба во Истанбул


Музејот на град Скопје со изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци” од авторите Драгица Живкова и м-р Игор Кузманоски, и Климе Коробар како нејзин комесар, ќе се претстави вечер во културниот центар „Али Емири Ефенди” во Истанбул. Изложбата се состои од 33 паноа со фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период што се […]

(ФОТО) Во Истанбул отворен најголемиот аеродром во Европа


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган најави дека новиот истанбулски аеродром, кој денеска беше отворен по првата фаза на изградбата, целосно ќе биде готов до 2028 година. – Овој аеродром ќе продолжи да се шири во следните 10 години и до 2018 година ќе бидат готови сите четири фази на проектот и сите дополнителни  содржини, […]