Исланд би ги завршил преговорите со ЕУ за само година и пол


  Исланд би можел да ги заврши преговорите за пристапување со ЕУ во рок од „година и пол“ и да стане нејзина 28. земја-членка, изјави за „Политико“ министерката за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир. Исланд ќе одржи референдум на 29 август за тоа дали да ги продолжи прекинатите преговори за пристапување во ЕУ. Неодамнешната анкета […]

Европската унија итно добива нова членка? Се подготвува референдум на лето


  Сето ова се случува во време кога моментумот на проширувањето на Европската Унија добива на интензитет: Брисел работи на план што би можел да ѝ дозволи на Украина делумно членство уште следната година, додека Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје. Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи […]

Данска – Исланд и Хрватска – Германија во полуфиналето на ЕП во ракомет


Завршните натпревари од главната фаза во кои Данска вечерва ја совлада Норвешка со 38-24, а Шведска триумфираше над Швајцарија со 34-21 ги комплетираа полуфиналните двојки на Европското првенство во ракомет. Данска со вечерашниот триумф го освои првото место во групата 1 и во полуфиналето ќе игра против Исланд, како второпласирана репрезентација во групата 2, додека […]

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2


Со дуелот меѓу Хрватска и Исланд стартуваат дуелите од групата 2 од главната фаза. Овој натпревар покрај борбата за бодовите носи и друга димензија бидејќи на клупата на Хрватска (прв странски селектор) се наоѓа Исланѓанецот Дагур Сигурдсон. Почетокот на дуелот е во 15:30 часот. Во меѓусебен дуел по првите бодови во групата ќе „атакуваат“ Швајцарија […]

Температурата во Исланд достигна неверојатни 20 степени, ефектот на фен е „виновен“ за сè


  На Бадник, жителите на островската земја на северозападот од Европа доживеаја температури кои не се вообичаени таму дури ни во средината на летото. На север и исток од Исланд, под влијание на таканаречениот ефект на фен, попладневните максимуми се искачија над 15 °C, а на некои места се приближија до 20 степени. Метеоролошките станици […]

Клучен систем на океански струи би можел да се распадне. Исланд направи невиден потег


Oстровот Исланд  својата релативно блага клима ја должи на клучна мрежа од океански струи кои ја транспортираат топлината на север од Атлантикот. Без нив, островот би бил значително постуден и поизложен на бури. Соочена со сè поголеми докази дека системот би можел да се распадне, исландската влада презеде невиден чекор прогласувајќи го ризикот за закана […]

На Исланд за прв пат откриени комарци


Комарци се откриени во Исланд за прв пат досега, откако овој месец беа пронајдени три примероци во Ќос, рурална долина во близина на фјордот Хвалфјордур, објави Исландската национална радиодифузија. Откритието првично го објави ентузијастот за инсекти Бјорн Хјалтасон во Фејсбук групата Skordyr a Islandi (Инсекти во Исланд). Примероците потоа беа испратени во Исландскиот институт за […]

Четири земјотреси за еден час во Исланд


Четири слаби и мали земјотреси во рок од еден час денеска попладне се регистрирани на Исланд. Исландскиот Завод за геофизика соопшти дека епицентарот на првиот земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала бил на 79 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик на длабочина од 12 километри. Неколку минути по првиот земјотрес, […]

Ова е најдобрата земја за преселба


Новиот имиграциски индекс Ремитли оцени 82 различни земји, а за 2025 година, Исланд беше прогласен за најдобра земја за имиграција врз основа на 24 фактори кои тие ги анализираа. На врвот на листата како најдобра земја во светот за преселување во 2025 година е Исланд – остров во северноатлантскиот Океан кој освои 58,4 поени во […]

За прв пат во историјата Исланд ќе го водат две жени


Претседателката на Исланд денеска ја претстави новата влада предводена од лидерката на Социјалдемократската партија Криструн Фростадотир, која сака да ја намали инфлацијата и каматните стапки и да одржи референдум за членство во Европската унија до 2027 година, објави јавната телевизија РУВ. Левичарскиот Социјалдемократски сојуз предводен од Фростадотир освои најголем број гласови на предвремените избори на […]

Островската држава во Атлантикот би можела да стане нова членка на ЕУ. Денеска е клучен ден


Гласачите во Исланд денеска излегуваат на предвремени парламентарни избори, по кои земјата повторно би можела да одлучи за членство во Европската унија, што со години предизвикува големи поделби во јавноста. Прашањето за можно членство во ЕУ беше поставено во предизборната кампања за прв пат по повеќе од десет години, а анкетите покажуваат дека гласачите ги […]

Пократката работна недела на Исланд е „полн погодок“


Економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји откако воведе пократка работна недела низ целата земја без намалување на платите, покажа истражување објавено минатата недела. Помеѓу 2020 и 2022 година, 51 отсто од работниците во земјата ја прифатиле понудата да работат пократко, вклучително и четиридневна работна недела, открија два тинк-тенкови и додадоа дека денес веројатно […]

Голем експеримент во Исланд. Воведоа четиридневна работна недела, ги објавија резултатите


Економијата на Исланд расте побрзо од повеќето европски земји по воведувањето на пократка работна недела без намалување на платите, покажаа резултатите од истражувањето објавени во петокот. Според CNN, помеѓу 2020 и 2022 година, 51% од работниците во земјата се согласиле да учествуваат во експеримент во кој работеле четири дена во неделата за иста плата. Минатата […]

Се урна ледена пештера на Исланд, двајца исчезнати и двајца повредени


 Две лица се повредени, а уште две се водат како исчезнати откако вчера се урна ледена пештера во југоисточниот дел на Исланд, јави ДПА. Група од 25 туристи била во посета на глечерот Брејдамеркурјокул како дел од тура со водич кога пештерата се урнала. Според локалните медиуми, распоредени биле десетици спасувачи, вклучително и специјализирани спасувачи […]

Фонтани од вжештена лава течат надвор од одбранбените ѕидови на Гриндавик


Вулкан во југозападен Исланд еруптираше во средата по петти пат од декември, исфрлајќи огромни текови лава кои се закануваат да го отсечат градот Гриндавик и поттикна евакуација на светски познатата Сина лагуна. Драматично видео и слики од местото на настанот покажуваат фонтани од вжештена лава како пука во воздух покрај пукнатина долга 3,4 километри во […]

(Видео) Повторно еруптираше вулкан на Исланд. Прогласена вонредна состојба


На југозападниот дел на Исланд, повторно еруптираше вулкан, поради што властите го евакуираа познатиот геотермален спа центар Blue Lagoon, познат по топлата вода со прекрасна сина боја и малиот рибарски град Гриндавик. Ова е петта ерупција во областа од декември. Исландската метеоролошка служба (ИМО) наведува дека новата пукнатина од која избива лавата е долга повеќе […]

Нова вулканска ерупција на Исланд


Новата вулканска ерупција, која започна утринава на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, е трета во регионот од 18 декември. Телевизиските снимки покажуваат како жешка лава еруптира со обрачи чад што се издигнуваат од пукнатината. 🚨❗️❗️ A new eruption has started in #Iceland…. It started northeast of Sýlingarfell on the Reykjanes Peninsula just after 6 am, […]

Вулканската лава уништи дестици згради во исландскиот град Гриндавик


Вулканската ерупција и лавата што поплави делови од југозападен Исланд уништи десетици згради во малиот рибарски град Гриндавик, пренесува ДПА. Директорката на Исландската осигурителна компанија за природни катастрофи, Хулда Рагнхеидур Арнадотир, изјави дека досега се добиени повеќе од 400 барања за отштета од жители на Гриндавик. Градот со околу 3.700 жители почна да се евакуира […]

Вулканот во Исланд е помалку активен, но магма сè уште тече


Вулканот што вчера еруптираше во југозападен Исланд по втор пат за помалку од еден месец денеска е значително помалку активен и покрај индициите дека магма сè уште тече под земја. Растопената лава вчера околу пладне стигна до периферијата на рибарското село Гриндавик и запали три куќи. Гратчето беше евакуирано претходно и немало никаква опасност за […]

Намалена вулканската активност на Исланд


 Вулканската активност на Исланд е намалена, соопшти денеска тамошната метеоролошка служба, но и предупреди дека наскоро може да се очекуваат нови ерупции. Ерупцијата на полуостровот Рејкјанес се случи по неколкунеделни интензивни земјотреси. Околу 4.000 луѓе беа евакуирани минатиот месец од Гриндавик, рибарскиот град кој беше најзагрозен, јави Би-Би-Си. Нема информации за повредени, но се стравува […]