Инфлацијата во август во однос на јули 0,5 отсто, најмногу поради храната и безалкохолните пијалаци


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август во однос на јули годинава изнесува 0,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).  Цените на мало во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,5 проценти. Трошоците на животот во август годинава, во однос на август минатата година, бележат зголемување од […]

Германската инфлација падна на најниско ниво за повеќе од три години


Германската инфлација во август падна на најниско ниво за повеќе од три години, потврди втората процена во вторникот, олеснувајќи го намалувањето на каматните стапки на Европската централна банка оваа недела. Инфлацијата падна на 2,0 отсто во август, што е најниско ниво од јуни 2021 година, благодарение на пониските цени на енергијата. Германските потрошувачки цени, приспособени […]

Првпат во последните три години инфлацијата во Франција е под два отсто


За првпат во последните три години инфлацијата во Франција во август беше под два отсто, соопшти денеска Националниот институт за статистика и економски студии. Францускиот индекс на потрошувачки цени во август се зголеми за 1,9 отсто на годишно ниво, што го доведе индикаторот под симболичните два отсто инфлација, прв пат од август 2021 година. Откако […]

Мицкоски: Инфлацијата се смирува и е на ниво од 3 отсто, да се намалат цените на производите


Нивото на инфлацијата во последните месец-два се смирува и е на ниво на 3 проценти, изјави денеска во Македонска Каменица, премиерот Христијан Мицкоски. -Сепак треба да биде уште пониско. Јас би сакал да имаме дефлација, наместо да имаме инфлација, но за жал од она високо ниво двоцифрени бројки 15,16, 17 отсто, овие два месеци успеавме […]

ЕЦБ: Потрошувачите во еврозоната очекуваат повисока инфлација во следните три години


Потрошувачите во еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните три години да биде 2,4 отсто, додека во истражувањето во јуни процентот изнесуваше 2,3, се наведува во заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јули. Инфлациските очекувања за следните 12 месеци се непроменети бидејќи потрошувачите очекуваат инфлација од 2,8 отсто, исто како и во јуни. […]

Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната во јули е потврдена на 2,6 отсто


Годишната стапка на инфлација во еврозоната се зголеми во јули од јунските 2,5 на 2,6 отсто, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денеска Евростат. Во јули цените на енергенсите се зголемија за 1,2 отсто на годишно ниво, со значително забрзување во однос на јунските 0,2 отсто, а индустриските производи за 0,7 отсто, со исто […]

Инфлацијата во Србија во јули порасна на 4,3 отсто


Инфлацијата на годишно ниво во јули, според податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС) изнесува 4,3 отсто, што е во согласност со проекциите на Народната банка на Србија (НБС) објавени од централната банка. Како што се наведува, месечната инфлација во Србија во јули изнесувала 0,4 отсто, што е еднакво на просечното месечно остварување од почетокот […]

Годишната стапка на инфлацијата во САД се намали на 2,9 отсто во јули, и е најниска од 2021 година


Годишната стапка на инфлацијата во САД во јули се намали четврти месец по ред, овој пат од три отсто во јуни на 2,9 отсто и сега е најниска од 2021 година, објави денеска Американското биро за статистика на трудот. Експертите очекуваа инфлацијата да остане непроменета на три проценти во јули. Транспортот во САД порасна за […]

Расте инфлацијата во Италија


Во јули, алкохолните пијалоци и тутунот во Италија поскапеле за 2,4 отсто на годишно ниво, облеката и обувките поскапеле за 1,1 отсто, услугите во областа на рекреацијата и културата за 2 отсто, услугите во рестораните и хотелите за 4,3 проценти, што во сите наведени случаи претставува забрзување во однос на јунскиот годишен раст на цените. […]

Инфлацијата во јули на годишно ниво беше 3,0 отсто, но во однос на јуни годинава се зголеми за 0,7 отсто


Инфлацијата во земјава, мерена преку порастот на трошоците на живот во јули годинава во однос на истиот месец лани изнесуваше три отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Она што загрижува е месечниот пораст на инфлацијата, односно на трошоците на живот во однос на јуни годинава, кои се поголеми за 0,7 отсто. Најмногу за […]

Инфлацијата во Турција се намали за десет процентни поени, сега е 61,78 отсто


Во јули годишната стапка на инфлација во Турција се намали од 71,6 отсто во јуни на 61,78 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат. Ова е втор пад на годишната инфлација во Турција по седум последователни месеци раст, а инфлацијата во таа земја сега е најниска од октомври 2023 година. Цените на храната и […]

„Стандард и Пурс“: Инфлацијата забавува, девизните резерви и натаму растат, а банкарскиот систем е стабилен


Инфлацијата и натаму се приспособува и забавува, сведувајќи се до 3,2 отсто во јуни 2024 година, што е одраз на соодветната монетарна политика што ја спроведува Народната банка и ублажувањето на увозните ценовни притисоци. Девизните резерви и натаму растат, достигнувајќи ниво од 4,3 милијарди евра. Банкарскиот сектор е стабилен и профитабилен, со ниско ниво на […]

Дури 39 отсто од Американците се загрижени дека не можат да ги платат сметките


Многу Американци се загрижени дека нема да можат да врзат крај со крај. Речиси четири од десет (39%) од возрасните во САД велат дека најчесто или цело време се загрижени дека приходот на нивното семејство нема да биде доволен за да ги покрие трошоците, според новата анкета на Си-Ен-Ен. Тоа е повеќе од 28% кои […]

Инфлацијата во еврозоната во јуни се намали на 2,5 отсто


Вкупната инфлација во еврозоната во јуни падна на 2,5 отсто, објави во вторникот статистичката агенција на Европската унија, во согласност со очекувањата на аналитичарите. Базичната инфлација, без нестабилните ефекти на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се задржа на 2,9% од претходниот месец, што е малку над прогнозите на аналитичарите од 2,8%. Вкупната инфлација во еврозоната […]

„Фајнанс тинк“: БДП во првиот квартал се зголеми за 1,2 отсто, до крајот на годинава растот ќе биде 2,7 отсто


Во првиот квартал од 2024, БДП се зголеми за 1,2 отсто на годишна основа, задржувајќи ја потиснатата економска динамика од 2023, оценува институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк (Finance Think) во најновиот Макроекономски монитор. До крајот на годинава, од Фајнанс тинк останува на претходните проекции за раст на БДП во 2024 од 2,7 […]

Субвенционираниот студентски оброк го „јаде“ инфлацијата, студентите бараат промени


Финансиска поддршка од 140 денари дневно или 840 денари неделно добиваат студентите како субвенциониран студентски оброк што можат да ги искористат од понеделник до сабота. Мерката е наменета како поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите и за неа се одвојуваат средства од Буџетот на државата. Студентите генерално се задоволни од […]

Инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек од 2 проценти: НБ ги претстави најновите проекции пред дипломатите


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој […]

Инфлација во Аргентина достигна околу 290 отсто


Цените во Аргентина пораснаа толку драматично во последните месеци што владата на претседателот Хавиер Милеи беше принудена петкратно да го зголеми износот на најголемата аргентинска банкнота, и таа сега изнесува 10.000 пезоси, што е приближно десет американски долари. Централната банка во вчерашното соопштение вети дека ќе им го олесни товарот на многу Аргентинци, буквално, кои […]

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни […]

Годишната стапка на инфлација во ЕУ во март се намали на 2,6 отсто, лани била 8,3 отсто


Годишната стапка на инфлација во Еврозоната во март годинава изнесуваше 2,4 отсто, што претставува намалување за 0,2 процентни поени во однос на претходниот месец, кога таа изнесуваше 2,6 проценти. И на ниво на цела ЕУ, годишната стапка на инфлација минатиот месец се намали за 0,2 процентни поени на 2,6 отсто од 2,8 проценти колку што […]