Интер ја обезбеди шампионската титула во Серија А три кола пред крајот


Екипата на Интер ја освои титулата во италијанското првенство откако синоќа во дуелот од 35.коло на домашен терен ја совладаа Парма со 2:0. На тој начин стигнаа имаат 12 бода повеќе од второпласираниот Наполи на три кола до крајот на шампионатот. Водечкиот гол за Интер во 45+1.минута го постигна Маркус Турам на асистенција на Пјотр […]

Интер ја прекина серијата од три натпревари без победа


Интер синоќа на свој терен ја победи Рома со 5:2 дома во натпревар од 31. коло на италијанската Серија А. Лаутаро Мартинез постигна два гола за домаќините (1. и 52. минута). Хакан Чалханоглу (45.+ 2.), Маркус Турам (55.) и Николо Барела (63.) постигнаа по еден гол. За гостите од Рим погодија Џанлука Манчини (40. минута) […]

Норвешки Бодо/Глимт направи сензација и го елиминира Интер од Лигата на шампионите


Фудбалерите на Бодо/Глимт направија големо изненадување во осминафиналето на Лигата на шампионите. Норвежаните го демолираа Интер Милан, актуелниот европски вицешампион, победувајќи со вкупен резултат 5-2 во двата натпревари. Овој вторник, Интер го премести натпреварот во противничкиот шеснаесетник од самиот почеток и го бркаше норвешкиот тим во текот на целото прво полувреме. Давиде Фратеси, Маркус Турам […]

Интер ја победи Аталанта и се искачи на првото место во Серија А


Интер ја победи Аталанта со 1:0 синоќа на гостински терен во натпревар од 17. коло од италијанското фудбалско првенство. Аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез го постигна единствениот гол во 65. минута.  Во 35. минута, голот на напаѓачот на Интер, Маркус Турам, беше поништен поради офсајд по преглед на ВАР. По овој натпревар заврши серијата од три […]

Интер руши рекорд: Оствари најголем приход во историјата на италијанскиот фудбал


Европскиот вицешампион, Интер, го руши рекордот за приходи остварени во една сезона во историјата на италијанскиот фудбал. Тимот од Милано оствари рекордни 567 милиони евра во изминатата финансиска година. За потсетување, претходниот рекорд го држеше Јувентус, кој во 2018 година имаше приходи од 464 милиони евра. Вреди да се напомене дека ова беше и првата […]

Фудбалска драма: Интер избори финале во ЛШ во невиден спектакл против Барселона (видео)


Првиот финалист на Лигата на шампионите оваа сезона е Интер, кој во спектакуларен реванш ја победи Барселона со 4:3 по продолженија и се пласираше понатаму со вкупен резултат од 7:6. Интер водеше со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез (21) и Хакан Чалханоглу (45-11м), но Барселона го сврти резултатот во второто полувреме со головите на […]

ЛШ: Арсенал го декласираше Реал, Интер победи во Минхен


 Арсенал убедливо го совлада вечерва Реал Мадрид на домашен терен со 3-0 (0-0), додека Интер извојува гостинска победа над минхенски Баерн со 2-1 (1-0), во првите четвртфинални натпревари во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ). Арсенал пред своите гледачи во Лондон стекна убедлива предност пред реваншот преку двојниот стрелец Деклан Рајс, и двата од слободни удари […]

Интер го освои италијанскиот Суперкуп трет пат по ред


Интер го освои италијанскиот Суперкуп трета година во низа. Во финалето на турнирот, „нероаѕурите“ синоќа во Ријад, го победија Наполи со 1:0. Стрелец на голот беше Лаутаро Мартинез во судиското надополнување во второто полувреме. Интер го освои италијанскиот Суперкуп трет пат по ред, подвиг што претходно го постигна само Милан помеѓу 1992 и 1994 година. […]

Само Манчестер сити и Интер ги добија сите натпревари во топ 5 лигите


 По поразот (1:3) на Реал Мадрид синоќа од градскиот ривал Атлетико, останаа само два клуба кои не загубија бодови во тековната сезона на петте најсилни лиги во Европа. Во англиската Премиер лига Манчестер сити има шест победи и максимални 18 бодови, додека во италијанската Серија А, Интер има 15 бодови од пет натпревари во Серија […]

Два гола за три минути: Интер со една нога во финалето на ЛШ по победата над Милан


Интер вечерва како гостин го победи Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со 2.0. Едик Џеко го отвори резултатот во 8. минута, а три минути подоцна Хенрих Мхитарјан го удвои водството на „нероаѕурите“. Реваншот ќе се игра на 16 мај. На првиот натпревар во другата полуфинална пресметка, Реал Мадрид и Манчестер сити […]

Интер прв пат загуби три последователни средби на домашен терен во Серија А


 Поранешниот италијански шампион, Интер синоќа загуби на домашен терен од Монца (0:1) во 30. коло од  Серија А. Претходно во првенството, миланезите загубија на домашен терен од Јувентус и од Фиорентина  со ист резултат. Така Интер за првпат во историјата доживеа три последователни порази со „сува мрежс“ дома во Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги моментално […]

Нападот на Барса против најсилната европска одбрана


Лео Меси во понеделникот започна со тренинзи по еднонеделната пауза поради повредата на мечот со Вилјареал, но и натаму е неизвесен за вечерашниот меч од Лигата на шампионите против Интер. Екипата од Милано доаѓа на „Ноу Камп“ со епитетот „тим со најдобра одбрана во фудбалска Европа“, имајќи предвид дека сезонава примија само три гола во […]

Суспендиран судијата кој досуди непостоечки пенал против Интер


Италијанската фудбалска федерација го суспендира судијата Росарио Абисо поради контроверзната одлука во натпреварот од 25. коло во Серија А меѓу Фјорентина и Интер. Абисо им додели пенал на фудбалерите на Фјорентина во 96.минута од средбата, за наводното играње со раката на Данило Д’Амброзио во својот шеснаесетник . По петминутна пауза и прегледување на ВАР снимката […]

Наинголан казнет поради успивање


Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер го казни својот играч Раџа Наинголан поради неоправдано пропуштен тренинг. Белгискиот фудбалер не дошол на утринскиот тренинг поради успивање. Фудбалски клуб Интер објави дека Раџа Наингголан е суспендиран од фудбалска активност заради кршење на дисциплината, соопштил извор близок до клубот. Така, 30-годишниот играч нема да игра на следниот домашен натпревар со […]

Интер сакаше да го земе Модриќ без пари


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека од Интер сакале да го земат Лука Модриќ без пари. – Никогаш порано не сум видел тим да сака да го купи нашиот број 10 без да ни плати. Ова ми се случува првпат во животот, прокоментира Перез во интервју за радио „Кадена Копе“. Перез обвини дека […]

Модриќ призна дека сам се понудил на Интер


Тензиите меѓу Интер и Реал Мадрид околу нереализираниот трансфер на Лука Модриќ би требало да се намали драстично по последните признанија на хрватскиот фудбалер. Тој споделил пред раководството на „белите“, дека сам се понудил на „нероазурите“, а тие не направиле прелиминарен контакт со него, објавија шпанските медиуми. Реал му се закануваше на италијанскиот клуб со […]

Интер ќе и нанесе втор удар на Рома


Интер е подготвен да привлече уште еден играч на Рома во тековниот трансфер период. По официјалното претставување на Раџа Наинголан во дресот на „неро-азурите“, сега и Алесандро Флоренци може да го смени Рим со Милано. Италијанскиот репрезентативец не може да најде заеднички јазик со клупското раководството на „волчицата“ за нов договор, па од оваа ситуација […]

Мауро Икарди останува во Интер


Капитенот на Интер Мауро Икарди ќе остане во миланскиот клуб и следната сезона, соопшти потпретседателот на клубот, Хавиер Занети. Претходно се појавија гласини дека за 25-годишниот фудбалер се заинтересирани Јувентус, Реал Мадрид и Челзи, но ниту еден од овие клубови не беше подготвен да даде 110 милиони евра, колку што изнесува неговата излезна клаузула. – […]

Интер го одалечи Милан од Лигата на шампионите


Милан речиси сигурно нема да може да се врати во Лигата на шампионите во текот на летото. „Росонерите“ одиграа 0:0 со Интер во реприза на „Дерби дела Мадонина“ од 27-то коло од Серија А. Ремито ги остави „црвено-црните“ на осум поени од нивниот вечен ривал, кој го зазема последното четврто место, кое носи пласман во […]

Кинезите го продаваат Интер


Кинеските сопственици на еден од најголемите италијански фудбалски клубови, решија да го продадат Интер, објавија медиумите на Апенинскиот Полуостров. Сумата која ја бара кинескиот трговски гигант Сунинг е 600 милиони евра, но засега нема заинтересирана страна која би издвоила толку пари за „нероазурите“. Барањата за финансиски фер-плеј и не-учеството на Интер на европските турнири оваа […]