Помош од вселената: Научниците развиваат „интернет за животни“


Со децении, научниците ги следат и набљудуваат животните во дивината на различни начини. Некои едноставно ги проучуваат од безбедно растојание, други ги следат користејќи уреди прикачени на нивните тела, други користат хеликоптери и дронови, а трети користат сателити Благодарение на новиот сателитски систем, наречен Икарус, научниците сега можат да го следат однесувањето на животните во […]

Иран делумно го ослободи пристапот до Интернет, дозволени телефонски разговори со странство


Властите во Иран делумно го ослободија пристапот до Интернет и повторно дозволија телефонски разговори со странство, по речиси 50-дневни ограничувања воведени по почетокот на конфликтот со САД и Израел. Според информациите од Техеран, повторно се дозволени меѓународни повици преку фиксна телефонија, додека повиците преку мобилни телефони остануваат блокирани. Дел од онлајн-услугите, вклучително и оние на […]

Путин воведува „дигитален Гулаг“ во Русија


  Рускиот режим го зема примерот на Иран и Кина во својата кампања за интензивирање на блокирањето и исклучувањата на интернет ресурсите, што влијаеше на десетици региони и поголеми градови, вклучувајќи ја и Москва, објавува Ројтерс, повикувајќи се на два извори запознаени со ситуацијата. Според соговорниците на агенцијата, Москва го проучила искуството на Кина, која […]

Македонците секојдневно активни на интернет за социјални медиуми, но не и за онлајн купување, е-банкарство и плаќање


Според податоците презентирани во Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година изработен од Асоцијацијата за е-трговија, користењето на интернетот во Македонија бележи силен и забрзан раст, односно во 2024 година, дури 91,1% од граѓаните користеле интернет во последните три месеци, што претставува највисок раст во регионот (+6,8 процентни поени) и ја позиционира Македонија веднаш […]

Дали прекините на интернетот навистина стануваат сè почести и зошто?


Дали во последно време имате проблеми со пристапот до вашите омилени веб-страници? Не сте сами. Интернет гигантот Cloudflare вчера претрпе прекин на системот што привремено ги прекина голем број популарни услуги – од Spotify до ChatGPT, па дури и социјалната мрежа Truth Social на Доналд Трамп. Ова е само најновиот во низата големи прекини на […]

Половина од светот остана без интернет


AWS на Amazon и Azure на Microsoft, два од најголемите светски даватели на услуги во cloud, беа погодени од прекини во исто време, што предизвика широко распространети прекини во интернетот во голем број од најголемите светски компании. Според Downdetector, проблемите започнаа околу 11:30 часот по источно време, кога имаше пораст во извештаите за корисници кои […]

Интернет користат 92,1 отсто од граѓаните во земјава


 Во првото тримесечје од 2025 година, 92.1 % од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, а 91.2 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, објави Државниот завод за статистика.  Во истото тримесечје, 79.1 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет […]

Русија во дигитален мрак, се почесто и се подолго Кремљ го блокира интернетот


Во Ростовскиот регион во западна Русија, Татјана повторно го зема телефонот со слаба надеж дека ќе може да стапи во контакт со своите пријатели или семејство. Поминаа денови откако таа не можеше да се поврзе на интернет, да отвори мапа, да ја префрли платата или да користи која било друга од нејзините безбројни апликации.Постои добра […]

Русија го ограничува слободниот пристап до интернет, блокирани речиси 56.000 веб-страници


Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор неодамна го блокираше пристапот до речиси 56.000 веб-страници кои одбија да отстранат онлајн содржина што Москва ја смета за „екстремистичка“, објави ДПА, повикувајќи се на вчерашната изјава на министерот за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми Максут Шадаев. Во исто време, […]

Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет


Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации. Анкетата е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од […]

Пристап до мобилен интернет имаат 1,7 милиони претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути


Вкупниот број на активни претплатници во мобилна телефонија заклучно со третиот квартал 2024 година достигна 2.095.819 и бележи раст за 9,7 проценти во однос на претходниот квартал, а за 1,05 проценти споредено со третиот квартал минатата година.  Според денеска објавениот Извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во третиот квартал 2024 година, пристап до интернет со […]

Македонски парадокс – имаме најбрз пристап до интернет, а институциите недоволно дигитализирани


Државата се соочува со два парадокса да има голема покриеност со интернет и најбрз пристап, а во исто време недоволна дигитализација на институциите. Потребни се зголемени инвестиции во дигиталната инфраструктура на институциите и систематски пристап кон целосна дигитализација на општеството, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. -Во Македонија постојат два парадокси. Едниот е дека […]

Македонија има најбрз интернет во регионот


 Северна Македонија има најбрз интернет во регионот, а е меѓу подобро рангираните земји и во Европа, покажува истражувањето на Cable.co.uk, што го објави статистичкиот портал „Ландгеист“. Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и […]

ЕК бара начини за спречување на дезинформациите, поголема заштита на малолетниците и помало влијание на славните на интернет


 Европската комисија се залага за подобрување на алатките поврзани со спроведувањето на Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), пред се во делот на ограничување на ширењето дезинформации, заштита на малолетници од насилство и несоодветни содржини и регулирање на влијанието на познатите личности на социјалните мрежи и веб страниците.  Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржини […]

Истражување: Средношколци не знаат алатки за проверка на потекло на фотографии на интернет


Учениците не знаат алатки за проверка на потекло на фотографии на интернет, покажува истражувањето на медиумска писменост кај учениците во прва и втора година средно образование, што беше презентирано денеска во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). На прашањето колку често ги правиш следниве активности на социјалните мрежи секој ден, 83 […]

Една третина од децата и младите доживеале булинг преку интернет


На овогодинешниот меѓународен ден за побезбеден интернет што се одбележува како глобална иницијатива за промовирање побезбеден и подобар интернет за сите корисници, особено за децата и младите, УНИЦЕФ ги повикува сите чинители да ги зголемат напорите за заштита на децата од растечките ризици на интернет. Повеќе од 400 деца и млади од Северна Македонија учествуваа […]

Ќе градат кабелски систем под Јадранското Море


Италијанската комуникациска компанија Sparkle го започна проектот GreenMed за развој на нов подморски кабелски систем преку Јадранското Море. GreenMed ќе воспостави коридор за оптичка инфраструктура, поттикнувајќи ја поврзаноста низ Централна Европа, Балканот и земјите од Централниот и Источниот Медитеран. Почнувајќи од италијанското јадранско крајбрежје, по копно ќе оди до Милано, а потоа до другите големи […]

За посигурно купување преку Интернет: АЕТМ објави регистри на регистрирани и верификувани е-трговци во Македонија


Македонската асоцијација за е-трговија – АЕТМ лансираше нова веб-платформа на која јавно е достапна унапредена верзија од бесплатниот Регистар на сите регистрирани е-трговци во нашата земја, кои имаат правно активен статус и кои нудат е-плаќање за своите производи или услуги, преку една од петте банки во нашата земја кои овозможуваат имплементација на виртуелен ПОС терминал. […]

Безбеден интернет добиваат 40 основни училишта


Четириесет основни училишта во државата добиваат современа опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси. Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светската банка. Во училиштата се поставуваат безжични пристапни точки преку кои ќе се овозможи интернет пристап […]

Оштетени магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации


Македонски Телеком соопшти дека изутрината биле оштетени главни магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај. Штетата е направена од градежни работи на трети страни, што предизвика пречки во услугите кај поголем број корисници. – Поради ова, Македонски Телеком ќе ги преземе […]