Во Институтот за јавно здравје некој намерно ја исклучил струјата за реагенсите


  Вчера околу 17 часот во СВР Скопје од Институт за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14,30 до 16 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести, соопшти МВР. „Излезено е на местото на настанот од полициски […]

Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19


Продолжува намалувњето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од КОВИд-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 март до 3 април 2022 година. Тестирани се 14.873 материјали, а регистрирани сe 1.602 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, што е намалување од 5,4% во однос на претходната седмица. […]

Годинава над 60 отсто повеќе заразени со корона во споредба со лани


Во 2020 се регистрирани 83.734 случаи на САРС-КоВ-2, од нив 2.904 се починати (3,47 отсто), а во 2021, заклучно со 7 декември, регистрирани се 134.460 заболени, а од нив 4.784 се починати (3,56 отсто)   Во претходното деноноќие беа регистрирани 82 случаи од направени 1.211 тестирања или 6,7 отсто, што е значителен пад на новозаразени […]

Изворот на заразата не е утврден по смртта на двегодишното дете во Прилеп


Ниту кај родителит ниту кај луѓето што имале близок контакт со двегодишното детенце кое почина во петокот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби не се најдени бацилоносители на менингококна бактерија. Епидемиологот д-р Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје додава дека и дополнителните анализи од земените материјали од крвта и ликворот на детето, […]

Поради жештините да не се седи долго време на отворено


Да не се спортува, ниту да се работи тешка физичка работа на отворено, во периодот од 10 до 17 часот. Во најтоплиот период од денот да се консумира голема количина течност, да се внесува помало количество храна која не содржи многу маснотии и шеќер, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност […]

Eпидемија на мали сипаници во Дебарско


Епидемија на мали сипаници има на подрачјето на ПЕ Дебар, каде се регистрирани 17 случаи, објави на својата веб страница Институтот за јавно здравје. Сите заболени во епидемијата се во меѓусебна епидемиолошка врска и сите се жители на Дебар, со исклучок на една жена која е жител на Охрид, но секојдневно патува во Дебар каде што работи. […]

Засега нема одговорност за трошењата во Институтот за јавно здравје


Министерот за здравство Венко Филипче побара време за детално да го разгледа извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на Институтот за јавно здравје во 2016 година, во кој ревизорите нотираат скандалозно трошење на парите во оваа институција. И од Јавното обвинителство засега нема одговор дали има основа да се покрене постапка по допрен […]

Малите сипаници од Косово oдат кон Македонија


Расте бројот на заболени од морбили (мали сипаници) во Македонија, покажуваат последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Епидемијата, која во октомври почна од Косово, продолжи во Србија и во Црна Гора, со што во регионот има околу 5.000 заболени од оваа заразна болест и десетици смртни случаи. Во последните три месеци кај нас […]

Вкупно 11 лица заболеа од мали сипаници за само три месеци


За три месеци во Македонија регистрирани се 11 случаи на мали сипаници. Осум од заболените лица живеат во Скопје, а по еден во Куманово, Тетово и во Охрид, информираа од Институтот за јавно здравје. За споредба, минатата година биле регистрирани вкупно 19 случаи. И тогаш, најголем дел од нив (16) биле во Скопје. Според податоците […]

Јадеме двапати повеќе сол од дозволеното


Mакедонците просечно консумираат по 11,5 грама сол на ден, што е двапати повеќе од препораките на Светската здравствена организација (СЗО), покажало истражувањето на Институтот за јавно здравје. Оттаму повикуваат да се утврди максимално дозволена количина на сол во лебот бидејќи тој е клучен извор на сол во исхраната, поради честотата со која го јадеме. – […]

Намален е бројот на заболени од грип


Постепено се намалува бројот на заболени од грип во државава. Изминатата недела биле регистрирани 1.980 заболени, што е намалување за 32 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.781 заболен, се наведува во последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во однос на десеттата недела од минатата сезона која се карактеризираше со ран […]

Се намалува бројот на заболени од грип


Во текот на на изминатата недела (од 26 февруари до 4 март) во Република Македонија се регистрирани 2.781 заболен од грип, што е намалување за 35 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 4.258 заболени лица, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. Во однос […]

Повеќе од 4.000 лица заболеа од грип за една недела


Вкупно се 4.258 лица заболеа од грип за една недела, во периодот од 19 февруари до 25 февруари, објави Институтот за јавно здравје. Тоа е зголемување за 14 отсто во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 3.728 заболени лица. Во споредба со истиот период лани, годинава бројот на заболени во оваа, осма недела од […]

За една недела од грип заболеа 3.728 лица


Вкупно 3.728 лица заболеа од грип во минатата недела, односно во периодот од 12 февруари до 18 февруари. Тоа е зголемување за 26 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.964 заболени, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Бројот на регистрирани случаи е повеќекратно повисок споредено со седмата недела од […]

Само во Берово, Пехчево и во Крива Паланка нема грип


Во четири града во државата нема ниту еден заболен од грип, наспроти сите останати каде што бројот на „грипосани“ се удвои за само една недела, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Болни нема во Берово, Пехчево, Крива Паланка и во Валандово. Од друга страна се Дебар, Кратово, Ресен, Кавадарци и Македонски Брод, каде […]

Во Македонија од рак годишно умираат по околу 4.000 луѓе


Мажите најчести жртви на најлошата болест, малигната неоплазма. Од рак во Македонија во 2016 година починале 3.882 лица, а стапката на морталитет се движи од 183.3 на 100.000 население во 2010 година до 187.3 во 2016 година. Најмногу од заболените се од карцином на бронх и бели дробови, а скопскиот регион предничи со абнормални заболувања. […]

Уште едно дете заболе од морбили


Трет случај на морбили е регистриран во Македонија, потврди д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје. Претходно, заболеа шестмесечно бебе и возрасен маж. Последниот случај е 5 -годишно дете кое било во роднинска врска со претходно заболените. Доктор Караџовски апелира децата заразени од грип да останат дома, училниците да се проветруваат, да се внесуваат […]

Над 1.000 лица се разболеа од грип за една недела


Вкупно 1.085 граѓани заболеле од грип во последната недела од јануари, што е 70 отсто повеќе од новозаболените регистрирани една недела претходно. Тогаш беа регистрирани 637 нозаболени лица. Најмногу болни од грип има во Гостивар, објави Институтот за јавно здравје. Зад него е Тетово. Вкупниот број на заболени досега е 3.478 лица. Тоа е речиси […]

Морбилите се шират оти има невакцинирани деца


Шестмесечно бебе и 40-годишен маж се двата нови случаи на морбили (мали сипаници). Бебето не е вакцинирано бидејќи уште е мало, а мажот примил само една доза од вакцината против морбили, соопшти вчера Министерството за здравство. Морбилите три месеци „хараат“ низ соседна Србија, каде што има и смртни случаи. Од друга страна, со почетокот на […]

Шестмесечно бебе заболе од морбили


Два нови случаи на морбили регистрираше Институтот за јавно здравје. Едниот е дете на шестмесечна возраст, кое заради возраста сѐ уште не е вакцинирано (не подлежи на вакцинација) и е во добра општа состојба. Вториот случај е маж на 40-годишна возраст (вакциниран со една доза на вакцина), кој бил само амбулантски прегледан и пуштен на […]