Недостигаат околу 40 инспектори за секоја општина да може да постапува соодветно


За исполнување на минималните услови за секоја општина да може да постапува соодветно потребно е да се вработат уште околу 40 инспектори низ општините, изјави денеска претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски. Контроли, нагласи Ѓорѓиевски, мора да се направат секаде и тука сите општини ќе си помогнат меѓусебно, а во […]

ОЈО Скопје ги истера инспекторите на терен – вонредно ги проверуваат загадувачите на воздухот во главниот град


Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори од општините на Град Скопје и Градот Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на главнот град. […]

Нападнати инспектори од Град Скопје, Арсовска објави фотографија од напаѓачите


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави дека МВР не постапува по пријава за напад на инспектори кои работат во градската администрација. Според градоначалничката, напаѓачите се уште се на слобода. Оттаму таа побара од граѓаните на Скопје да го пријават настанот. „Добар ден Министерство за внатрешни работи, би сакале да Ве информираме дека лицата кои […]

Ниту еден инспектор, од 988, нема земено плата за декември


Во период од годината кога се апелира државните инспектори да бидат на терен и да го контролираат загадувањето, кога поради воведената новогодишна кошничка, се бараше инспекторите да се по продавници и да се проверува дали се спроведува мерката, овие луѓе немаат земено плата за декември, укажа денеска претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски. – Во овој […]

Владата го задолжи Инспекцискиот совет итно да го реши статусот на општинските даночни инспектори


 Владата на денешната седница го задолжи Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија итно да преземе мерки за решавање на статусот на општинските даночни инспектори преку издавање лиценци за работа, согласно Законот за инспекциски надзор, со што ќе се реши долгогодишниот проблем кој датира од 2019 година. Со ова, Владата, како што информира, им овозможува на […]

Над 30 инспектори на Кванташки пазар, се контролираат увозници на овошје и зеленчук


На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финасиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот. -Кај увозниците на овошје […]

Грковска: Со „Е-инспектор“ ги зајакнуваме капацитетите на сите инспекциски служби


Преку електронскиот систем за инспекција кој ни овозможува електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби што се под надлежност на Инспекцискиот совет, не само што ги зајакнуваме капацитетите на сите инспекциски служби, туку и ја овозможуваме нивната поголема ефикасност во работењето, подобра координираност, а сето тоа во интерес на граѓаните, истакна вицепремиерката задолжена […]

Промоција на информацискиот систем за инспекциски надзор Е-инспектор


 Инспекцискиот совет, Европската банка за обнова и развој и компанијата „Итгма“ денеска во Скопје ќе го промовираат информацискиот систем за инспекциски надзор Е-инспектор. Со овој систем, инспекторите ќе можат лесно и брзо да ги добиваат потребните податоци неопходни за квалитетно и навремено спроведување и завршување на инспекциската постапка, со што ќе се намали притисокот кон […]

Што се случува со КАМ маркетите, пломби и жолти ленти на објектите


  Граѓаните кои денеска се упатија да пазарат од КАМ маркетите беа затечени и збунети од глетката пред повеќе продажни места на оваа компанија, наидувајќи на жолти ленти од Управата за јавни приходи, а некаде информација дека се прави „попис“.  Од КАМ, преку штуро соопштение до медиумите велат дека во моментов има инспекциски надзор. „Ве […]

Нема празничен викенд за инспекторите – на 2 јануари ќе проверуваат за недела неработен ден


Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од 2 јануари ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела. -Се известуваат сите работодавачи […]

Просветни инспектори спречени да извршат надзор врз Меѓународниот универзитет во Струга


 Ѓ.И.(65) и З.Р.(38), двајцата од Скопје, вработени во Државниот просветен инспекторат, вчера во Полициската станица во Струга пријавиле дека биле спречени да извршат надзор во работата на Меѓународниот универзитет во Струга. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 13 часот, а се случил истиот ден во 11 часот кога двајцата инспектори влегле во просториите на […]