Индија вложува 25 милијарди долари во полупроводници и екрани


  Индија најавува вкупна инвестиција од најмалку 25 милијарди долари во рамки на стратегијата за поттикнување на производството на полупроводници и екрани, истакна денеска министерот за ИТ-секторот, Раџив Чандрасекар. Имено, индиската Влада ја зголеми паричната поддршка за новите постројки за полупроводници, со покривање на 50 отсто од трошоците на проектот. Властите соопштија и дека ќе […]

Громови усмртија најмалку 21 лице во Индија


Најмалку 21 човек загинаа во различни делови од индиска источната  држава Бихар, откако беа погодени од гром за време на дождовите во изминатите 24 часа. Загинатите се фармери или земјоделски работници. Дури 10 области во државата Бихар пријавиле такви смртни случаи. Локалните власти најавија дека семејствата на загинатите ќе бидат обештетени со  400.000 индиски рупии […]

Индија го забрани извозот на ориз, еве кој ќе биде најмногу погоден


  Индија, најголемиот светски извозник на ориз, ги забрани испораките на скршен ориз – потег што ќе одекне низ Азија, велат аналитичарите на финансиската холдинг компанија Номура. Во обид да ги контролира домашните цени, владата го забрани извозот на скршен ориз и воведе данок од 20 отсто на извозот на повеќе видови ориз почнувајќи од […]

Најмалку 21 жртва на труење со алкохол во Индија


 Најмалку 21 лице го изгуби животот, а 30 се хоспитализирани, по труење со алкохол во западна Индија, соопштија денеска официјални лица, пренсе Бета. Инцидентот се случи во областите Ахмедабад и Ботад во индиската држава Гуџарат, каде забрането е производство, продажба и конзумирање алкохолни пијалаци. Засега не е познато каква хемикалија имало во пијалокот. Според индиски […]

Силни бури во Бангладеш и во Индија, најмалку 59 жртви


Најмалку 59 лица загинаа при лизгање на земјиште и од удар на гром за време на силните бури во Бангладеш и во Индија. Милиони лица се блокирани, а здравстевните работници се борат за да дојдат до најзагрозените. Метеоролози предупредуваат на влошување на временските услови во наредните неколку дена. Владини лица во Бангладеш ја опишуваат состојбата […]

Во поплавите во Индија загинаа 31 лице


Најмалку 31 лице загинаа во последните два дена во североисточните индиски држави Асам и Мегалаја во поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови. НДТВ денеска објави дека дождовите го подигнале нивото на водата во реката Брамапутра и нејзините притоки. Најмалку 12 лица загинаа како последица на поплавите и лизгањето на земјиштето во Асам, каде што околу […]

Индија ја подмладува армијата, воведува измени во начинот на регрутирање војници


Индија планира драстично да го промени начинот на регрутирање војници за својата армија. Шемата за регрутација денеска ја соопштија министерот за одбрана Рајнат Синг и тројца армиски началници, појаснувајќи дека војниците ќе бидат регрутирани за период од по четири години, а четвртина од нив после отслужувањето на воениот рок ќе бидат воведени во активна служба. […]

Индија: Најмалку 10 лица загинаа, а 22 се повредени во експлозија во Хапур


Најмалку 10 лица загинаа, а 22 се повредени денеска во хемиска експлозија во фабрика за електронска опрема во северниот индиски округ Хапур, соопшти локалната полиција. Несреќата се случила откако котел експлодирал во индустриски капацитет во Даулана, на околу 60 километри од Њу Делхи, изјави портпаролот на индиската полиција Сурендра Синг, пренесува „Ројтерс“. Несреќата се случила […]

Наградени македонски уметници на меѓународниот филмски фестивал TIFA во Индија


На независниот меѓународен филмски фестивал „Triloka International Filmfare award“ во Индија соработници од тимот на Македонскиот центар ИТИ/Продукција освоија неколку награди. Специјална награда од жири комисија за најдобар актер во секција независен краток филм доби Кирил Дончов во проектот Дестинација: Скопје-Габрово, награда за најдобра актерка во секција независен краток филм доби Димитрина Мицкоска  во проектот […]

Кан го слави Боливуд – филм, убавина и мода


Франција– Индија е почесна земја на Канскиот филмски фестивал и, следствено, огромен контингент од земјата се спушти на Кроазета. Variety дознава дека околу 400 гости од Индија допатуваа на Азурниот брег . Анураг Такур, индискиот министер за информации и радиодифузија, го инаугурира индискиот павилјон во присуство на актерот Р. Махаван, чиешто режисерско деби „Ракети“ е […]

Њу Делхи се пече на 49 степени Целзиусови


  Индија се најде на удар на топлотен бран, а во Њу Делхи измерени се 49 степени Целзиусови. Интензивниот топлотен бран ги зафати северните делови на Индија, а температурата достигна рекордни 49,2 степени Џелзиусови во делови од главниот град Њу Делхи. Метеоролошките извештаи покажуваат дека ова е петти топлотен бран во индиската престолнина ова лето, […]

Индија со рекордни 1,4 милиони тони извоз на пченица во април


Индија во април извезе рекордни 1,4 милиони тони пченица, според четири трговски извори, со оглед на тоа дека купувачите бараат алтернативни решенија, по блокадата на извозот од црноморскиот регион поради војната во Украина, јавија странски медиуми. Во април минатата година, Индија, вториот најголем производител на пченица во светот, извезе само 242.857 тони. Април е првиот […]

Кина се определи за Русија, а ЕУ се сврте кон Јапонија и Индија


  Додека Кина го удвојува своето стратешко партнерство со Русија, Европа бара сојузници на друго место во Азија. Следната недела, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, се очекува да отпатуваат во Токио за да бидат кодомаќини на самитот ЕУ-Јапонија, изјавија двајца дипломати кои сакаа да останат анонимни, […]

Пожар во фабрика во Индија, загинаа шестмина


  Во пожар во хемиска фабрика во јужна индија загинаа најмалку шест луѓе, а 12 се повредени, јави Ројтерс. Ова е втора несреќа во хемиска фабрика оваа недела, а можно е да има и повеќе повредени. Снимките од местото кои ги доставиле владините функционири покажуваат голем пожар, со најмалку две тела како лежат на подот […]

Наставничка уапсена поради сексуално злоставување ученици во Индија


Наставничка од Индија сексуално злоставувала тројца 16-годишни ученици од училиштето во коешто работела и заврши в затвор, објавија тамошните медиуми. Единицата за кибер-криминал во јужната индиска сојузна држава Тамил Наду покрена истрага против 42-годишната жена откако на интернет се појави видео од оргијата. Полицијата утврдила дека снимката ја направил нејзиниот партнер. Човекот веќе признал дека […]

Тринаесет лица загинаа откако паднаа во бунар на свадбена прослава во Индија


Тринаесет лица загинаа, сите жени и деца, откако паднаа во бунар за време на свадбена прослава во северна Индија, соопштија денеска официјални лица. Жртвите стоеле на метален лим што го покривал бунарот, гледајќи ја церемонијата халди, еден од многуте ритуали, кои се дел од хинду венчавка, за време на која куркума се мачка на невестата […]

Во Индија четврти ден по ред над 300.000 случаи на Ковид-19


 Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 333.533 новозаразени со корона вирусот и 525 смртни случаи. Според владини податоци, во земјата четврти ден по ред се пријавуваат повеќе од 300.000 нови случаи на коронавирус дневно. Од почетокот на пандемијата во Индија од Ковид-19 починале 489.409 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на оваа година, во […]

„Галантна Индија“- концерт во Филхармонија со американската виолинистка Силверштајн


Во четврток (20.01), во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона, насловен „Галантна Индија“. Диригент е маестро Габриел Бебешелеа, а како солистка ќе настапи Елишија Силверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр.9 од Жозеф Болоњ (Шевалие де Сан Жорж) […]

Речиси 70 отсто патници од авион што слетал во Индија од Италија се позитивни на коронавирусот


Иако морале да достават негативен тест за Ковид-19 за да се качат на лет, речиси 70 отсто од патници на авион што летал од Милано до Амритсар, се со позитивен тест за коронавирус при пристигнувањето вчера попладне во Индија, јави ДПА. По пристигнувањето, 160 возрасни патници биле повторно тестирани, а 125 тестови биле позитивни, објавија […]

Индија за увоз на злато потрошила 55,7 милијарди долари


Индија во 2021 година на увоз на злато потрошила рекордни 55,7 милијарди долари, во услови на силно закрепнување на побарувачката на овој благороден метал поттикната од падот на малопродажните цени и укинувањето на забраната за свадби поради пандемијата. Владата лани увезла 1.050 тони злато, многу повеќе од двојно од 2020 година, а во потрошувачката на […]