Пазарот на капитал во Индија го престигна Хонг Конг и стана седми по големина во светот


На крајот на ноември, вкупната пазарна капитализација на Националната берза на Индија изнесуваше 3,989 трилиони долари, во споредба со 3,984 трилиони долари во Хонг Конг, покажуваат податоците на Светската федерација на берзи. Индискиот Nifty 50 достигна уште еден рекорд во вторникот. Индексот досега скокна за 16 отсто оваа година и се движи кон својата осма […]

Силен циклон потопи 25 села – најмалку 13 лица загинаа (видео)


Циклонот Михаунг денеска го погоди јужниот индиски брег со силен ветер, а му претходеа обилни дождови и поплави во кои загинаа најмалку 13 лица. Високите бранови ги зафатија јужните крајбрежни градови во текот на изминатите два дена додека се приближуваше циклонот, потопувајќи цели села и го запреа целиот транспорт бидејќи повеќе од 390.000 луѓе го […]

Индија: Спасувачите ги извлекоа заробените работници во урнатиот тунел (видео)


  Спасувачите во Индија во вторникот стигнаа до 41 градежен работник кои беа заробени во урнат планински тунел повеќе од две недели на северот на земјата и ги извлекоа, објави локалната новинска агенција. Работниците се извлекуваат преку премин направен од заварени цевки кои спасувачите претходно ги туркале низ нечистотија и камења. Спасувачката мисија го привлече […]

Објавена снимка од работниците затрупани при уривање тунел во изградба во Индија


Објавена е првата снимка од работниците затрупани при уривањето на тунел во изградба, долг 4,5 километри, што се случи на 12 ноември во индиската држава Утараканд. На видео снимката, обезбедена од властите, во траење од 30 секунди може да се видат 41 работник кои носат шлемови, стојат во полукруг пред камерите и комуницираат со спасувачите. […]

Најмалку 41 лице загина во поплавите во североисточна Индија


Најмалку 41 лице загина во поплавите во една долина во североисточна Индија, предизвикани од излевање на глечерното езеро на Хималаите. Поплавите однесоа повеќе од 270 куќи и 11 мостови, а илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани, соопштија локалните власти. Кога се излеа, езерото ја проби најголемата хидроелектрична брана во државата Сиким, поплавувајќи села во долината. […]

Индија ги откри токсичните сирупи поврзани со смртта на 141 дете ширум светот


Индискиот регулатор за лекови открил дека сирупите за кашлица и за алергија направени од Норис Медицинс се токсични, според владиниот извештај, неколку месеци откако индиските сирупи за кашлица беа поврзани со смртта на 141 дете ширум светот. Лековите биле контаминирани со диетилен гликол или етилен гликол, кој е пронајден во сирупите за кашлица кои предизвикуваат […]

Во болница во Индија во еден ден починале 12 бебиња


 Дванаесет бебиња починаа за еден ден во болница во индиската држава Махараштра, што предизвика гнев во јавноста, а опозицијата ја обвини регионалната власт и раководството на болницата за небрежност. Бебињата починале во неделата и се меѓу 24-те смртни случаи тој ден во државната болница Шанкарао Чаван во областа Нандед, на околу 600 километри од Мумбаи. […]

Индија ѝ порача на Канада да повлече 41 дипломат


Индија и порача на Канада дека мора да повлече 41 дипломат од Индија до 10 октомври, објави денеска Фајненшл тајмс. Односите меѓу Индија и Канада се сериозно нарушени откако канадските власти соопштија дека имаат веродостојни информации за вмешаност на Њу Делхи во убиството на сепаратистичкиот водач на Сиките и канадски државјанин Хардип Синг Нијар (45), […]

Германија увезува многу нафта од Индија – таа, всушност, е руска


И покрај ограничувањата на увозот, Германија очигледно сè уште увезува големи количества нафта од Русија преку Индија, објави денеска германската Федерална статистичка служба. „Увозот на нафтени деривати од Индија се зголеми во првите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, за повеќе од дванаесет пати“, објави Федералното биро за статистика. Според Обединетите нации, […]

Индија или Барат? Дали една покана за вечера навестува дека владата ќе го промени името на земјата


  ЊУ ДЕЛХИ – Сѐ започна со покана за вечера. Како ќе заврши може да влијае на повеќе од милијарда луѓе. Државните покани испратени до гостите на овонеделниот состанок на Г-20 се однесуваат на претседателот на Индија, Друпади Мурму, како „претседател на Барат“. Одеднаш, во многу кругови насекаде се појави прашањето: Дали земјата со повеќе […]

И Индија ќе го менува меѓународното име?


Следејќи го примерот на Турција, индиските медиуми пренесуваат дека наскоро можно е Индија да побара од ОН да биде заведена како Барат, нејзиното изворно име. Дали на повидок е нова меѓународна промена на име на една држава? Откако Турција на англиски јазик од Turkey стана Türkiye, како што ѝ е името на турскиот јазик, сега […]

Мисијата на Индија на Месечината чинеше помалку од снимањето на филмот „Интерстелар“


Во текот на 1960-тите и 1970-тите, НАСА издвои над 250 милијарди долари за своите различни мисии, додека Индија деновиве успеа да влезе во вселенската историја за мал дел од таа сума. На 23 минатиот месец индиското вселенско летало „Чандрајаан-3“ (Chandrayaan-3) слета на јужниот регион на Месечината, од каде ги испрати првите фотографии од Земјиниот сателит. […]

(Видео) Индија лансираше ракета која ќе го проучува Сонцето


 По успешното слетување на Месечината, индиската вселенска агенција денеска лансираше ракета за проучување на Сонцето како дел од својата прва соларна мисија. Ракетата остави трага од чад и оган додека научниците аплаудираа, покажа преносот во живо на веб-страницата на Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO). Речиси 500.000 луѓе го следеа преносот, а илјадници се собраа […]

Индија објави фотографии и видеа од јужниот пол на Месечината


Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) објави фотографии и снимки од својот лунарен ровер на социјалната мрежа X, откако лунарниот модул Chandrayaan-3 успешно изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината минатата недела. Објавата вклучува фотографии и снимки од излегувањето на роверот Прагјан, како и неговите први метри поминати на површината на Месечината, како и […]

(Видео) Индија стана четвртата земја која безбедно слета вселенско летало на Месечината


  Индија е на Месечината, ова се зборовите со кои земјата влезе во историјата како само четврта земја во светот која безбедно го спуштила своето вселенско летало на површината на природениот Земјен сателит. Громогласен аплауз избувна во центарот на Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО), каде неколку стотици луѓе внимателно ги следеа податоците на екранот […]

Најмалку 48 загинати во Индија поради поплави и лизгање на земјиштето


Обилните монсунски дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во индиските хималајски региони, при што загинаа најмалку 48 луѓе, а многу други беа затрупани во урнатините, изјавија официјални претставници. Обилните врнежи почнаа викендот во планинската држава Химачал Прадеш, а во поплавите беа уништени куќи. Бројни спасувачи се обидуваат да им помогнат на тие кои се […]

Страшни податоци: Над милион жени исчезнале во Индија за само три години


Повеќе од 1,3 милиони жени во Индија исчезнале меѓу 2019 и 2021 година, според новообјавените податоци од Министерството за внатрешни работи на индиската држава. Податоците собрани од индиското Национално биро за евиденција на криминал покажуваат дека повеќе од милион возрасни жени и повеќе од 250.000 девојчиња на возраст под 18 години исчезнале во период од […]

Жени кои собирале смет за рециклирање во Индија купиле лоз и освоиле над 1,2 милион долари


Во индискиот град Керала 11 жени кои собирале смет купиле лоз и на лотарија освоиле над 1,2 милиони долари, пренесува агенцијата Анадолија. Според „Тајмс оф Индија“, 11 жени кои од домови и претпријатија собирале смет за рециклирање за да заработат за живот, на лотарија освоиле 1.215.650 долари. Добитничките на наградата изјавија дека парите што ги […]

Нов удар за светскиот пазар на храна, Индија стави рампа за извозот на ориз


  Денеска Индија нареди забрана за извоз на значителен дел од нејзиниот најважен извозен производ – оризот, што приближно ќе ги преполови испораките на тоа жито од Индија, која е најголем светски извозник. Ова предизвика страв од натамошна нестабилност на светските пазари за храна, пренесува Ројтерс. Владата во Делхи соопшти дека воведе забрана за извоз […]

Голдман Сакс: Индија ќе биде втора по големина економија во светот до 2075 година


  До 2075 година Индија ќе биде втора по големина економија во светот, надминувајќи ги Германија, Јапонија и Америка, објави банката Голдман Сакс во својата најнова прогноза. Главните аргументи за овој рејтинг се растот на населението во Индија, напредокот на земјата на полето на иновациите и технологијата, повисоките капитални инвестиции и зголемената продуктивност на работниците, […]