Компании од Израел и Косово заинтересирани да инвестираат во Македонија
Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше средба со претставници на компаниите Devoli Group од Косово и OAPI Ltd од Израел. Претставниците на компаниите пред премиерот и министерот ги презентираа своите планови за инвестирање во Македонија, во областа на земјоделството, сточарството, месната и месо-преработувачката индустрија, соопшти владината прес-служба. […]