Два македонски и три грчки чамци ги превезуваа Заев и Ципрас


Два чамци на Езерската полиција и три на грчките служби ги превезуваа делегациите што беа присутни во Псарадес (Нивици) на потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција. Најпрво, во 9.30 часот, македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев со два чамци тргна од Отешево кон грчкиот дел на Преспа. По завршувањето на церемонијата […]

Мицкоски: Македонија пребродила многу Заевци, но неговиот срам ќе остане


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека со потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција е срам за нашата земја, порачувајќи дека промената мора да почне од нас самите. На својот статус на „Фејсбук“, кој го пренесуваме во целост, смета дека животот нема да ни се подобри се додека постои оваа влада на чело со […]

Делегациите тргнаа кон Отешево на ручек


По потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, делегациите тргнаа од местото Псарадес (Нивици) кон Отешево. Македонските и гршката страна,. предводена од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и високите претставници на Европската унија и од Обединетите нации: Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари ди Карло со глисери отпатуваа на […]

Бошњаковски: Историски ден и за Европа


Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА. – Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го […]

Протестот во Битола почнува во 13.30 часот, ќе зборува Мицкоски


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш во Битола во знак на незадоволство од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција. Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, […]

Нашата делегација тргна со чамец кон Псарадес


Македонската делегација што ќе учествува на потпишувањето на договорот за промена на името со Грција, во местото Псарадес само што тргна со чамец (9.30 часот по македонско време) од Отешево. Во делегацијата, покрај премиерот Зоран Заев се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Оливер Спасовски. Месноста во Мала Преспа е под силно полициско обезбедување. […]

Вечерва протести во Скопје, утре во Битола


Пред Собранието на Македонија и вечерва се одржа протест против договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името. Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Преспа од страна на […]

Коѕиас: Договорот е патриотски компромис


  Атина –  Договорот за името е патриотски и ни помага да ги концентрираме силите таму каде што има проблем, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, за време на расправата за гласање недоверба на владата во парламентот во Атина. Коѕиас објасни дека е направен  компромис,  бидејќи „само ако победиш во војна, тогаш има договор […]

Отешево „оживеа“ во пресрет на церемонијата за името


Мошне раздвижено е овие два дена во Отешево, на македонскиот дел од Преспа, каде што утре околу пладне  ќе продолжи церемонијата околу потпишувањето на договорот за името. Премиерите на Македонија и на Грција, според информациите,  утре ќе пристигнат со чамец  во Отешево од грчкиот дел на Преспа, каде што претходно ќе биде потпишан договорот со […]

Ѕанакопулос: Се најдоа лидери со мозок да стават крај на спорот


Атина – Конечно се најдоа двајца лидери со мозоk за да стават крај на спорот, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос  во говорот за време на расправата во грчкиот парламент. Говорејќи за опозициите во двете земји, рече дека доколку се споредат изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија, тие се идентични. – […]

Самарас: Договорот не е решение, само му отвора пат на Скопје во НАТО


Атина – Со договорот го затворивте привремено проблемот, не го решивте прашањето и отворате уште полоши проблеми, му рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас на сегашниот премиер Алексис Ципрас, за време на обраќањето во грчкиот парламент. Самарас смета дека решението или нема да издржи низ времето или ќе предизвика експлозии и нема да го стабилизира […]

ВМРО-ДПМНЕ упорно се разминува со ЕПП за договорот со Грција


ВМРО – ДПМНЕ и денеска ја „бомбадира“ јавноста со соопштенија и изјави со кои го осудува договорот за името со Грција и повикува на масовност на протестите во Битола, иако во текот на денот нејзината сестринска политичка групација Европската народна партија се јави со поддршка за решението што го постигнаа македонскиот и грчкиот премиер. Од […]

Владата го објави договорот со Грција


Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста. Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата. – Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор […]

Во грчкиот парламент почна расправата за гласање недоверба на владата, договорот со Македонија главна тема


Со несогласувања околу тоа колку ќе трае расправата, започна седницата во грчкиот Парламент по доставеното барање од Нова демократија за гласање недоверба на грчката Влада. Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на Парламент соопшти дека расправата ќе заврши со гласање во сабота во 14 часот, на што имаа приговор пратениците од опозициската […]

Димитров: Не ни е лесно, ама покажавме лидерство


Потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција ќе се случи овие денови, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Дочје веле, кое го пренесува МИА. Тој интервјуто го даде по средбата во Берлин со неговиот германски колега Хајко Мас. – Ќе следи овие денови, текстот треба да помине на Влада.  Ќе видиме […]

Договорот за името ќе се потпише во недела или понеделник


Потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција нема да се одржи во сабота, туку во недела или уште поверојатно, во понеделник, дознава „Независен весник“. Првичниот план беше премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да стават параф на решението во сабота во 15 часот на грчкиот дел од Преспа, но ќе дојде до одлагање […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги погази црвените линии


Зоран Заев вчера ги погази црвените линии кои досега ги бранеа сите политичари на кои граѓаните им ја дадоа довербата да ја водат државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев не само што призна дека се согласил да го менува уставното име, туку и се согласил и националноста, која досега беше јасно дефинирана, […]

Од референдум за самостојност до референдум за името


Кога на 8 септември 1991 година Македонија прогласи независност по одржаниот референдум, ретко кој можеше да предвиди дека ќе чека цели 27 години за да добие име признаено од јужниот сосед и од целокупната меѓународна заедница. По барањето за признавање под уставното име во Обединетите нации, врз основа на извештајот на Бадентеровата комисија, Грција се […]

Мицотакис: Договорот е лош, Грција да не го потпише


Решението што е договорено е лош договор и е спротивно на ставот на мнозинството Грци, вели лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјава за постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис повторно го обвини  грчкиот премиер дека нема политички легитимитет и дека води тајна дипломатија […]

Мицкоски: Предавство, нема да дозволиме уставни измени


ВМРО-ДПМНЕ го оцени како „тежок ден за Република Македонија“, денешното известување дека владите во Скопје и во Атина договориле новото име на нашата држава да биде Република Северна Македонија. Не најавувајќи ги следните чекори, нагласено е дека поразот не смее да се претстави како победа, јазикот и идентитетот и онака се признаени од Обединети нации. […]