Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто


Решавањето на спорот за името на една држава, каков што е случајот со Македонија, не може да се спореди со проблемот со Косово, изјави денеска во Крушевац српскиот претседател Александар Вучиќ. Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став околу решавањето на спорот околу името на Македонија и дали поради тоа очекува притисок врз Белград во […]

Али Ахмети: Договорот за името Скопје и Атина ќе се потпише во сабота


Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, во вечерашното интервју за приштинската телевизија Т7, најави дека договорот меѓу Атина и Скопје ќе биде потпишан во сабота, јавува дописникот на МИА од Приштина. Договорот ќе го потпишат премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во присуство на највисоки претставници на Европската унија, […]

Протест во Скопје против договорот за менување на името


Поголем број граѓани вечерва пред македонското Собрание протестираа против договорот со Грција и против промена на уставното име на Македонија. Собранието беше под засилено полициско обезбедување, а сообраќајот е пренасочен по околните улици. Дел од протестантите се со знамиња со сонцето од Вергина. Тие предупредија дека Македонија ќе гори, а извикуваа и „бесилка бесилка“, како […]

Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција


Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан го повикува претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција. – Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно […]

Коѕијас: Го решивме спорот со името со Северна Македонија


На прес конференцијата за медиумите во Москва, по средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас одговарајќи на новинарско прашање за името го искористи новото договорено име „Северна Македонија“. Никос Коѕијас рече дека во регионот постои култура луѓето да се караат за имиња. – Надворешната политика на […]

Заев: Имаме обврска да овозможиме граѓаните да го дадат своето мислење за договорот за името


Како одговорни политичари, во дадениот момент имаме обврска да им овозможиме на граѓаните на Република Македонија да го остварат демократското право и да добијат шанса да го дадат своето мислење во однос на договорот за решението на спорот за името, истакнал премиерот Зоран Заев на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На средбата […]

Борис Џонсон: Договорот за името е фантастична вест


Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името. – Фантастична вест е дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за прашањето за името. За ова е потребно лидерство и политичка храброст. Ги охрабрувам сите политички […]

Австрија го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина


Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел им честиташе на Атина и на Скопје на изнаоѓањето решение за долгогодишниот спор за името на Македонија. Кнајсел во таа прилика веќе го употреби идното име на Македонија. – Честитки за Грција и за Северна Македонија за решавањето на долгогодишниот спор за името. Тоа е успех на […]

Заев и Димитров ќе го информираат Иванов за договорот со Грција


Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во 10 часот на заедничка средба во вилата „Водно“ ќе го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција за спорот за името. Република Северна Македонија, ерга омнес, промена на Уставот и постепено воведување на новото име во внатрешноста на земјата, зачувување на […]

Мета: Историски договорот меѓу Скопје и Атина


Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави договорот за спорот со името постигнат меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас,  оценувајќи го истиот како историски. – Многу сум радосен за историскиот договор за името на Македонија. Доаѓа во долгоочекуван момент како јасна евро-атлантска перспектива за нашиот регион. Честитки за храброста и […]

Стејт департмент: САД го поздравуваат историскиот договор за спорот за името


САД им честитаат на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев Алексис Ципрас и Зоран Заев, и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Решението ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во изнаоѓање […]

САД го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името


САД го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името, пренесува “Глас на Америка” “САД им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Договорот ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина


Македонија веќе нема генерации за губење, ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ треба да се охрабри и да каже ДА, за македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи зајакнувањето и обзбедувањето на македонскиот идентитет, еднаш-засекогаш,  се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. „Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да […]

Албанија го поздравува договорот меѓу Скопје и Атина


Албанскиот премиер Еди Рама и албанскиот министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, го поздравија постигнатиот договорот помеѓу Македонија и Грција за спорот за името. – Два прогресивни лидери на соседните земји денеска влегоа во историјата и им порачаа на Европската унија и на целиот свет дека имаат визија и волја да ги надминат минатите пречки […]

Столтенберг го поздрави договор за името


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го поздрави договорот за спорот со името постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и повика тој да се финализира. – Топло го поздравувам договорот помеѓу премиерот Ципрас и премиерот Заев за решение за спорот за името. Овој историски договор сведочи за многугодишна трпелива дипломатија и волја на […]

Нимиц го поздрави договорот за спорот за името


Посредникот на Обединетите нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц го поздрави заедничко прифатеното решение што го постигнаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас. – Би сакал да им честитам за успешното завршување на преговорите за разликите кои постоеја мегу нив. Не се сомневам дека договорот ке доведе […]

Туск го поздрави постигнатиот договор за спорот за името


Претседателот на Европскиот совет Доланд Туск им честиташе на „Твитер“ на премиерите на Македонија и на Грција за постигнатиот договор. –  Ви благодарам што невозможното го направвите возможно, напиша Туск на „Твитер“.

Димитров утре ќе го информира Иванов за договорот за името


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов утре ќе оствари средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во врска со договорот постигнат за спорот за името. Од Кабинетот на претседателот Иванов информираат дека кај нив е пристигнато барањето за средба од Министерството за надворешни работи и оти средбата ќе се одржи утре во 10 часот.

Заев за соопштението од Иванов: Треба да помагаме, а не да одмагаме


Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а секако јас како премиер и господинот Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме, изјави денеска премиерот Зоран Заев по отворањето на Бизнис форумот-инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Република Македонија. Одговарајќи на новинарско […]

Грчки медиуми: Има договор за Северна Македонија, ќе се потпише викендов во Преспа


Република Северна Македонија е името за кое се договориле двајцата премиери, а договорот меѓу двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе го потпишат во текот на викендот, веројатно во сабота во Преспа, на грчка територија, објавуваат медиумите во Грција. Сепак, сѐ ќе биде појасно по денешниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери, за кој грчките […]