Кабинет на Иванов: СДСМ со манипулации прави притисок врз претседателот


Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов најостро ги отфрла тврдењата на пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, и соопшти дека тие се „големи лаги и манипулација со цел да се дефокусира јавноста“. „Јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и […]

Професионален војник на АРМ учествуваше во инцидентот на Мечкин Камен


Министерството за одбрана (МО) формира Комисија со цел покренување постапка против професионалниот војник Мартин Богоевски кој е препознаен на видео снимка од вчерашниот инцидент на прославата на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево. – Со цел да се добие увид во ситуацијата и во заднината на случувањата, професионалниот војник Богоевски денеска е повикан на […]

Борисов: Се чувствува нов дух на соработка со Македонија


Благоевград – Само една година откако го потпишавме Договорот за пријателство, соработка и соседство, веќе се чувствува позитивен резултат во нашите заемни односи, изјавил премиерот на Бугарија Бојко Борисов за време на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во Благоевград, каде што се одбележуваат 115 години од Илинденското востание. Повикувајќи се на прес-службата на бугарската […]

Мицкоски: Делата, а не зборовите, не прават Европејци


– Илинден е крикот на поробениот Македонец, тоа е жедта за слобода и човечки правдини. Природниот стремеж за своја држава на секој Македонец. Илинден е вознесот на една столетна борба на обесправениот народ, каде саможртвата е нужност тогаш кога борбата е единствениот начин до целта, истакна во своето обраќање на партискиот собир во струшко Ташмаруништа […]

Заев од Пелинце: Да избереме иднина наместо небиднина


Патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признанена од сите, горда, исправена, еднаква со другите останати, држава на која граѓаните ќе бидат горди. Храброста на нашите борци на кои денес им се поклонуваме  е мотивот кој не води секој ден, за држава исправена пред светот. Нема подобар начин да им […]

Ахмети: Поблиску сме до вековните стремежи


Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека 115 – годишнината од Илинденското востание во Крушево не наоѓа поблиску од кога било до реализирање на вековните стремежи за слобода, мир и еднаквост. – Македонци, Албанци, Власи и други се обединија во борбата за правата кои што им беа ускратени. Со визија за иднината и […]

Џафери на Илинден: Наш избор е дали ќе заглавиме на слепиот балкански колосек


Од пред споменикот на Ченто, кој беше претседател на АСНОМ, а од 1945-та година и прв претседател на Президиумот на Народното Собрание, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја повика опозицијата и сите граѓани да го поддржат исполнувањето на Договорот со Грција за името. – Веќе е добиена поканата за полноправно членство во НАТО и имаме […]

Заев и Борисов заедно на Илинден во Благоевград


Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Благоевград заедно ќе ја одбележат 115-годишнината од Илинденското востание, соопшти владината прес-служба. Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград. Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за […]

Македонија ги слави двата историски Илиндена


Македонија денеска го празнува Денот на Републиката 2 Август и двата историски Илиндена – 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ. Делегацијата на Мечкин Камен во Крушево ќе ја предводи претседателот на Република Македонија  Ѓорѓе Иванов. Во 9.30 часот ќе биде положено цвеќе на гробот на Никола […]

Не можеме да вршиме инспекција во објект без дозвола


Три дена по кобната несреќа во Илинден, каде што 13-годишно девојче се удави во ископ за темели за изградба на зграда во скопската приградска населба Илинден, сè уште нема одговор чија е одговорноста што огромниот кратер цела година зјаел празен и незаграден. Обвинителството собира информации која фирма ги изведувала градежните работи, а се испитува и […]

Телото на Елмедина плутало по водата, никој не скокнал да ја спаси


Тага, немоќ, гнев, лутина, револт… тешко може да се опишат чувствата што се мешаат кај блиските на 13-годишната Елмедина, која во вторникот попладне се удави во ископ за темели за изградба на зграда во скопската приградска населба Илинден. Тоталната нефункционалност на општинските и државните служби и запуштеноста во однос на прописите за градење и за […]

Општина Илинден: Објектот нема дозвола за градба


Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски изрази сочувство до семејството на настраданото девојче. Во изјава за „Независен весник“, тој напоменува дека секој инвеститор, сопственик на градежна парцела, треба да биде доволно информиран и мора да ги знае процедурите и одговорностите за сите свои активности. Во тој контекст, тие треба да се свесни за сите последици […]

Елмедина ја плати со живот негрижата на возрасните


Тага, немоќ, гнев, лутина, револт… тешко може да се опишат чувствата што се мешаат кај блиските на 13-годишната Елмедина, која во вторникот попладне се удави во ископ за темели за изградба на зграда во скопската приградска населба Илинден. Тоталната нефункционалност на општинските и државните служби и запуштеноста во однос на прописите за градење и за […]

Тринаесет годишно девојче се удави во дупка со вода на градилиште во Илинден


Девојче родено во 2005 година поладнево се удавило во општина Илинден, во ископ исполнет со вода каде што се градел објект. Трагедијата се случила на улица бр. 2 во месноста Бигла во населбата Илинден. Случајот бил пријавен во 14.40 часот. Екипа на противпожарната единица на Град Скопје се упатила кон градилиштето, но во меѓувреме жителите […]

„Илинден“ од Тирана: Македонците во Албанија никогаш не биле Бугари


Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, преку соопштение изрази жалење што официјална Софија се обидува да ги претстави Македонците од областа Гора како Бугари. – Како и многупати досега, македонското друштво „Илинден“ се залага за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот […]

Обид за разбојништво на бензинска пумпа во Илинден


Две непознати маскирани лица рано изутрината се обиделе да извршат разбојништво на бензинска пумпа во населбата Илинден во Скопје. МВР информира дека вработен на бензинска пумпа ги забележал лицата, кои имале огнено оружје, ја заклучил влезната врата од бензинската пумпа, по што тие заминале во непознат правец. Обидот за разбојништво вработениот на бензинската пумпа во 04:17 […]

Илинден прогласена за општина со најповолно бизнис опкружување


Општина Илинден е прогласена за општина со најповолно бизнис опкружување од Република Македонија во рамки на регионалната иницијатива за промоција на поволно бизнис опкружување „Партнерство за конкурентен регион“. Доделувањето на сертификатите за поволно бизнис опкружување се одржа денеска во Белград, а на него присуствуваше и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. Сертификатите се доделуваат на општини […]