Изложба „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски – Бане


Изложбата „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски – Бане вечер ќе биде отворена во Културно- информативниот центар во Скопје. Како што информира КИЦ – Скопје, најновиот творечки циклус на ликовниот уметник Благојче Наумоски – Бане со наслов „Урбани трансформации“ е продолжување на неговото трагање по визуелните сензации во урбаните простори, кои го опседнуваат авторот со своите […]

Традиционална изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ во КИЦ – Скопје


Традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство ќе биде отворена вечер во Култутно информативниот центар – Скопје. Оваа изложба е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, […]

Изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ во Сули ан


Во Сули ан вечер по 38. пат ќе се организира традиционалната изложба на студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте, во организација на Факултетот за ликовни уметности – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изложбата е во соработка со Катедрата по графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“. -Оваа […]

Изложба „Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ во македонскиот КИЦ


Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб денеска ќе биде отворена изложба на македонската графичарка Менче Спировска, насловена „Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“.  Како што информираат од македонскиот КИЦ во Загреб, изложбата се реализира во рамки на програмата по повод 145-годишнината од постоењето на Музејот на уметност и занаети – Загреб, каде ќе бидат […]

Во Тирана изложба и промоција на монографија посветена на македонското културно богатство


Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура”, синоќа во македонскиот културен центар-Нобис во Тирана, беше отворена изложба на слики со традиционални македонски носии. Исто така беше одржана и промоција на книгата „Монографија за македонската народна носија“ на авторот Владимир Јаневски, посветена на овие културни богатства. – На изложбата и промоцијата на „Монографија на македонски […]

Изложбата „Гумено време“ на Ана Ивановска отворена во КИЦ Истанбул


 Во организација на Македонскиот културно – информативен центар во Истанбул вечерва во галеријата на КИЦ Истанбул ќе биде отворена изложбата „Гумено време“ на македонската уметница Ана Ивановска. Како што информираат од КИЦ Истанбул, проектот „Гумено време“ е визуелно истражување на последиците од глобалните кризи – пандемијата, војните и политичките конфликти – врз индивидуалното и колективното […]

Изложба „Странски сликари во Македонија во периодот 1850 – 1950“


 Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на дела од странски сликари кои ја посетиле Македонија и твореле на теми поврзани со нашата држава, во периодот од 1850 до 1950 година. Како што најавија од Музејот, станува збор за дела на уметници од Гарманија, Франција, Италија, Србија, Југославија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Австрија, […]

Жените во делата на македонските сликари – изложба во Галерија Матица


По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во Галерија Матица денеска ќе биде отворена изложба на четириесет дела од македонски автори кои ги прикажуваат повеќеслојните искуства, борби и триумфи на жените. -Секое дело зборува за уникатните приказни за издржливост, сила и убавина што ги носат жените. На изложбата ќе бидат застапени дела на […]

Изложба „Убавите жени во мојот народ“ во НУБ „Св. Климент Охридски“


По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе биде отворена традиционалната изложба „Убавите жени во мојот народ“. Авторки на изложбата се Марина Мијаковска, Елени Новаковска и Искра Димитрова. Како што е најавено, на изложбата ќе бидат презентирани материјали од Збирката […]

Изложба „Во спокој“ на Анита Огњановска во КИЦ


Во  двата изложбени салона на Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје, Империјал 1 и Империјал 2, вечер ќе биде отворена изложбата „Во спокој“ на Анита Огњановска. Ова е деветта самостојна изложба на Огњановска која пред публиката ќе претстави нови 40-на дела. Делата на авторката, како што наведува КИЦ, ги истражуваат личните емоции, секојдневните моменти и симболиката […]

Отворена изложба на студентски проекти за идејно решение на спортски комплекси во Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска присуствуваше на архитектонска изложба на студентски проекти за идејно решение Јавен кондензатор – нови спортски структури во КСП Центар – Јадро. Годинешнава тема е создавање спортски комплекси со повеќенаменска улога, каде ќе бидат вклучени и комерцијални, културни и социјални содржини што ќе се надополнуваат. Овој концепт наречен „јавен […]

Отворање на официјалната изложба на Остен Биенале 2024 и доделување награди и признанија на уметници


Активностите на Остен Биеналето Скопје 2024 кои со голем успех се одвиваа во текот на целата измината година, ќе имаат своја завршница вечер во 19 часот во Националната галерија на Република Северна Македонија – Чифте амам Скопје со отворањето на официјалната изложба и доделувањето на награди и признанија на уметници и сорботници на ОСТЕН. Изложбата […]

Отворање на изложбата „Дијалог преку уметност“ во Софија


Изложбата „Дијалог преку уметност“ на професори од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и професори од Националната уметничка академија од Софија вечер ќе биде отворена во галеријата „Академија“ во Софија. „Дијалог преку уметност“ е втор настан преку кој Националната ликовна академија и Факултетот за ликовни уметности Скопје при Универзитетот […]

Самостојна изложба „No escape from reality” на уметникот Сашо Блажес


амостојна изложба насловена „No escape from reality” на уметникот Сашо Блажес ќе биде отворена денеска во Касарна хаб од Охрид. Изложбата ја истражува комплексноста на перцепцијата и размислувањето преку една серија на досега неизложени дела. – После самостојните излагања во  Грац, Париз и Венеција оваа година почувствував потреба да претставам дел од моите досега неизложени […]

Отворање на изложбата „Херметичен простор“ од Билјана Билбилоска во Струмица


Изложбата на слики „Херметичен простор“ од Билјана Билбилоска вечер, во 19 часот, ќе биде отворена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Авторката ќе се претстави со слики изработени во периодот 2023-2024 година. Билјана Билбилоска досега има остварено 11 самостојни изложби во државава, како и во Србија, Хрватска и Франција, а учествувала на повеќе […]

„Џинови и снегулки“ самостојна изложба на Христина Иваноска


Во Музејот на Северна Македонија вечерва во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Џинови и снегулки“ на Христина Иваноска. Насловот на изложбата реферира на истоимената поема од книгата поезија „Егејска барутна бајка“ на Славко Јаневски, која е објавена во 64-тиот број на „Македонка“ од 1950 година. Иваноска, преку својата уметничко-истражувачка практика, се фокусира на […]

Изложба, предавања и работилници на уметникот од Кина, проф. Гао Ши


 Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје денеска и утре ќе биде отворена изложбата на кинескиот уметник, проф. Гао Ши, во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како што е најавено, покрај изложбата, утре ќе се одржи и работилница во галеријата на Факултетот за ликовни уметности, каде што посетителите […]

Отворање на меѓународната изложба „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“


Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена меѓународната изложба „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“, која ги вклучува едни од најреномираните автори и уметнички колективи денес, добитници на бројни награди и признанија, меѓу другите и престижната „Тарнер’’ награда. Во поставката ќе бидат изложени дела на интернационални и македонски автори: Лоренс Абу Хамдан, […]

Во МСУ изложба на ретко изложувани дела од колекцијата ставени во релација со дела од современи уметници


Во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ) вечер ќе биде отворена изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ составена од ретко изложувани дела од колекцијата ставени во релација со дела од современи уметници. Куратори на поставката се: Ивана Васева, Благоја Варошанец, Софиа Григориаду, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Нада […]

Изложба на музички плакати во Музеј на град Скопје


Во Музеј на град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на главниот град. На изложбата во организација на Баги Комуникации ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати, кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, музички групи и артисти што ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните […]