Кралска изложба во Виндзор: Венчаниците на принцезата Евгенија пред јавноста


Англија- Обожавателите на британското кралско семејство од денес можат одблиску да ги видат двете венчаници на принцезата од Јорк, Евгенија  која се омажи за бизнисменот Џек Бруксбенк. Во замокот Виндзор се изложени венчаниците, дизајнирани од Петер Пилото и Кристфер де Вос, и светло розевата, во која се пресоблече, по венчавката, на Зак Позен. Јавноста одблиску […]

Изложба на фотографии „Париски перспективи“ на Роберт Јанкулоски


Францускиот институт во Скопје организира отворање на изложбата на фотографии „Париски перспективи“ на македонскиот уметник Роберт Јанкулоски, утре, во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје. Отворањето на изложбата ќе биде проследено со предавањето „Старата фотографија како инспирација во моите дела“, за време на кое Јанкулоски, Директор на Македонскиот центар за фотографија, еминентен […]

„Емоции за еден град” – изложба за подобро утре


Изложбата Celebrate Life / Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски  ќе биде поставена на 18 јануари во галеријата Акантус во Дебар Маало во 20 часот. Изложбата опфаќа илустрации кои што се цртани во периодот од 2014 до 2017 година. Секоја од нив засебно е карактер кој пренесува по некоја мисла за надеж и […]

Изложба на Петре Николоски во Чифте амам


Изложбата на Петре Николоски насловена „Бесконечност (Infinity)“ вечерва, во 19 часот во Чифте амам, е завршна манифестација на чествувањето на 70 години од постоењето  на Националната галерија на Македонија. Изложбата на Николоски се состои од повеќе мултимедијални дела и инсталации, кои се во најголем број изработени специјално и исклучиво во контекст на архитектонскиот и идеолошко […]

Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица


Во Мала станица е отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Изложени се дела на 73 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, а на отварањето беа избрани и добитниците на наградите за сликарство, вајарство и графика. Годинава за сликарство е награден уметникот Игор Таневски, наградата за вајарство ја доби Филип Фидановски, додека […]

Даут пашин амам: Ретроспективна изложба на Танас Луловски


Дали празен простор (во музеј, галерија, црква, итн.) може да претставува уметничко дело?“. Ова сѐ уште актуелно прашање го поставил еден од првите концептуални уметници во македонската дваесет вековна уметност, доајенот Танас Луловски – Тане, кон крајот на 1983 година кога го разработува концептот на проектот „Антислика 79“. Сега, Националната галерија на Македонија повторно го […]

Изложба во Атина за обновата на Скопје по земјотресот


Грција– Изложба „Иднината како проект/Доксијадис во Скопје“ ќе биде отворена денеска во музејот Бенаки во Атина. Изложбата, пред грчката публика за прв пат ја претставува темата на постземјотресната обнова на Скопје и улогата на Константинос А. Доксијадис во неа. Изложбата и придружните манифестации се организирани од Музејот на Град Скопје, Хеленскиот институт за архитектура и музејот […]

Музејот на град Скопје со изложба во Истанбул


Музејот на град Скопје со изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци” од авторите Драгица Живкова и м-р Игор Кузманоски, и Климе Коробар како нејзин комесар, ќе се претстави вечер во културниот центар „Али Емири Ефенди” во Истанбул. Изложбата се состои од 33 паноа со фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период што се […]

Изложба „Подарени дела од Чехословачка“ во МСУ


Музејот на современата уметност (МСУ) вечер од 18 часот ќе отвори изложба насловена „Подарени дела од Чехословачка“. Ќе бидат претставени 65 дела (слики, графики, скулптури и цртежи) кои се дел од неговата колекција. Куратор е Марија Бочварова-Плавевска. Во периодот на очекуваната транзиција и одбегнувањето на директната конфронтација со советскиот режим, особено за време на Прашката […]

Македонски уметници на изложбата „2001 Одисеја во вселената“ во Барселона


Филмскиот работник Јане Алтипармаков и фотографката Наташа Гелева се поканети на изложбата „2001 Одисеја во вселената – 50-та годишнина”, која од денеска ќе биде посатвена во Филмскиот музеј во Барселона. Тие ќе ја претстават нашата културна сцена на покана од Јан Харлан, извршен продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик и за изложбата ќе направат видео […]

Несекојдневна изложба на олдтајмери во недела во Скопје


Околу 50 луксузни и несекојдневни олдтајмери и 20-тина моторцикли ќе бидат дел од „Skopje Classic Day“ 2018 што ќе се одржи во недела на плацот кај авиончето во општина Аеродром. Меѓу нив ќе има и околу 10-тина автомобили донесени од соседните држави кои за првпат ќе бидат видени во Македонија. Возилата ќе бидат постари од […]

Изложба на великани: Непознатиот сликар Славко Јаневски и познатиот скулптор Томе Серафимовски


Фото: Борис Грданоски Славко Јаневски, авторот на првиот македонски роман и еден од основоположниците на македонската современа литература синоќа во Скопје го запознавме и како модерен сликар, со голем талент, иако не завршил Ликовна академија ниту до крај го испекол сликарскиот занает.  Скулпторот Томе Серафимовски,кој дипломирал во Загреб кај славниот Аугустинчиќ, со своите ремек-дела од бронза […]

„Облици и Изблици“, втора самостојна изложба на Ленче Данаиловска


Уметничката Ленче Данаиловска од утре до 5 септември ќе ги изложи своите дела во кафе барот „Ли“, како дел од нејзината втора самостојна изложба „Облици и Изблици“. На изложбата, која ќе биде отворена во 20 часот, ќе бидат поставени дела работени во комбинирана техника. Првото јавно претставување на Данаиловска беше со наслов „Слики наместо зборови“, […]

Ликовна изложба на македонските уметници Емилија и Стојче Тоциновски во Задар


Во атрактивниот галериски простор на Научната библиотека во Задар отворена е ликовната изложба ”У залјеву мора “ на македонските ликовни уметници, уметничката и брачна двојка – Емилија и Стојче Тоциновски, единствените во Македонија и пошироко кои создаваат како ликовно дуо. Организатор на изложбата е Заедницата на Македонците во Република Хрватска, Задарската жупанија – „Биљана”, додека […]

Прва самостојна изложба на Геновева Качуркова


Сестраната уметница Геновева Качуркова на 8 јуни во галерискиот простор на Младинскиот културен центар ќе ја реализира својата прва самостојна изложба. Таа во нејзините дела манипулира со колоритот и нанесувањето на бојата, секој нејзин гест има сопствена експресивна моќ, една нејзина линија во однос на останатите визуелно возбудува и дава асоцијации за одредено расположение. Нејзината […]

„Отаде црнилото“ – самостојна изложба на Велимир Жерновски


„Отаде црнилото“ е насловена самостојната изложба на ликовниот уметник Велимир Жерновски која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музејот на современата уметност. Изложбата се состои од видеоинсталации, како и од неколку скулптури со кои се претставени астронаути во различни позиции, изработени со 3Д печатење и обоени со златна боја. – Изложбата е критика […]

Лани помалку изложби и уметници, повеќе посетители


Во текот на минатата година организирани се 575 ликовни изложби, и во однос на претходната година бројот е намален за два процента, објави Државниот завод за статистика. Во тој период, за 1,9 отсто е намален бројот на ликовните уметници – учесници на изложбите, а за 20,7 отсто е зголемен бројот на посетители на ликовните изложби. […]

Изложба на „Скопски вертикали“


Изложбата на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ на авторите Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков ќе се отвори вечерва во Музејот на град Скопје во 20 часот. Раководител на проектот е Фросина Зафировска, кустос советник. Покрај професионалната љубопитност, основен мотив кој стои во позадина на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ е да се придонесе за […]

Изложба на фотографии од истражувачкиот проект „Викиекспедиции“


Триесет и две најдобри фотографии направени во досегашните истражувања од проектот „Викиекспедиции“ на Википедија на македонски јазик ќе бидат претставени на изложба „Во допир со Македонија“ во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ од 11-ти до 15 април. Со изложбата ќе бидат одбележани три години од успешното спроведување на проектот „Викиекспедиции“, кој опфаќа теренски […]

Изложба „Причина“ на Филип Фидановски од 2 до 12 април во МКЦ


Изложбата насловена „Причина“ на Филип Фидановски ќе биде отворена на 2 април во Младинскиот културен центар во Скопје. Делата се изработени во повеќе различни техники, дигитален принт, фотографија, керамика, принт на платно и за оваа изложба се направени во 2017 година, а дел и годинава. Изложбата ќе биде отворена до 12 април. Фидановски е професор […]