Со Мицкоски на власт – довербата во судството паднала уште два проценти!


  Довербата на граѓаните во судството значително паднала оваа година во споредба со минатата, односно од 28 отсто во 2025 година стигнала до 26 отсто годинава, стои во годишниот извештај на Европската комисија за владењето на правото во Македонија. Она што е поважно е дека главната причина за тоа е перцепцијата дека има мешање и […]

Чуден молк околу извештајот на Вајц за Македонија


  Наспроти драмата што го следеше пишувањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент, гласањето вчера во Комитетот за надворешни работи помина речиси беа реакции и речиси без информации. Освен штурото соопштение од ЕП, во кое се спомнува дека немаме прогрес во владеењето на правото и борбата против корупцијата и сме раскарани внатре, никој реално […]

Вајц: Брисел да разјасни дали Протоколот потпишан со Бугарија е услов за Македонија


  Речиси 100 амандмани поднесоа бугарските европарламентарци на извештајот на Томас Вајц за прогресот на Македонија.  Тоа значи дека практично една третина од сите амандмани поднесени за извештајот на Европскиот парламент доаѓаат од преставниците на Софија, како да немаат друга потреба и сатисфакција во ЕУ – освен да се занимаваат со евроинтеграцијата на нашата држава. […]

Сиљановска видела многу извештаи, последниот на ЕУ требало да биде преговаран со Македонија


  Техничкиот извештај станал политички. Тој требало да се преговара со македонските власти, а не да биде оценка на Европската комисија. Така претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова се обиде да ги намали  оценките на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, кој е еден од најлошите во последните десетина години. Со тоа, после приказните […]

ВМРО-ДПМНЕ го нарече Извештајот на ЕУ – „извештајче“


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение призна дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е лош и него го оквалификува како метод на притисок. А во исто време тврди дека е „реален“. Во едно конфузно соопштение, ВМРО-ДПМНЕ вели дека дека „извештајот како многу пати во минатото и во други земји се користи како дел […]

Владата не постигна напредок во клучните економски реформи, оцени Европската комисија


  Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на нашата земја нагласува дека Владата не постигнала напредок во клучните економски реформи, како и дека ги одложила плановите за фискална консолидација и за целосната имплементација на органскиот закон за буџет првично планиран за 2025 година. Генерално, во однос на економските критериуми и постоењето на функционална пазарна […]

Има проблем со слободата на медиумите во Македонија: Извештај на Стејт департментот


  Во извештајот на Стејт департментот за состојбата на човековите права во 2024 во делот за Македонија се вели дека немало значајни промени во состојбата во текот на годината, но дека има проблеми со слободата на изразувањето и слободата на медиумите. „Значајните проблеми со човековите права вклучуваа веродостојни извештаи за сериозни ограничувања на слободата на […]

Бојко Борисов им „подава рака“ на пријателите од Македонија


  Во редицата изјави од Софија по изгласувањето на Извештајот на Европскиот парламент за Македонија и отфрлањето на одредниците македонски јазик и идентитет, се нареди и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Тој рече: „Повторно им подавам рака на нашите пријатели во Северна Македонија – да продолжиме заедно напред, врз основа на почитување и спроведување на […]

Македонија станува заложник на туѓи агенди, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави денеска денеска дека во извештајот на Европскиот парламент „јасно стои дека Северна Македонија е тешко погодена од странско мешање и дезинформациски кампањи, вклучувајќи хибридни закани, стратешка корупција, сомнителни финансиски текови и принудни инвестициски практики – особено со потекло од Русија и Кина“. Оценувајќи го извештајот на ЕУ кој […]

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик


Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц.  Извештајот, првично, требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваат со тоа што во дoкументот […]

Известувачот Томас Вајц цел на клеветничка кампања и закани од Бугарија


  Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, се пожали дека станал цел на закани од Бугарија, затоа што одбил да се повинува на притисокот од Софија околу извештајот за напредокот на нашата заемја. За тој извештај беа поднесени четири амандамни со кои се нагласува македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Тој за „Политико“ изјави […]

Презентација на извештајот „Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија”


Во „Europe House“ во Скопје денеска ќе бидат презентирани наодите од националниот извештај за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од истражувањето во 2021/22 година во Република Северна Македонија „Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија”. Како што информираат од Фондот за население на Обединетите […]

Каде е „многувековниот идентитет“ во седумте амандмани на извештајот на ЕП?


  Премиерот Христијан Мицкоски деновиве ја крена тензијата на релација Бугарија-Македонија, најавувајќи дека во среда во Брисел ќе биде презентиран извештајот за Македонија на Томас Вајц во кој за првпат ќе се зборува за „посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик“, а не тој од 1945 година – и тоа поврзан со нацијата, а […]

Светска банка ќе презентира извештај за Западен Балкан „Заживување на растот“


 Светска банка денеска организира презентација на 25-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија), насловен „Заживување на растот“. Извештајот ќе го претстават Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист, […]

ЕК: Судскиот совет да ја зголеми транспарентноста во процесот на одлучување


Генерално, нема напредок во зајакнувањето на независноста на судството и подобрување на правната рамка за заштита на основните права, оценува Европската комисија во Извештајот за 2023 година. Политичките актери, се вели во Извештајот, треба да се воздржат од јавно коментирање на судските постапки, додека Судскиот совет да ја зголеми транспарентноста во процесот на одлучување, а […]

Каква оцена ѝ даде ЕК на македонската економија


  Во однос на економските критериуми, Европската комисија во повеќето области ја оцени Северна Македонија со оцената за постигнат „одреден напредок“, но и со „добро ниво“ на подготовка на развојот на функционална пазарна економија, а исто така смета дека во наредниот период потребни се повеќе активности за да се приближи до критериумите на ЕУ, но […]

Ќучук побара одложување на гласањето на извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент


Известувачот во Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук, побара официјално одложување на гласањето за извештајот во ЕП, што беше закажано за крајот на јуни, соопштија од прес-службата на Ќучук. -Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Северна Македонија и ќе ја измери подготвеноста на […]

Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан


Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. Извештајот ќе го претстават Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан и Јоана Маџоска, економист во Канцеларијата на Светска банка во […]

Извештај на ЕК: Северна Македонија е умерено подготвена, потребна ефективна имплементација на законите


Умерена подготвеност на земјавава е генералната оценка на Европската комисија која утре треба да го објави Нацрт-извештајот за Република Северна Македонија. Радио Слободна Европа денеска објави дека имале увид во извештајот во кој се наведува дека е потребна ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи. Единствено во економските критериуми е […]

Презентација на извештајот за справување со загадувањето на воздухот во Град Скопје


  Македонска платформа против сиромаштијата денеска ќе го презентира извештајот насловен „Справување со загадувањето на воздухот преку минимизирање на енергетската сиромаштија и промовирање на проеколошко однесување“. Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје“, финансиран од Шведска, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство […]