ДИК ги соопшти освоените мандати за пратеници без 5 и 6 ИЕ – таму ќе се прегласува в среда


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8 мај годинава. Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски, за изборните единици 5 и 6 каде на одредени избирачки места ќе треба да се прегласува, резултатите се добиени со симулација и посебна техника врз […]

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“


Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024.  Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица. Според Изборниот […]

За Ковачевски резултатот на СДСМ е поразителен, им честиташе на Силјановска и на Мицкоски


  Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на прес-конференција го призна поразот на претседателските и на парламентарните избори и им честиташе на политичките противници, Гордана Сиљановска-Давкова и на ВМРО–ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски за изборниот успех. Тој истовремено најави длабоки и суштински реформи во СДСМ на сите нивоа, кои како што рече, треба […]

Излезноста до 17 часот покажува дека Македонија денеска ќе избере претседател


  На претседателските избори до 17 часот гласале 707 илјади гласачи односно 39,33 отсто, според 99 проценти од обработените гласачки места според податоците од веб-страницата на ДИК. Ова  значи дека цензусот сигурно ќе биде постигнат за Македонија да може денеска да избере претседател.  Претходно, претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на прес-конференција презентираше податоци за претседателските […]

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, најголема излезноста во ИЕ 1 – 31,18 отсто


Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23,95 отсто. Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46,44 отсто. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3,28 отсто. Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3,49 […]

До 11 часот за претседател гласале 12,87%, а за парламентарни 13,69% од гласачите


Државната изборна комисија на редовна прес – конференција направи пресек на излезноста од 11 часот. За претседател до 11 часот правото на глас го искористиле 12,87% од граѓаните. За парламент до 11 часот правото на глас го искористиле 13,69% од граѓаните. Во вториот круг претседателски избори до 11 часот согласно податоците од 2.080 избирачки места […]

Отворени избирачките места


 Во 7 часот почна гласањето на  вториот круг од претседателските избори и на парламентарните избори. Од ДИК за МИА информираат дека досега нема пријавено никакви проблеми со отворањето на избирачките места. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се […]

Излезноста во странство е 25,38 отсто, во затворите 60,46 отсто за претседателските


Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи. На 31 гласачко место во дипломатско конзуларните претставништва во странство, 2.569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаа можност да го […]

Политичкиот пазар стана френетична трка уште пред изборите


  Едните веќе објавуваат дека е создадена коалиција, другите дека ќе добиеле важни места во хиерархијата на МВР, трети повикуваат на конципирање „македонска платформа“, четврти зборуваат дека избеганите сопартијци работат во корист на лутите ривали, петти велат дека извикувањето националистички слогани била европска филозофија. Македонската политика навлезе во чудно доба на френетичност. До изборите има […]

Евроамбасадорот Гир го оцени првиот круг на изборите како мирен и демократски, очекува така да биде и на 8 мај


Шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава, Дејвид Гир, изјави денеска дека првиот круг од изборите за претседател на државата што се одржаа на 24 април, поминале во генерално мирна и демократска атмосфера, што беше и прелиминарната оценка на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Тој очекува дека таквата атмосфера ќе се задржи и во кампањата […]

Цело Скопје сега е под доминација на ВМРО-ДПМНЕ


  Една од причините за големиот, дури и неочекуван успех на Гордана Силјановска-Давкова во првиот круг на претседателските избори и лошиот резултат на Стево Пендаровски е гласањето во Скопје. Бидејќи ова пред сѐ беше кампања на ВМРО-ДПМНЕ против СДСМ резултатот од средата е таков што вмровските гласови ги преплавија сите општини без исклучок. Некаде победата […]

Упатство за гласање на претседателските избори


Државната изборна комисија пред утрешните претседателски избори објави упатство за гласање на граѓаните. Во него во 18 точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места. Во продолжение е целосното упатство на ДИК за гласање на претседателските избори: 1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК. […]

Гласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови


Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори. Од ДИК за МИА информираа дека гласањето на овие лица е почнато навреме и тече без проблеми. Гласањето за претседател почна со 191 член на […]

Шест членки на досегашната коалиција „Србија против насилството“ оди на избори под слоганот „Ја избирам борбата“


Шесте организации кои ја сочинуваа коалицијата „Србија против насилството“ на прес-конференција во собранието најавија дека заедно ќе учествуваат на претстојните избори во Белград и на локалните избори под слоганот „Ја избирам борбата“, јави дописникот на МИА од Белград. -Свесни за сета узурпација на режимот, барајќи изговори и купувајќи време кога се во прашање фер избори, […]

Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот


 Во вторниците 23 април и 7 мај, т.е. деновите пред одржувањето на изборите во државава, наставата во училиштата ќе се реализира вообичаено согласно распоредот, а училиштата во кои утредента ќе се организира гласање ќе работат од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија односно класови, соопшти Министерството за образование и наука. […]

Олаф Шолц: Гласот за СДСМ, Ковачевски и Пендаровски е глас за европската иднина на Македонија


  Германскиот канцелар Олаф Шолц, во име на Социјалдемократската партија на Германија, упати порака во која искажа поддршка за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на претседателот на партијата Димитар Ковачевски и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за претстојните избори и за натамошниот европски пат на Македонија кон полноправно членство во Европската унија. „Изборот е во ваши […]

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријават за гласање на претседателските избори


Изнемоштените и болните лица до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори закажани за 24 април. -Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, 24:00 […]

Убедлива победа на опозицијата на изборите во Јужна Кореја


Либералните опозициски партии во Јужна Кореја извојуваа убедлива победа на вчерашните парламентарни избори, нанесувајќи му удар на претседателот Јун Сук Јеол и неговата конзервативна партија, иако не добија двотретинско мнозинство во парламентот. Според првичните резултати на Националната изборна комисија, Демократската партија освои 170 од 300 мандати во новото свикување на парламентот. Исто така, се очекува […]

Се пореален е бојкот на опозицијата на изборите за град Белград


 Изборите за град Белград се распишани за 2 јуни, коалицијата околу СНС веќе ја предаде изборната листа, а во пресрет на утрешната средба на партитие за изборните услови во Собранието на покана на спикерката Ана Брнабиќ, се пореално е опозицијата поради неисполнување на нивните барања, согласно извештајот на ОДИХР, да ги бојкотира изборите, јави дописникот […]

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321


Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денеска на денот на започнувањето на кампањата за избор на Претседател на Република Северна Македонија, па се до 8 мај 2024 година кога ќе се одржи вториот круг од Претседателските избори 2024 година и Парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]