Почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа


Денеска почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на […]

Политички земјотрес во најава: социјалдемократите за прв пат во историјата ќе го загубат Копенхаген


  КОПЕНХАГЕН — Социјалдемократите на данската премиерка Мете Фредериксен се соочуваат со потенцијален политички земјотрес на локалните избори во вторник. Анкетите предвидуваат пораз во самите градови кои некогаш ја држеа моќта на партијата. Но, најголемото понижување може да дојде во Копенхаген, каде што социјалдемократите се на работ да ја изгубат контролата врз градското собрание за […]

Гаши ги распиша локалните избори за Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа на 11 јануари


Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска за 11 јануари ги распиша локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде на 19 октомври, прв круг на Локалните избори немаше доволен број излезени граѓани на гласање.  За 13 часот седница закажа и Државната изборна комисија, која треба да ги почне подготовките за […]

ОБСЕ високо ја оцени организацијата на вториот круг локални избори во Косово


 Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Џерард Мекгурк, високо ја оцени работата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово и на сите оние кои беа вклучени во организацијата на вториот круг од локалните избори во 18 од вкупно 38 општини. – Со затворањето на гласачките места за вториот круг од локалните избори, им […]

Демократите во САД не само што се опоравија. Тие доминираа


  За демократите, вторникот вечерта се чувствуваше како одново да е2017 година. Низ целата земја, демократите победија со големи победи, од главните трки до натпревари помалку важни. Окрузите што се поместија десно пред една година се вратија налево, а предградијата што ги поттикнаа огромните победи на демократите во првата администрација на Трамп се вратија со […]

Гласаа за Мециновиќ, а Левица уште првата вечер одврати многу од гласачите на СДСМ


  Кога добриот резултат ќе се претстави како триумф, тогаш и однесувањето во тој „триумф“ станува специфично. Чудно, па и политички хазардерско. Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, е еден од победниците на овие локални избори, иако тој ја загуби трката. Тој изгуби со 34.000 гласови разлика од Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ), иако […]

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата и во вториот круг, колапс на ДУИ


  Резултатите од вториот круг на изборите за градоначалници во Македонија се надоврзаа на гласањето од пред две недели. Во загрижувачки мала излезност од 40-ина отсто кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ добија уште дузина градоначалнички места и тоа оние во коишто стави најголем влог – во скопски Карпош, во Кичево и во Брвеница. И во главната битка, […]

Заврши гласањето на осмите локални избори во вториот круг, почнува броењето


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Денеска не се гласаше за градоначалици во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, […]

Орбан ќе дава не само 13., туку и 14. пензија: Страв од изборите во април


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека земјата ќе исплати 14. пензија, објави националната новинска агенција МТИ. Во видео објавено на Фејсбук, Орбан објасни дека одлуката следела по долга дебата за време на владиниот состанок во среда, додавајќи дека владата веќе работи на воведување на 14. пензија. Владата, исто така, одлучи да ги зголеми платите […]

Прогресивната Д66 вистински победник на изборите во Холандија


  Центристичката партија Д66 оствари огромен напредок на холандските избори, што веројатно ѝ даде водство во формирањето влада, бидејќи партијата на лидерот на крајната десница Герт Вилдерс ја изгуби поддршката. Со пребројани 97% од гласовите рано во четвртокот, се очекува Д66 и Партијата на слободата (ПВВ) на Вилдерс да освојат 26 места во Долниот дом […]

Холандија гласа на избори кои се екстремно тесни


  Во Холандија е во тек гласање на неизвесните парламентарни избори, на кои анкетите покажуваат дека повторно би можела да победи крајно десничарската Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, иако има мали шанси да биде дел од следната влада. ПВВ, која на последните избори заврши шокантно прва и формираше краткотрајна десничарска коалиција од четири […]

И за вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови


Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчера оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на изборниот ден. Директорот Јанев нагласи дека обврската на полицијата е јасна […]

Мицкоски: „Бараме само почит од ‘Вреди’“. Мицкоски: „Не, тоа е шпекулација“


  Можеби премиерот не се сеќава на сопствените зборови и ставови. Или можеби политичкиот амбиент се променил во рок од ден-два, па сака неговите зборови да ги заборави. Вчерашната мала размена меѓу Христијан Мицкоски и еден од новинарите додека даваше изјави во Градската болница „8 Септември“ во Скопје е извонреден пример како еден премиер  со […]

Изборите во 2026 година ќе бидат најважните во модерната историја на Србија, најавува Вучиќ


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Зрењанин изјави дека изборите во 2026 година ќе бидат најважните избори во модерната иднина на Србија, но  не прецизираше кога ќе бидат распишани тие парламентарни избори, иако студентите во блокада и граѓаните кои ги поддржуваат веќе неколку месеци бараат нивно распишување.  Упатувајчи критики до опозицијата, тој наведе дека на […]

Во Битола веќе ќе нема „кочничари“, ВМРО-ДПМНЕ ја има целата власт


  БИТОЛА – Во Битола локалните избори завршија во првиот круг. Убедлива победа на Тони Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ. После четири години локална власт на Коњановски, битолчани вчера го избраа уште во првиот круг (со освоени 18.813 гласа) и направија разлика од близу 11.000 гласови од второпласираната, независната кандидатка Габриела Илиевска. На овие избори сите ученици […]

ДУИ го победи ВЛЕН, но го загуби „дербито“ во Чаир. А и во Сарај


  Бројот на освоени градоначалнички места или влез во вториот круг е впечатлива математика, но не е целосна. Така е и во македонскиот, така е и во албанскиот политички блок. Според податоците на ДИК, коалицијата ВЛЕН има веќе добиено или ќе влезе во вториот круг во битката за градоначалник во девет општини, а коалицијата околу […]

Во прв круг избрани 44 градоначалници, втор круг ќе има во 33 општини, повторување во три


На локалните избори, во прв круг беа избрани градоначалници во 44 општини, додека во 33 ќе се гласа во втор круг. Во три општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Според податоците на Државната изборна комисија, градоначалници во прв круг се избрани во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, […]

Заврши гласањето на локалните избори, следува пребројување на гласовите


  Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што […]

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено


Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето таму за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот, рече денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Како што истакна Кондарко, одговорајќи на новинарски прашања […]

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште в недела


Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Делчево се меѓу 21 општина со по двајца кандидати за градоначалник и најверојатно таму граѓаните прв човек на локалната самоуправа ќе добијат уште следната недела. Локалните избори за 80 општини и Градот Скопје се закажани за в недела на 19 октомври. По двајца кандидати за градоначалници има во Богданци каде […]