Изборниот законик ќе се менува поради ДИК


Откако во Собранието ќе се гласа за доверба на Владата, власта и опозицијата ќе го спроведат договореното меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за нов состав на Државната изборна комисија. Тоа ќе биде прв тест за реформскиот пакет, кој ги враќа пратениците на опозицијата во парламентот, иако промената на изборот на […]

Заев: Нема потреба од предвремени избори, ќе се зголемува парламентарното мнозинство


Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на опозицијата повторно да се вклучи во работата на Парламентот. Според него, така ќе има функционална демократија и тоа е минимум нешто што граѓаните на Република Македонија го очекуваат. Оцени дека дијалогот со опозицијата се движи во добар превец. – Работните групи работат и голем дел од законските решенија […]

Почна гласањето на претседателските избори во Египет


Во Египет почна гласањето на претседателските избори, на кои се очекува сигурна победа на актуелниот шеф на државата Абдел Фатах ал Сиси. Гласањето трае до среда. Единствен против-кандидат му е недоволно познатиот во јасноста политичар Муса Мустафа Муса, кој се вклучи во претседателската трка во последен момент, со цел гласачите да имаат избор. Муса не […]

Поддршката за Путин станува „севернокорејска“


Еден ден по изборите во Русија никој не ни чека пребројување на гласовите бидејќи нема ни сомнеж дека и овој пат, по четврти пат, Владимир Путин ќе биде избран за претседател. Тоа значи дека и во следните шест години тој ќе ја решава судбината на земјата, а прогнозите беа дека за тоа ќе добие поддршка […]

Путин им се заблагодари на Русите и побара да го одржат единството


Реизбраниот руски претседател Владимир Путин синоќа се појави на концерт во Москва по повод годишнината од анексијата на Крим и им се заблагодари на граѓаните на поддршката што му ја дадоа. Концертот „Русија.Крим.Севастопол“ беше одржан на плоштадот Мањежни во центарот на Москва. – Ви се обраќам вам, кои се собравте тука, но и на сите […]

Украина забрани гласање на Русите на нејзина територија


На граѓаните на Русија нема да им биде дозволен пристап до дипломатските мисии во Украина в недела кога се одржуваат избори за претседател на Русија, соопшти денеска министерот за внатрешни рабопти на Украина Арсен Аваков. – Министерството за внатрешни работи соопштува дека безбедносните аранжмани на руската дипломатска мисија во Украина конкретно во Киев, Карков, Одеса […]

Путин ги повика Русите да гласаат во недела


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика граѓаните на Русија в недела да гласаат на претседателските избори, за кои Кремљ стравува дека ќе бидат со мала избирачка активност. – За кого да се гласа, како ќе биде искористено правото на слободен избор е лична одлука на секој човек. Но, ако одлучите да не донесете таква […]

Парламентарни избори во Куба


Повеќе од осум милиони Кубанци денеска избираат 605 членови на Националното собрание. Во изборниот процес има толку кандидати колку што има места во Парламентот. Од нив, 548 се членови на Кубанската комунистичка партија, а останатите се одобрени од неа. На денешните парламентарни избори Кубанците ќе изберат и 1.265 делегати во 15 провинциски собранија. Првата седница […]

Трамп: Русија и други земји се мешале во изборите во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имало мешање на Русија и веројатно и други земји во американските избори во 2016 година, како и дека Вашингтон ќе го спречи секој обид за мешање во овогодишните избори за Конгресот на САД. – Па, Русите немаа никакво влијание на нашите гласови, но сигурно имало мешање и веројатно и […]

Вучиќ го враќа еднопартизмот


По извонредно валканата и негативна кампања против опозицијата пред изборите, власта во Србија е на добар пат да ја оствари својата главна цел: враќање на еднопартиски систем. Добар дел од вината за победата на Српската напредна партија на локалните избори во Белград има и самата опозиција, која најпрво прифати да се натпреварува во такви услови, а потоа […]

Италијанците избраа хаос место влада


Гласачите во Италија му рекоа „не“ на стариот политички систем. Но, популистите од левата и од десната страна, кои освоија најмногу гласови, не можат да формираат влада. И добро е што е така, смета Бернд Ригерт. Изборите во Италија не донесоа јасно мнозинство кое би можело да формира влада, а тоа е загрижувачки сигнал. Шеесет […]

Италијанците излегоа на избори со гнев: Во подем десничарите, популистите и Берлускони


Италијанците вчера гласаа на избори кои би можеле да доведат до политички метеж по кампањата одбележана со гнев поради слабата економија, високата стапка на невработеност и имиграција. Анкетите предвидуваа дека поранешниот премиер Силвио Берлускони и неговите екстремно десничарски сојузници ќе се појават како најголем блок во парламентот, но ќе немаат мнозинство. Движењето „Пет ѕвезди“ се […]

Здружението на кошаркари ќе добие ново раководство


Здружението на кошаркари на Македонија утре од 15 часот во Конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го одржи редовното Годишно собрание на кое треба да биде избрано ново раководство. „На ова собрание ќе имаме можност да избереме нова управувачка структура, нови членови на управниот и надзорниот одбор бидејќи на дел од сегашните […]

Анастасијадис не успеа да победи во првиот круг на изборите во Кипар


Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис освоил меѓу 38 и 42 проценти од гласовите на денешниот прв круг гласање на претседателските избори, јави новинската агенција ДПА повикувајќи се на кипарската државна телевизија. Доколку резултатите се потврдат, Анастасијадис ќе мора да оди на втор изборен круг, каде ќе се соочи со комунистичкиот кандидат Ставрос Маљас. Николас Пападопулос, син […]

Вучиќ: Нема предвремени парламентарни избори во Србија


Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС) на денешната седница донесе одлука да не иницира распишување предвремени парламентарни избори, соопшти вечерва партискиот лидер и актуелен претседател на Србија, Александар Вучиќ. По завршувањето на седницата Вучиќ им се заблагодари на членовите на Претседателството затоа што „речиси едногласно, со два гласа против“, го поддржале неговиот став дека […]

Путин сѐ поблиску до нов мандат: Одбиена претседателската кандидатурата на Алексеј Навални


Руската Централна изборна комисија денеска го одби барањето на Алексеј Навални да се кандидира на претстојните претседателски избори. Навални, кој е познат како организатор на протестите против рускиот претседател Владимир Путин, кого го обвинува за корупција, се сметаше за еден од посериозните кандидати кои можат да го предизвикаат актуелниот шеф на руската држава. Причината поради […]

Завршија изборите во Каталонија – сепаратистите со мнозинство според излезните анкети


Заврши гласањето на вонредните парламентарни избори во Каталонија, а според првите излезни анкети, партиите кои заговараат независност на регионот најверојатно ќе извојуваат победа. Сепаратистичките партии ќе освојат меѓу 67 и 71 место во Парламентот со 135 столчиња, покажува анкетата објавена во весникот „Вангардија“. Првите официјални прелиминарни резултати се очекуваат после 21 часот според средноевропско време, […]

Навални: Можам да го победам Путин на фер избори


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека е уверен оти ќе го победи рускиот претседател Владимир Путин доколку има фер избори. Во изјава за американски медиуми, тој рече дека не може да победи сѐ додека Кремљ има контрола врз информациите што се емитуваат на телевизиски станици. Навални додаде дека Кремљ не сака да го види […]

Путин не се предава, ќе се кандидира за нов мандат


Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во март како независен кандидат и оти очекува широка поддршка од партиите и народот во Русија. На годишната прес-конференција во Москва Путин прецизираше дека се уште не назначил шеф на неговиот изборен штаб и не сакаше во детали да зборува за неговата […]

ДИК во 14 часот ќе одржи вонредна седница да ги повлекува бонусите


Државната изборна комисија попладнево во 14 часот ќе одржи вонредна седница, откако амбасадорот на САД, Џес Бејли, вчера обзнани дека членовите на Државната Изборна Комисија (ДИК) си изгласале по дополнителни четири плати по изборите во декември. Тие претходно дополнително добиле плати и за пет месеци по изборите од 2016 година. Гласањето за дополнителните плати било […]