ИВЗ не се дава: Кога ќе нè плаќа државата, УЈП ќе може да нè контролира


Исламската верска заедница ќе ги стави на пауза сите преписки и недоразбирања со Владата околу „бавната и дискриминаторска“ денационализација на нивниот имот, поради што ѝ се заканија дека ќе ја кодошат во пресрет на претседателските избори во своите 700 џамии низ земјава. Оттаму велат дека не сакаат да влезат во политичка кампања, поради што следните […]

Спасовски: Ги преземаме сите мерки за фер, мирна и демократска изборна атмосфера


Од аспект на Министерството за внатрешни работи се преземаат сите мерки за создавање фер, мирна и демократска атмосфера во која ќе можат да бидат презентирани  програмите на кандидатите за претседател, а таква атмосфера да има и во тек на изборната кампања и на изборниот ден, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашната емисија […]

Предизборна опомена од Брисел


Александра М. Митевска Во присуство на четворица владини членови, во Брисел деновиве, всушност, ѝ беше пратена порака на македонската опозиција. Нејзини претставници, пак, вчера заминаа исто така во белгиската престолнина за да присуствуваат на состанокот на Европската народна партија, на чиј дневен ред најжешка точка беше предлогот за суспензија, па и за можно исклучување на […]

Се одбројува до кампањата. Патот кон Водно почнува и завршува во Охрид


Охрид, според навестувањата, ќе биде во центарот на претстојната изборна кампања за претседател на државата, што е очекувано со оглед на поклопувањето со вонредните избори за градоначалник на оваа општина, која важи за една од најатрактивните во државата, а во минатото таму се бележеа чести осцилации во политичкото расположение на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, традиционално, и за […]

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат во трката за градоначалник на Дебар


ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат за градоначалник на Дебар на предвремените избори во оваа општина, што ќе се одржат на 21 април заедно со претседателските. Ова за МИА го изјави Афет Авмедоски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Дебар. -Нема да имаме наш кандидат во трката за градоначалник на Дебар. Засега немаме […]

За претседателските избори во странство ќе може да гласаат 1.782 граѓани во 32 ДКП-а


На Претседателските избори 2019 година, своето право на глас во странство ќе можат да го остварат вкупно 1.782 граѓани во 32 Дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство и тоа: Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Истанбул, Камбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, […]

ЕУ предупредува против потенцијален бојкот на изборите


Учеството во изборните процеси ќе биде од суштинска важност за проценката за старт на преговори во јуни, европските челници ги повикаа и власта и опозицијата на одговорност во пресрет на претседателските избори, што ќе мораат да бидат кристално чисти, јави дописничката на МИА од Брисел по петнаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација (ССА) со кој претседаваше […]

Заев: Ако Пендаровски изгуби на претседателските, ќе се распишат предвремени парламентарни избори


Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владејачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот кандидат, Гордана Силјановска Давкова. -Ако кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори – изјави Заев. Според премиерот […]

Никола Андонов e кандидат на СДСМ за градоначалник на Ново Село


Никола Андонов, познат стопанственик од село Колешино, е кандидат за градоначалник на општина Ново Село од редовите на СДСМ на претстојните локални избори што ќе се одржат на 21 април заедно со претседателските. Одлуката е донесена денеска на средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со општинското раководство и евидентираните кандидати за градоначалник. Во Ново […]

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за претседателски кандидат


Вечерва на полноќ завршува рокот за собирање на потписи за кандидатите за претседател на државата. Засега сигурни во претседателската трка се Гордана Силјановска–Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река. Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието. Пендаровски, покрај потписите од […]

Роднините не тежат 40 проценти


Александра м. Митевска Многумина, веројатно, почувствувале олеснување кога ја слушнале дефинитивната одлуката на СДСМ дека нема предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Сигурно му олесни и на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, кој повеќе маркетиншки бараше нешто што се надеваше дека нема да го добие. Затоа што, ако го добиеше, потешко би можел да стимулира тивок […]

Мицкоски: Зоране, колку и да бегаш, ќе те победам


Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ја коментираше одлуката на СДСМ да нема предвремени парламентарни избори. „Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема! СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, […]

СДСМ: Нема предвремени парламентарни избори


Извршниот одбор на СДСМ вечерва одлучи да не се оди на предвремени парламентарни избори. „ Одговорна партија не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и е повисок од оној на опозицијата. Веќе сме во НАТО, и одговорна партија не би го загрозила датумот за отворање преговори со ЕУ, не би ги застанала […]

Претседателските избори го забрзаа одржувањето на Скопскиот маратон


Поради одржување на претседателските избори, чиј втор круг  ќе се поклопи со првичниот датум на одржување на 15-то издание на Виз Ер Скопски маратон, 5-ти мај 2019, и неможноста во ист ден со изборите да се одржи и маратонот, организаторите, Сојуз на спортови на Скопје и Организациониот Одбор на Виз Ер Скопскиот маратон, донесоа одлука […]

Љајиќ: Сега е момент за избори


Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија (СДПС) Расим Љајиќ смета дека сега е момент за парламентарни избори, со цел новата влада да добие целосен демократски капацитет и легитимет за решавање на прашањето за Косово. Како друга причина поради која би требало да се оди на избори Љајиќ ги наведе протестите на улиците каде се оспорува […]

Димитров за претседател, Шекеринска и Пендаровски министри?


Никола Димитров да биде кандидат за претседател, Радмила Шекеринска да го заземе неговото место во Министерството за надворешни работи, Стево Пендаровски да се трансферира во Министерството за одбрана, а Оливер Спасовски да остане „прв полицаец“. Ова е една од варијантите за која се размислува во Социјалдемократскиот сојуз откако овие четворица истакнати претставници на власта искажаа […]

Почнува мониторингот на изборното медиумското известување на радиодифузерите


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги започнува со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите. Мониторингот ќе се спроведува согласно Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси од 7.02.2019 година, се наведува во соопштението на АВМУ. Сите телевизии и радија кои ќе емитуваат […]

Џафери ги распиша претседателските избори


Претседателот на Собранието,Талат Џафери пред малку стави потпис на решението со кое ги распиша претседателските избори. Првиот круг на шестите претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај. – Треба да оржиме избори какви што и доликуваат на европска демократска држава. Апелирам до сите учесници во изборниот процес да […]

ВМРО бара ОБСЕ да гарантира за изборите


ВМРО-ДПМНЕ бара ОБСЕ да го зголеми бројот на набљудувачи за време на претседателските избори во земјава, со што би се спречило евентуалното полнење кутии. Во најголемата опозициска партија стравуваат дека власта подготвува фалсификат на волјата на граѓаните особено што не се прифаќа нивното барање за предвремени парламентарни избори, кои би придонеле за засилен мониторинг на […]

Претседателската трка може да почне


Претседателот на парламентот Талат Џафери денеска доцна попладне, како што е најавено, треба да ги распише шестите претседателски избори, по што почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, за што ДИК треба да донесе роковник. Првиот круг, според најавите, треба да се одржи на 21 април, а втората и одлучувачка рунда на 5 […]