Бриселско „не“ (не) го носи Заев на избори


„Договорот од Преспа има централно место во плановите за иднината на земјата. Тој е и суштината на амбициите за вашата младина и на тоа што може да го направиме заедно во годините што следуваат. Тоа е едноставната, јасна и скромна порака која сакам да ви ја пратам. Јас не можам да се ставам на вашето […]

На избори со и без закон за обвинителство


ВМРО-ДПМНЕ и вчера побара власта да распише предвремени избори. Коментирајќи ги последните јавни настапи на премиерот Зоран Заев, најголемата опозициска партија констатираше дека има само еден начин да се проверат неговите тврдења оти државата блеска: соочување со гласачите. Тие се уверени оти владата на СДСМ и коалициските партнери веќе три години владеат со криминал, корупција […]

На избори во октомври другата година


Премиерот Зоран Заев 99 отсто е сигурен дека во октомври ќе добиеме датум за почетокот на преговорите со Европската унија, членството во НАТО е завршена работа, а предвремени избори се непродуктивни и деструктивни во овој момент за земјата и нејзините граѓани. Тој во интервју за „Фокус“ вели дека законот за Јавното обвинителство, каде се решава […]

Јанушев: ВМРО ги немаше снимките за „Рекет“


Како реакција на аферата „Рекет“, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту еден начин на делување не се исклучува, меѓу кои и протести и блокади. Партијата ги немаше снимките додека не ги објави италијанскиот весник, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој нагласува дека имаат заеднички точки со партиите […]

„Рекет“ ќе нѐ однесе на гласање


Дали ќе има предвремени избори напролет или на почетокот од летото в година ,зависи од тоа дали во октомври ќе добиеме датум за преговори за членство во Европската унија, односно дали до крајот на годинава ќе заврши процедурата за влез во НАТО. Вакви се предвидувањата на аналитичарите, но и размислувањата во владејачките кругови во однос […]

Мицкоски до Заев: Ајде на избори, па да видиме колку блескаш


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понуди два термини за предвремени парламентарни избори. Според него, тие би требало да се одржат на почетокот на април или кон крајот на мај другата година. „Предвремените избори се одлична можност Зоран Заев да провери дали навистина блеска или блеска само во друштво кога е со неколкумина негови обожаватели. Ние […]

Мицотакис ја претстави владината програма: Со оружје технологија против бирократија


Земам збор со надеж дека ќе направам нов почеток во нашиот политички живот, бидејќи изборите на 7 јули затворија една деценија на економско, општествено и културно уназадување, рече грчкиот премиер на почетокот од неговото обраќање за време на тридневната расправа што е во тек во Парламентот за добивање доверба на владата, јави дописничката на МИА […]

Оставки и апсења за договор или за избори


Заглавените политички процеси во земјава вчера беа придвижени од драматични случувања што би можело да помогнат во одврзувањето на јазолот. Додека премиерот Зоран Заев држеше прес-конференција во Владата, на која на лидерска средба ги повика првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата за Албанците, специјалната обвинителка Катица Јанева ја соопшти својата оставка, а на […]

Грците очекуваат нова влада да им влее повеќе оптимизам за подобра иднина


Грција-Подобра иднина, помалку даноци и кратења, а подобрување на личната финансиска состојба, очекуваат Грците од новата влада, која партија и да победи на денешните предвремени парламентарни избори. Дописничката на МИА од Атина посети неколку гласачки места и поразговара со Грците кои го остварија правото на глас. Дел од нив се убедени дека Од утре, Кирјакос […]

Вебер: Сакам стабилна Европа


Кандидатот на германскиот десен центар за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, денеска изрази надеж дека гласачите на европските избори ќе ја поддржат „стабилна Европа“ и „обединет и амбициозен континент”. -Не сакам да ја видам европска десно-популистичка Европа, која сака да ја уништи идејата за заедништво, но, исто така, сум и против Европа во рацете […]

Ципрас: Изборите за ЕП се гласање за доверба на мојата политика


Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача дека изборите за Европскиот парламент се гласање и за доверба во неговата политика и планот за штедење во 2019 и 2020 година. Запрашан дали размислува за предвремени избори во јуни и дали тоа зависи од резултатите од гласањето за изборите во Европскиот парламент, Ципрас рече дека луѓето в недела можеби […]

Завршува кампањата во Грција: Ципрас во Атина, Мицотакис во Солун


Со централни митинзи и обраќања на лидерите на политичките партии денеска на полноќ завршува предизборната кампања во Грција за европските и локалните избори што ќе се одржат в недела, јави дописничката на МИА од Атина. Владејачката СИРИЗА последниот предизборен митинг ќе го одржи вечерва на плоштадот Синтагма во центарот на Атина а говор ќе одржи […]

Лабуристите победиле на изборите во Холандија за ЕП


Лабуристичката партија на потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, освои најголем број гласови на холандските избори за Европскиот парламент, според резултатите од прелиминарната анкета на Ипсос. Лабуристичката партија, и покрај различните прогнози, на вчерашните избори за ЕП ги победиле Либералите (ВВД) и популистите (ФвД). Според резултатите од истражувањето на Ипсос за холандската телевизија НОС, партијата […]

Парламентарни избори во Австралија


Австралија- Околу 11 милиони Австралијци денеска гласаат за избор на нов состав на австралискиот Федерален парламент, по 36-дневна изборна кампања во која главни теми беа климатските промени и состојбата во економијата. Жителите на Австралија избираат 40 од вкупно 76-те членови на Сенатот и сите 151 членови во Претставничкиот дом. За сенаторските места се борат 458, […]

ВМРО поднесе 12 приговори, се жали на полнење кутии, агитирање и поткуп


Вкупно 12 приговори до Државната изборна комисија (ДИК) поднесе ВМРО-ДПМНЕ по вториот круг од претседателските избори. Според најголемата опозициска партија, во неделата имало случаи на полнење кутии, гласања за повеќе лица, недозволено агитирање, злоупотреба на државните ресурси, како и поткуп. „Ова не се демократски избори, туку ефикасно спроведен изборен инженеринг“, обвинуваат во ВМРО-ДПМНЕ, иако во […]

Меѓународни набљудувачи: Изборите добро организирани, потребна е реформа на законската рамка


Вториот круг на претседателските избори беше добро спроведен и помина во мирна и спокојна атмосфера. Сепак, и натаму загрижуваат недоследностите во законската рамка, заклучи меѓународната набљудувачка мисија за изборите во земјата на денешната прес-конференција. Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер рече дека изборите биле добро организирани во мирен и спокоен изборен ден и […]

Меѓународните набљудувачи ќе објават првични наоди и заклучоци за изборите


Меѓународните набљудувачи кои вчера го следеа првиот круг од претседателските избори денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци. Првичните наоди и заклучоци ќе ги објават Серен Мобурн, специјален координатор и шеф на краткорочните набљудувачи од ОБСЕ, Мари – Кристин Дало, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа […]

Силјановска: Знам дека победи противкандидатот, но не ја загубив битката


Вообичаено поразените се чувствуваат лошо, но јас никогаш не сум била поисполнета, рече кандидатот за претседател, Гордана Силјановска – Давкова. Таа им изрази благодарност на околу 370.000 граѓани, колку што и дадоа поддршка, при што станува збор за педесетина илјади повеќе од првиот круг. „Прашање е дали резултатот води кон помирување на обединување и помирување […]

ДИК: До 10 часот гласале 99.192 гласачи или 6,31 отсто


На гласачките места веќе три и пол часа гласањето се одвива мирно, непрекинато и без неправилности. До овој момент обработени се информации од 88,10 проценти од избирачките места. Вкупниот број на запишани избирачи во избирачките места од кои пристигнале податоци се 1.571.008 избирачи. Вкупниот број на избирачи кои гласале во избирачките места од кои се […]

ДИК: Гласањето мирно, одѕивот до 10 часот 6,31 отсто


Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 10 часот изнесува 6,31 отсто, соопшти на првата прес-конференција на Државната изборна комисија портпаролката Љупка Гугучевска. Таа додаде дека на гласање до 10 часот излегле 99.192 гласачи. Според ДИК, гласањето во првите три и пол часа се одвива мирно. Во првиот круг од изборите до […]