Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија


Хамза ал Хомси, еден од главните водачи на терористичката организација Исламска држава, е убиен во североисточна Сирија во хеликоптерски напад под команда на американската армија, а во акцијата се ранети четворица американски војници. ИД денеска изврши напад во централна Сирија, во градот Сукна, во кој загинаа најмалку 36 цивили, објави Сириската опсерваторија за човекови права […]

Ердоган потврди: Уапсен е Абу Зеид, лидер на Исламска држава


Турската полиција го уапсила Башар Хатаб Газал ел Сумајдал, попознат како Абу Зеид, кој е еден од лидерите на терористичката организација Исламска држава. Веста ја потврди и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесе Анадолија. Абу Зеид е уапсен во Турција, во операција која ја спроведоа полицијата и турската разузнавачка агенција, рече вчера Ердоган на […]

ИД презеде одговорност за нападот во Кабул


 Исламска држава презеде одговорност за бомбашкиот напад врз комбе што превезуваше патници во Кабул, при што загина една жена, а три лица се повредени. Тоа е втора експлозија за две дена во Кабул, каде расте загриженоста за безбедноста воочи Рамазан бајрам, што денеска, првпат по 20 години, ќе биде одбележан под власта на талибанците. Пред два дена настрадаа […]

Разузнавањето на Германија предупреди за напади на ИД во Европа


Германија– Германското разузнавање предупреди дека терористичката организација Исламска држава може да организира напади во Европа. Директорот на Федералната служба за заштита на Уставот (БфВ) Томас Ханделванг првпат беше домаќин на годинешниот симпозиум на службата за надворешно разузнавање во Берлин. Ханделванг рече дека никој не треба да биде во заблуда за воениот пораз на Исламската држава во Сирија. […]

Сириската армија изврши воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија


Сириската армија изврши воздушни напади врз позиции на милитантите од Исламска држава и се судри со џихадисти во централна Сирија, објави денеска провладиниот весник „Ал-Ватан“. Избувнувањето на конфликтот во областа Ал Сухна, помеѓу Палмира и Деир ал-Зора, укажува дека упориштата на радикалната група се уште позападно од Еуфрат, и покрај тоа што борците со американска […]

(Видео) Швеѓаните преку музички спот се исмеваат со Исламска држава


Музички видео-спот кој ги исмева џихадистите и Исламска држава предизвика остри реакции во јавноста во Шведска. Националната телевизиска мрежа СВТ, која го објави спотот, е на удар на гневни коментари во кои се бара забрана на спотот. Сатиричното видео прикажува шведски државјани кои одлучиле да се приклучат на ИД, а во него со хип-хоп музика […]

Меркел: Исламската држава е далеку од пораз


Џихадистичката група Исламска држава (ИД) е далеку од поразена и таа сега, откако ја загуби речиси целата територија што ја контролираше во Сирија, се претвора во асиметрична воена сила, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. – Таканаречената Исламска држава, за среќа, е истисната од својата територија, но тоа, за жал, не значи дека ИД исчезнала, […]

Американски генерал тврди дека ИД во Сирија не е поразена


Командантот на американските сили на Блискиот Исток, Џозеф Вотел изјави дека претседателот Доналд Трамп не се консултирал со него за повлекување на војниците од Сирија. Тој истакна дека изјавата на врховниот командант била изненадување за него. Трамп во декември најави повлекување на околу 2.000 војници од Сирија, оценувајќи дека џихадистите од Исламска држава се поразени. […]

Лондон: ИД и натаму е потенцијална закана


Англија– Британското Министерство за надворешни работи смета дека џихадистичката група Исламска држава (ИД) и натаму претставува потенцијална закана, иако повеќе нема територии под нејзина контрола. – Треба да се направат уште многу работи и не смееме да заборавиме каква закана претставува ИД. Дури и без територија, Исламската држава останува закана, се истакнува во соопштението на […]

Убиен Албанец-командант во терористичката ИД


Во судири со сириските демократски сили (СДС) во близина на градот Хаџин, во источниот дел на Сирија убиен е Албанец, командант во структурите на терористичката „Исламска држава“. Според албанските медиуми станува збор за Албанец познат под името Абу Усама Ал-Албани, еден од главните команданти во ИД. Се смета дека командантот на ИД е странец од […]

Албанската влада демантира формирање Центар за повратници од ИД


Албанската влада во врска со  информациите на медиумите дека во Албанија  ќе се формира Центар за повратници на припадници на терористичката  ИД од балканските земји, реагираше вчера, нагласувајќи  дека  не постои никакво барање или план за такво нешто. – Тоа се лажни вести, со провокативен и политички карактер, отворени шпекулации дека наводно во Албанија ќе […]

Анкета: Жителите на Косово се плашат од повратниците од ИД


Граѓаните на Косово се уверени дека насилниот верски екстремизам останува сериозна закана за националната безбедност, покажа најновото истражување на јавното мислење во врска со повратниците војните во странство. Како што јавува дописникот на МИА од Приштина, ваквото мислење го делат дури 75 отсто од анкетирани од страна на Косовскиот центар за безбедносни студии (КЦБС), кој […]

ИД ги повика муслиманите од целиот свет да и се придружат во Авганистан


Џихадистичката група Исламска држава (ИД) упати повик до муслиманките од целиот свет да им се придружат на нејзините борци во авганистанските провниции Џаузџан и Нангархар. Како што јави АФП, повикот е упатен преку 25-минутно видео насловено „Светот на Алах е голем“, во кое се прикажани борци на ИД во реонот на Тора Бора. – Повик […]

Во турските затвори се наоѓаат 10.000 припадници на ИД


Во затворите во Турција се наоѓаат околу 10.000 припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД), изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција. – Спречивме 5.800 странци да ги минат нашите граници и ги вративме назад. Од каде мислите дека доаѓаа тие? Доаѓаа од европските земји, нагласи Јилдирим. Тој додаде дека […]