Видео: „Тигрите“ приведоа бегалец од „Идризово“ осуден за убиство


Денеска (31.08) околу 08.10 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство. – На автопатот „Пријателство“, […]

Тројца од Студеничани побегнале од „Идризово“, па биле фатени – полицијата ги враќа назад в затвор


Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска околу 16.45 часот ги лишиле од слобода И.Ј.(36), Е.Д.(36) и М.Р.(37), сите од скопското село Студеничани. Министерството за внатрешни работи информира дека околу 9 часот денеска тие побегнале од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ каде што биле […]

Прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“, нема чувари, ќе помагаат полицајци и војници


  Со одлука на Владата прогласена е кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување на безбедносни закани.   Ова се случува по информациите во изминатиот период за недостаток на чувари во казнено поправната установа. Одлука е донесена на владината седница одржана во вторникот и веќе е во сила по нејзиното објавување во Службениот весник. Со […]

Фатени двајца бегалци од КПУ Идризово, ќе бидат вратени во затворот


 Полициски службеници денеска во Скопје лишиле од слобода двајца бегалци од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувале затворски казни. Од МВР соопштуваат дека лицата ќе бидат спроведени во казнено-поправната установа за доиздржување на казните. -Денеска околу 15.45 часот на ул.„Орце Николов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението […]

Запален автомобилот со кој се возел заменик-директорот на затворот „Идризово“


Возило, што го управувал заменик-директорот на затворот „Идризово“, Феми Јоунузи, е запалено во Студеничани, пренесуваат медиумите.  Според пријавата во полиција, возилото било запалено вчеравечер, неколку минути по 21 часот. Возилото е службено, од затворот со кој тој раководи. -Во Полициската станица Драчево, С. Ј. (45) од с. Студеничани, скопско, пријавил дека околу 21.15 часот во […]

Обвинителството постапува за тунелот во „Идризово“, но во моментов не може да соопшти детали


Откако во затворот „Идризово“ минатата недела беше откриен 40-метарски тунел, преку кој затворници планирале да побегнат, јавниот обвинител вели дека постапката трае, но детали не може да открие. – Тоа што велите дека нема никакви мерки, не значи дека Обвинителството и надлежните служби не постапуваат. Поради фазата во која се наоѓа постапката, сите дејствија од […]

Стојановиќ: Истрагата ќе покаже дали вработени се инволвирани при копањето на тунелот во „Идризово“


В.д. директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ вели дека во затворот Идризово има дел каде затворениците слободно шетаат и дека таму лесно можеле да ја исфрлат земјата од тунелот што го копале. – Во затворот Идризово има дел каде затворениците се пуштени слободно да шетаат, тоа е на крајот од затворскиот простор […]

Зоран Јовановски именуван за в.д. директор на затворот „Идризово“


Досегашниот директор на Казнено-поправната установа „Идризово“, Шпенд Тахири е разрешен од должноста на денешната владина седница, а на неговото место како в.д. директор е именуван генерал-мајор, магистер Зоран Јовановски. Премиерот Димитар Ковачевски говорејќи за Јовановски на денешната прес-конференција, рече дека се работи за врвен професионалец, кој има богата професионална кариера, пред се во Министерството за […]

Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово, вели министерот Тупанчевски


  Министерот за правда Никола Тупанчевски денеска изјави дека се уште трае истрагата во врска со бегството од затворот Идризово., а не сакаше да ги коментира информациите дека Министерството за правда ќе биде предмет на преговори за влез на Алијансата за Албанците во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање, рече и дека до него сè уште […]

По тепачка меѓу затвореници во Идризово, полицаец нападнат со нож


Во текот на вчерашниот ден се случила физичка пресметка во затворот Идризово. – На 26.01.2023 во 18.30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 14.00 часот, настанала расправија помеѓу неколку осуденици, а по интервенција на затворски полицаец, осуденикот А.М. се обидел да го нападне со нож. Според пријавеното, затворските […]

Затвореник избоден од други осуденици во Идризово


  Во саботата, околу 20.30 часот од КПУ Идризово во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.25 часот во затворениот дел од установата повеќе осудени лица го нападнале осуденикот Е.С.(33), а од страна на Б.А. со остар предмет му била нанесена повреда на Е.С.. Се работи на расчистување на случајот.

Потерница по филмското бегство на затвореник од комбе, ранет затворскиот полицаец


На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пумпа на „Лукоил“, службеното возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот. […]

Нова дигитална судница во КПУ Идризово со најсовремени услови за изведување на судски процеси


Новата дигитална судница во КПУ Идризово нуди најсовремени услови за изведување на судски процеси. Функционалниот аудио-конференциски систем со кој располага судницата дава можности за судења без физичко присуство на учесниците во судските процеси, истакна денеска Министерот за правда, Никола Тупанчески, за време на официјалниот почеток на пуштањето во употреба на судницата. – Ова е најголемата […]

По две години, конечно ќе профункционира судницата во близина на КПУ „Идризово“


Министерството за правда, испрати покана за официјалниот почеток на функционирањето на најголемата судница во државата во Идризово, што треба да се случи во среда. На настанот ќе се обрати министерот за правда Никола Тупанчески. Ова е најголемата и најопремената судница во РСМ со судска сала од 290 м2. Вкупната вредност на објектот изнесува 1,3 милиони […]

Почина затвореник од „Идризово“


 Вработен во Затвор Идризово вчера во 7:17 часот во СВР Скопје пријавил дека осуденикот Џ.И.(63) од Тетово починал во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од 29 октомври годинава бил на болничко лекување, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина-Скопје.

Управата за извршување на санкции ќе изврши вонреден надзор во„Идризово“ по нападот врз Јовановски


Министерството за правда попладнево соопшти дека Бојан Јовановски бил нападнат вчера попладне на шеталиштето каде слободното време за прошетка на отворено го користат осудените лица кои се со затворен третман. – Во врска со настанот кој се случи вчера во Казнено-поправниот дом „Идризово“, Управата за извршување на санкции информира дека вчера околу 15:30 часот, на […]

Осуденик избоден со остар предмет во затворот Идризово


Осуденик од Струга бил избоден со остар предмет ноќеска во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. – Во СВР Скопје, 20 минути по полноќ од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 23:40 часот во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга, соопшти МВР. Повредениот бил пренесен во Комплексот […]

Почина затвореник во КПУ „Затвор Скопје“


Почина затвореник во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“. Кај починатото лице не се констатирани траги на насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Во Полициската станица Чаир вчера околу 13:00 часот е пријавено дека во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ починало осуденото лице В.Д. (51) од Скопје. Од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на […]

Опожарено возило на вработен во затворот Идризово


Пожар во возило во затворот Идризово, се случил ноќва по полноќ. На 16.06.2022 во 01,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Казнено поправната установа Затвор „Идризово“ на паркингот позади управната зграда, било опожарено патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на вработен во затворот. Пожарот бил локализиран од страна […]

Полициска акција во Идризово – пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети


Рано утрово полиција упаднала во најголемиот затвор „Идризово“. Од МВР соопштија дека при претресот, во затворот биле пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети. Во соопштението на МВР се вели: На 14.06.2022 полициски службеници од Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции -Единица за […]