Првиот антикорупционер си поднесе оставка


Претседателот на Антикорупциска, Игор Тантуровски си поднесе оставка, а информацијата ја потврдил за Телевизија 24. Тантуровски утрово ја достави оставката до Собранието. Првата оставка вчера ја поднесе членот на Комисијата Горан Миленков. Оставките следуваат неколку дена по скандалозниот извештај од внатрешната ревизија направена во комисијата која покажува дека дел од членовите фалширале патни налози.

Тантуровски: Заговор се обвинувањата за злоупотреба на државни пари во Антикорупциска комисија


Антикорупциската комисија има отворено предмети од највисоко ниво, за министри, за градоначалници, за директори, рече претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ на ТВ 24. Предметите, како што дополни, се однесувале и за претходната и за сегашната Влада. – Во најдобар дел Јавното обвинителство не не […]

Претседателот на Антикорупциска не чувствува одговорност и нема да поднесе оставка


Претседателот на Државната комисија за спречување на коруцијата (ДКСК) Игор Тантуровски вели дека не чувствува никаква одговорност, бидејќи на никаков начин не е посочен во ревизорските извештаи и од тие причини нема намера да поднесе оставка на функцијата. Смета дека случајот е инструиран. Ревизорскиот извештај, потенцира Тантуровски, бил за внатрешна употреба со препораки како да […]