Заев на Самит во Будимпешта


Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на шестиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Кина со земјите од Централна и Источна Европа. Во официјалната делегација на Република Македонија на самитот, што ја предводи премиерот Заев се и Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Крешник Бектеши, министер […]

Нема да има двојазичност на сите институции, тврди Заев


Апсолутно нема да има двојазичност на сите институции на целата територија на РМ. Законот за јазиците е согласно Уставот и со него само ќе се унапредат некои практични потреби на граѓаните кои досега не им биле овозможени, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања. Премиерот потврди и дека ќе биде дефиниран правно-формално ансамбл […]

До крајот на месецов ќе се знае кој ќе биде министер за здравство


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште не е одлучено кој ќе биде министер за здравство, но очекува решението да биде донесено до крајот на месецов. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за поддршка на млади земјоделци во МЗШВ, Заев истакна дека денеска повторно имал средба со коалициските партнери, а вчера разговарал […]

Заев: Владата нема ангажирано 120, туку 39 лица


Премиерот Зоран Заев денеска ги отфрли како неточни информациите дека Владата досега има ангажирано 120 лица за односи со јавноста, како што објави Макфакс во нивната истражувачка сторија. Според Заев, се работи за вкупно 39 луѓе кои асистираат буквално заради транспарентноста на работењето на Владата, но и од нив, како што рече, ќе останат многу […]

Заев вели дека за неколку дена Владата ќе биде комплетирана


Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање рече дека верува оти за неколку дена ќе се предложи министер за здравство во Собранието на Република Македонија, министер без ресор за странски инвестиции и заменик-министер за образование и наука. – Верувам дека за неколку дена ќе се предложи министер за здравство овде во Собранието, министер без ресор […]

Заев: Платата на доктор специјалист ќе биде 100 илјади денари


Специјалистите ќе имаат 100.000 денари плата, најави Заев До крајот на мандатот, специјалистите во државата ќе имаат 100.000 денари плата и вкупната плата на сите вработени во здравството ќе расте со доволно мотовирачко темпо да ни останат тука во државата, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев одговорајќи на пратеничко прашање од Антонио Милошоски. – Стоиме […]

Заев: Ќе има одговори за „Сопот“, „Смилковско езеро“, „Дива населба“, „Никола Младенов“


Македонија не може да каже дека е нормална држава ако продолжи да живее во мистерија преку случаите како што се „Сопот“, „Смилковско езеро“, „Дива населба“, „Никола Младенов“. Мора да има одговор на сите прашања, граѓаните тоа го бараат и Владата тоа ќе им го обезбеди, рече премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница, одговорајќи на […]

Борисов: Коридорот 8 е приоритет на Бугарија во регионот


Лидерите и министрите за транспорт на државите од Западен Балкан на 6. и 7. следниот месец на средба со претставници на Светска банка и со Европската инвестициска банка ќе разговараат за финансирање на изградбата на железничкото поврзување на Македонија, Бугарија и Албанија на Коридорот. Премиерите на Македонија и на Бугарија Бојко Борисов и Зоран Заев […]

Заев и Борисов ќе одржат заедничка владина седница


Македонија и Бугарија денеска во Струмицаќе ја одржат првата меѓувладината седница. Со седницата ќе заседаваат двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, а ќе бидат потпишани и неколку договори и меморандуми. Во фокусот на разговорите ќе биде напредокот на добрососедските односи меѓу Бугарија иМакедонија, како и други теми од заеднички интерес со цел зајакнување на […]

Заев – Бабиќ: Во иднина граѓаните на двете земји да патуваат со лични карти


Заложбите на Република Македонија и на Босна и Херцеговина за унапредување на меѓусебната соработка и за заеднички напредок во евроинтегративните процеси, за кои станало збор и при скорешната посета на македонската владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на Сараево, биле потврдени и на неговата денешна средба со Лепа Бабиќ, амбасадорка на БиХ во Македонија. […]

Заев-Вучиќ: Пред нашите земји се нови иницијативи


Традиционално доброто пријателство и соработка меѓу двете земји, како исклучителен потенцијал за продлабочување на овие релации, пред кои претстојат извонредни можности за повеќе нови иницијативи во повеќе области, со меѓусебна почит во однос на сопствените стратешки интереси, констатираа македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната средба во Белград. На средбата […]

Заев му подари дрес од „Вардар“ на Вучиќ


Македонскиот премиер Зоран Заев денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја искористи и да му подари дрес од клуобот „Вардар“, пренесува Блиц. На дресот е испишан бројот „9“ и стои презимето на Вучиќ. Пред состанокот со Вучиќ, Заев во Палатата Србија разговараше со премиерката Ана Брнабиќ. Тие се договорија за заедничка седница на […]

Брнабиќ: Заедничка седница со македонската влада ќе се одржи следната година


Српската премиерка, Ана Брнабиќ, по денешните разговори со македонскиот колега Зоран Заев, изјави дека е постигнат прелиминарен договор за заедничка седница на двете влади, што ќе треба да се оддржи кон крајот на февруари или на почетокот на март следната година. На заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Брнабиќ кажа дека на состанокот се разговарало […]

Заев во прва посета на Србија како премиер


Македонскиот премиер Зоран Заев на денешните средби во Белград со српската премиерка Ана Брнабиќ и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе разговара за унапредување на односите меѓу двете земји, евроинтеграциите, како и јакнењето на економската соработка. Ова е прва посета на Заев на Србија од изборот на премиер и повеќемесечната напнатост во односите на […]

Средба Заев-Мета: Македонија и Албанија имаат слични предизвици


Македонија и Албанија се земји со слични предизвици и меѓусебната соработка само ги потврдува пријателските односи, кои уште повеќе ќе се унапредат со зголемување на соработката во економијата, трговијата, развојот на инфраструктурата и енергетиката, порачаа премиерот Зоран Заев и претседателот на Република Албанија Илир Мета, кој е во дводневна посета на Македонија. Како што информираат […]

И Груевски и Заев денеска се на суд


За денеска е закажан почетокот на судскиот процес за насилствата во општина Центар во кој првообвинет е поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во друга судница во истот суд, Основен суд Скопје 1, треба да се појави и актуелниот премиер Зоран Заев за случајот „Поткуп”. Почетокот на двете судења досега неколку пати […]

Се бара авиoкомпанија која ќе ги поврзе Скопје, Подгорица и Сараево


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во рамки на дводневната работна посета на Сараево, попладнето се сретна со претседавачот со Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ. – Премиерот Заев донесе во Западен Балкан нова позитивна енергија“, оцени по средбата на делегациите од двете земји, на Македонија и БИХ, претседавачот Звиздиќ, кој потврди […]

Заев: Со Бугарија ќе потпишеме десет нови договори


Потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија е сериозен чекор на лидерство, зaтоа што лидерите носат одлуки тогаш кога е потешко, истакна во денешното излагање премиерот Зоран Заев, кој беше гостин на работилницата што ја организира Институтот за политичари од Софија, а се одржува во Струмица. – Прашањето е дали се има доволно храброст со […]

Заев: Македонија доби со Договорот за добрососедство со Бугарија, а не загуби ништо


Со Бугарија не сме само пријатели, туку станавме и сојузници, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Бугарската национална телевизја – БТВ. – Македонија доби со Договорот за добрососедство со Бугарија, а не загуби ништо. Ние зборуваме на јазик на којшто се разбираме. Само заедно можеме да си помогнеме и да одиме напред, изјави Заев. […]

Заев: Нудиме помош за засегнатите во поплавите во Грција


Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство до својот грчки колега Алексис Ципрас, по трагичните последици од катастрофалните поплави во неколку градови во Грција. Во писмото Заев истакнува дека сочувствува со семејствата и роднините на загинатите, повредените, како и со граѓаните погодени од поплавите, соопшти владината прес-служба. – Би сакал да ја нагласам нашата подготвеност […]