Заев: Законски е тендерот на Тодоров за Клинички центар


Законски е тендерот за избор на италијанската градежна фирма која ќе го гради новиот Клинички центар, а кој го спроведе претходниот министер за здравство, Никола Тодоров.Ова го рече премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на денешната седница за пратенички прашања. Постапката е надгледувана од Банката на Советот на Европа, која е кредитор на оваа инвестиција. […]

Политичките лидери на координативен состанок за името


Државно-политичкиот врв денеска ќе одржи координативен состанок на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името меѓу Македонија и Грција, што ја предложи медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк. Состанокот се одржува на иницијатива на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници во 18 часот. […]

Заев разговараше за можноста за развој на блокчејн технологија со Мајкрософт


Владата на Република Македонија ги разгледува можностите за развој и за апликација на блокчејн технологија, како и за потенцијалите кои стојат пред информатичката компанија Мајкрософт да учестува со проекти во образованието во средното и универзитетското образование. Ова денеска било истакнато на средбата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев со извршниот потпретседател на […]

Хан: Средбата Заев – Ципрас е многу добра вест


Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан ја поздрави вчерашната средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, оценувајќи ја како многу добра вест. – Средбата покажува храброст, визија и државотворност. Решавањето на ова прашање кое трае премногу долго ќе биде добро за двете земји, за регионот […]

Нова демократија: Ципрас и Заев не споменаа ништо за ревизија на Уставот


Промена на уставот и елиминација на иредентистичките позиции, за Нова демократија се неопходните предуслови за постигнување решение. Од опозициската партија, јавува дописникот на МИА од Атина, преку соопштение реагираат за средбата на Заев и Ципрас во Давос и упатуваат критики до грчкиот премиер дека не може да преговара врз база на националните интереси. – Решавањето […]

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на Заев и Ципрас


Во тек е средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Светскиот економски форум во Давос, на која како што се очекува ќе бидат разгледани прашања поврзани со процесот за решавање на спорот со името. На средбата присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји Никос Коѕијас […]

Заев и Ципрас денес ќе го решаваат името


Зајакнување на односите меѓу двете земји во контекст на градењето мерки на доверба, како и анализа на досега постигнатото во обновените преговори меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, ќе бидат темите во фокусот на денешната прва директна средба на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, која ќе се одржи попладнево […]

Прва директна средба Заев-Ципрас во Давос


Прашањата поврзани со преговорите за името ќе се најдат на денешната агенда меѓу македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на нивната средба во Давос на маргините на Светскиот економски форум. Тоа ќе биде прва директна средба меѓу премиерите на двете држави, откако се смени власта во Македонија и по неодамнешното обновување на […]

ЗАЕВ ВО ДАВОС: Во фокусот првата директна средба со Ципрас


Зајакнување на односите меѓу двете земји во контекст на градењето мерки на доверба изминатиот период, како и анализа на досега постигнатото во обновените преговори меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, ќе бидат во фокусот на утрешната прва директна средба на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, која ќе се одржи […]

Заев ќе се сретне со Ципрас во Давос


Премиерот на Mакедонија, Зоран Заев ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија во рамките на барањето решение за долгогодишниот спор околу името. Портпаролот на грчката влада соопшти дека средбата е договорена и ќе се одржи на маргините на Светскиот економски форум во Давос, кој почна денеска. Средбата доаѓа по последната рунда […]

Ѕанакопулос: Од средбата Заев-Ципрас очекуваме напредок кон решение


На средбата Заев – Ципрас во Давос, очекуваме да се направи напредок во насока на изнаоѓање на едно взаемно прифатливо решение, изјави портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос. Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави диписникот на МИА од Атина, кажа дека сите прашања поврзани со разговорите за името и иредентизмот ќе се најдат […]

Имињата на функционерите на Алијанса за Албанците и натаму на вратите на канцелариите


На вратите на канцелариите на замениците министри и на директорите од Алијанса за Албанците се уште стојат имињата на функционерите на партијата на Зијадин Села, иако тие не се појавуваат на работните места откако поднесоа оставки. За да ја напуштаат функцијата која им била доверена, тие чекаат одлука од Владата и од премиерот Зоран Заев. […]

Заев: Законот за јазиците е во рамките на Амандманот 5


Премиерот Зоран Заев останува во ставот дека законот за употреба на јазиците е во рамките на Амандманот 5 од Уставот. Не коментирајќи ги изјавите на претседателот Ѓорге Иванов, Заев денеска порача секоја дилема да се расчисти во Уставниот суд. Оправдувањето на Иванов зошто не го потпиша законот пристигна во Собрание. Откако спикерот Џафери ќе го […]

Заев: Oптмист сум дека ќе се најде решение за името достоинствено за двете страни


Претседателот на Владата Зоран Заев кој денеска по повод празникот Водици беше во Струга изрази уверување дека ќе биде изнајдено решение за проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија. – Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поблиски, ќе се изнајде […]

Заев: Како Струга нема друга (Фото)


Премиерот  Зоран Заев денес присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Струга, соопштија од Владата. Заев се прошета низ струшката чаршија во придружба на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. -Како градоначалник пред се на Струмица, но и како политичар во нашата цела Македонија, ја имам денеска […]

Заев: Овој празник исполнува со оптимизам дека доброто никогаш не згаснува


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати честитка до г.г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и до сите православни верници во Република Македонија. Во честитката премиерот Заев истакнува дека овој празник потсетува на денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води […]

Столтенберг ќе се обрати во Собранието


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе се обрати во Собранието на Македонија. Неговото обраќање ќе го слушаат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, откако партијата се изјасни дека нема да ја бојкотира денешната седница. Во 15 часот, Столтенберг ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Предвидена е официјална церемонија на платото пред Владата, рапорт на […]

Борисов: Заев и Ципрас во директни разговори можат да најдат решение


Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во директни разговори можат да дојдат до решение за долгогодишниот спор околу името. Во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека е оптимист и оти ги охрабрува двајцата премиери да седнат на заедничка маса и да го […]

Грчки медиуми: На 24 јануари средба Заев – Ципрас во Давос


Во рамките на Светскиот економски форум што од 23 до 26 јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија, според онлајн изданието на грчкиот весник Real, македонскиот и грчкиот премиер ќе одржат билатерална средба. Според информациите на новинарот, јавува дописникот на МИА од Атина, освен премиерите, во Давос ќе бидат и шефовите на дипломатиите на двете […]

Премиерот Заев од денеска е на зимски одмор во Италија


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев од денеска е на одмор. Како што информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски, премиерот Заев е веќе во Италија каде ќе го користи зимскиот одмор до 17. овој месец.