Заев: Нема несогласувања меѓу Шекеринска и Димитров


Меѓу министерката за одбрана и потпретседателка на Владата Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров нема никакви несогласувања. Се работи за двајца колеги во Владата меѓу кои има доверба и одлична соработка, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали со повикувањето на амбасадорот Васко Наумовски на консултации во Скопје излегува […]

(ФОТО) Заев на гости кај Харадинај: Заднички за подобрување на соседските односи


Македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева, вчера беа на гости кај неговиот косовски колега Рамуш Харадинај. Средбата не беше најавена, но Харадинај на својот Фејсбук профил сподели фотографија и напиша дека заедно со Заев ќе работат за добрососедски односи меѓу Македонија и Косово. „Со мојата сопруга Анита ги пречекавме пријателот Зоран Заев […]

(ВИДЕО) Рот: Кај двете страни постои волја прашањето за името да се реши сега


Прашањето за името треба да се реши годинава или статус кво ситуацијата ќе продолжи со години. Има волја на двете страни и може да се стигне до заеднички прифатлив компромис. Медијаторот Матју Нимиц има клучна улога, но владите на двете земји се тие кои го водат процесот. Потребни се конструктивност, креативност и флексибилност. Македонската Влада […]

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Зоран Заев и министерот за европски прашања на Германија, Михаел Рот


Премиерот Зоран Заев и државниот министер за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, во медија центарот во Владата одржуваат прес-конференција. Државниот министер за европски прашања во германското Рот престојува во посета на Македонија. Освен со премиерот Заев, во текот на денов ќе има средба и со градоначалникот на Скопје Петре […]

Германскиот министер за европски прашања Рот на средба со Заев


Државниот министер за европски прашања во германското Министерството за надворешни работи, Михаел Рот престојува во посета на Македонија. Рот денеска ќе оствари има средба со премиерот Зоран Заев. По средбата е предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Рот. Германскиот министер ќе се сретне со скопскиот градоначалник Петре Шилегов. По средбата предводена е заедничка прес-конференција, […]

Заев: Купопродажба на земјиштето од мојот брат е транспарентна


Премиерот Зоран Заев денеска призна дека нема ништо спорно и незаконско во тоа што неговиот брат е корисник на градежно државно земјиште во Струмица, што го добил додека тој бил градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“ Заев рече дека постапката за купопродажбата на земјиштето била транспарентна и законска, за […]

Приватните специјализанти до Заев: Плата има само за селектираните


Не прифаќаме друга опција освен плати за сите приватни специјализанти, пишаа приватните специјализанти во отворено писмо до премиерот Зоран Заев. Тие нагласуваат дека минималните трошоци кои секој специјализант ги покрива  чинат помеѓу 8.000 евра и 13.600 евра. Специјализациите во просек траат 5 години за време на кои дипломиран доктор специјализант не прима никаков паричен надоместок […]

Заев: Сега е најдобриот момент да се изнајде решение за името


Мислам дека сега е најдобриот и неповторлив момент да се изнајде решение за долгогодишниот проблем за името, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“. – Очекувам најмалку на маргините на Самитот за Западен Балкан во Софија да се видам со грчкиот премиер Ципрас и да ги искоментираме […]

Заев: Снимката за „Поткуп“ објавена на Јутјуб е прекинувана


Премиерот Зоран Заев по денешното рочиште во Кривичниот суд на кое се гледаше скратената снимка што беше објавена на Јутјуб, рече дека Судот констатира оти на три пати снимката се прекинува. – Токму тоа се деловите кои што ги видовме преку презентацијата на целата снимка, како се разговара и објаснува дека сето ова ќе оди за цемент,  […]

Рочиште за „Поткуп“, ќе се гледа снимката објавена на Јутјуб


На денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев треба да се гледа скратената снимка што беше објавена на Јутјуб. Снимката требаше да биде пуштена во судницата на претходното рочиште, но тоа не беше направено, бидејќи немаше технички можности. Пред Судот во врска со постапката за продажба на државно градежно земјиште исказ даваше Заев. Тој рече […]

Општина Струмица: Доколку имало нешто што се коси со законот, институциите на ВМРО-ДПМНЕ ќе реагирале


Општина Струмица ги демантира, како што наведува, инсинуациите за наводен судир на интереси, пласирани во јавноста преку денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Вистината вели дека Општина Струмица, по пат на електронско јавно наддавање, изврши продажба на споменатото градежно земјиште, а истото го купи физичкото лице Сашко Брндевски, за кое согласно Законот за градење, […]

Мицкоски: Како градоначалник Заев му продал земјиште на неговиот брат


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на пресконференција соопшти дека актуелниот премиер Зоран Заев во времето кога бил градоначалник на Струмица користејќи ја својата функција продавал државно земјиште, каде по повеќе постапки завршува во рацете на неговиот брат Вице Заев. „Ова е случај каде може многу јасно да се види како се прават бизниси во […]

Игри без граници за идниот гувернер: Заев и Иванов во коалиција, ДУИ во опозиција за Богов


Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев се согласиле на вчерашната средба дека НБРМ не смее да се остане без гувернер бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата. И двајцата носители на извршната власт во земјава имаат пофални зборови за досегашниот челник на НБРМ, Димитар Богов, кого Иванов го предложи повторно за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев стана поим за партизација, непотизам и нечесно работење


  СДСМ ја киднапира Република Македонија и со неа се однесува како да е приватна фирма на Заеви, сметаат во ВМРО – ДПМНЕ. „Колку чини едно нарачано политичко обвинение? Колку чини едно нарачано политичко барање за притвор или одземање на патна исправа? Цената ја откри Зоран Заев. Цената е предлагање на сестра на специјалниот јавен обвинител, Катица […]

Случај „Поткуп“: Заев даде исказ, скратената снимка ќе се гледа на 9 мај


По кратката пауза што беше дадена поради проблеми со компјутерскиот систем во Кривичниот суд, премиерот Зоран Заев како обвинет во случајот „Поткуп“ продолжи со давање исказ во врска со постапката за продажба на државно градежно земјиште. Тој посочи дека цената за продажба на државно земјиште ја одредува Владата и дека таквата одлука не зависи од […]

Заев дава исказ за „Поткуп“


Премиерот Зоран Заев денеска во новата заграда на Кривичниот суд дава изјава како обвинет во предметот „Поткуп“. Заев рече дека како градоначалник на Струмица 12 години на сите граѓани им излегувал во пресрет за сите нивни барања. Кажа дека членови на неговото семејство соработувале со Иван Николов и неговите компании. Заев посочи дека имал добра […]

„Југохром“ бара средба со Заев, во спротивно најавува протетси пред Владата


Синдикалната организација на комбинатот Југохром од Јегуновце најавува протести пред Владата доколку до крајот на неделава не оствари средба со премиерот Зоран Заев во однос на статусот на комбинатот. Во денешното барање за средба испратено и до медиумите се наведува дека Синдикатот побарал состанок со премиерот на 17- минатиот месец, но од неразбирливи причини за […]

„Њуз247“: Заев и Ципрас на 17 мај ќе се сретнат во Софија


Се планира, а доколку не се случи нешто непредвидено, на 17 мај во Софија ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ -Западен Балкан, објави грчкиот информативен портал „Њуз247“. На средбата меѓу двајцата премиери се очекува да се побара постигнување конечен договор во прашањето за решавање на […]

Заев барал средба со Иванов за изборот на нов гувернер на НБРМ


Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев денеска треба да одржат втора средба за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка на РМ, кој треба да биде заокружен на крајот на месеци, потврдија од кабинетот на премиерот. Средбата е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го […]

Заев ќе дава исказ за „Поткуп“


На денешното рочиште за предметот на СЈО „Поткуп“ исказ треба да даде обвинетиот Зоран Заев, а ќе бидат изведувани и докази од одбраната. На минатото судење без присуство на јавноста беше пуштена целата видео снимка поради која премиерот Зоран Заев се товари за примање поткуп. Заев по завршувањето на минатото рочиште кажа дека ја почитува […]