Еве колку 19 земји ќе им исплатат бонуси на освојувачите на олимписките медали


Десетици земји на Игрите во Милано и Кортина им ветија на своите спортисти парични награди за пласман на подиумот, но успехот на една земја ја става во посебна финансиска лига. Италија потроши милијарди долари подготвувајќи се за домаќин на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо оваа година. Но сега, откако церемонијата на затворање […]

ЗОИ2026: Холандија го освои златото во штафетата во брзо лизгање


 Холандската штафета на кратки патеки во брзо лизгање, во состав Јенс ван ’т Ваут, Меле ван ’т Ваут, Теун Бур и Фрисо Емонс, ја освои титулата во трката на 5.000 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано. Во неизвесно финале во кое позициите се менуваа од рунда во рунда, Холанѓаните ја минаа целта за […]

Ужас на Игрите: Со лизгалка пресечено лицето на натпреварувачка од Полска


Полската Камила Селиер (25) е сериозно повредена во трката за брзо лизгање на 1500 метри. Во четвртфиналната трка, Селиер, легендарната Италијанка Аријана Фонтана, сопственичка на 15 олимписки медали, и Американката Кристен Сантос-Грисволд паднаа во еден момент. Во хаосот, лизгалката на Сантос-Грисволд ја удри Полјачката во лицето, веднаш над окото. Лицето ѝ беше исечено, мразот беше […]

Шпанец и Швајцарка испишаа историја на ЗОИ – го освоија првото злато во новиот спорт (видео)


Шпанецот Ориол Кардона Кол испиша историја на Зимските олимписки игри во Милано Кортина 2026 година, освојувајќи го првото олимписко злато во машкиот спринт во скијачко планинарење – спорт кој дебитира на Игрите оваа година. Швајцарката Маријана Фатон го освои златниот медал во скијачко планинарење во женска конкуренција. Фатон стана првата жена освојувачка на златен медал […]

Без знаме, без химна, но толку моќно: мразот се „стопи“ поради нејзиниот стил и настап


Нејзиниот настап остави силен впечаток на Олимписките игри во 2026 година, иако настапи како неутрална спортистка. Аделија Петросијан, 18-годишната девојка која ја воодушеви публиката со својот настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во категоријата уметничко лизгање, доаѓа од московското училиште Самобо-70 и настапи без знаме или химна, како неутрална спортистка. Ова ѝ […]

ЗОИ 2026: На пет дена до крајот, Норвешка убедлив лидер по освоени медали


Уште пет дена, вклучувајќи го и денешниот, остануваат до крајот на Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина. На листата медалисти убедливо на првото место е Норвешка. Норвежаните имаат освено 14 златни, осум сребрени и девет бронзени медали – вкупно 31. На второто место е Италија со девет златни, четири сребрени и 11 бронзени […]

По речиси 60 години, Французите го освоија историското злато во оваа дисциплина


Француската машка штафета во биатлон во состав Фабиен Клод, Емилиен Жаклен, Квентин Фијон Маје и Ерик Перо ја освои титулата олимписки победници во трката 4×7,5 километри на Олимписките игри во Антерселва. Франција го освои своето историско прво злато во оваа дисциплина, која се одржува во програмата ZOI од 1968 година, за време од 1:19:55,2 часа, […]

По три децении чекање, оваа земја го освои првиот олимписки медал


Три децении чекање завршија во неколку минути совршен настап. Земјата, која се натпреварува на Зимските олимписки игри од 1994 година, конечно го доби моментот за кој сонуваше – својот прв медал во својата историја. Јапонските лизгачи Рику Миура и Рјуич Кихара го освоија златниот медал во конкуренција на парови на Зимските олимписки игри во Милано. […]

ЗОИ 2026: ИОК го дисквалификува Украинецот Гераскевич поради носење нелегална кацига


Организаторите на Олимписките игри во 2026 година го дисквалификуваа украинскиот тркач со скелетон Владислав Гераскевич поради носење нелегална кацига со портрети на починати спортисти, пренесува ТАСС. ИОК, исто така, му ја одзеде олимписката акредитација на Гераскевич. „Марка“ објави дека претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, лично ќе пристигне на олимписката патека, Еугенио Монти, […]

Да, тоа е истиот човек – предводи 13 национални тимови на ЗОИ, а се пресоблекува како на лента


Ако некогаш сте помислиле дека да се биде зимски олимпиец е исцрпувачки и бара неуморна посветеност на емоционално и физички интензивен живот, обидете се да тренирате шеснаесет од нив, исто како Беноа Ришо Гледачите на кратката програма на Зимските олимписки игри можеби доживеале дежа ву кога камерите го покажаа грузискиот лизгач Ника Егадзе како седи […]

ЗОИ 2026: Норвешка води на листата медалисти, денес ќе бидат доделени медали во шест дисциплини


На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина, лидер на листата медалисти е Норвешка. Норвежаните имаат освоено шест златни медали, два сребрени и четири бронзени – вкупно 12. По три злата имаат Германија, Швајцарија, Шведска, по два САД, Австрија, Италија и Јапонија.  Еден златен медал имаат освоено Франција, Чешка, Холандија и Словенија. Двоцифрен број медали […]

ЗОИ 2026: Злато и сребро за Холандија во брзо лизгање кај жените на 1.000 метри


 Натпреварувачките на Холандија ги освоија првите две места во дисциплината 1.000 метри брзо лизгање на ЗОИ Милано Кортина. Најдобар резултат оствари првата фаворитка Јута Лердам, која патеката ја мина за 1:12.31 минута што е нов олимписки рекорд. Второто место и припадна на нејзината сонародничка Фемке Кок, која имаше заостанување од 28 стотинки. Олимписката шампионка од […]

Првиот Хаиќанец во крос-кантри скијање ги освои срцата на публиката


Стивенсон Саварт (25) влезе во историјата на Зимските олимписки игри станувајќи првиот спортист што некогаш го претставувал Хаити во крос-кантри скијање. Младиот спортист го оствари својот олимписки сон во Милано и Кортина д’Ампецо, каде што привлече големо внимание од јавноста уште од самиот почеток. Саварт беше и носител на знамето на Хаити на церемонијата на […]

ЗОИ: Натпреварот Финска – Канада одложен поради случаи на норовирус кај финските хокеарки


Натпреварот од групната фаза помеѓу женските хокеарски репрезентации на Финска и Канада на Олимписките игри е одложен поради случај на вирус кај финскиот тим, објави прес-службата на Организацискиот комитет на Олимписките игри во 2026 година. – Одлуката е донесена по консултација со медицински специјалисти по откривањето на случаи на норовирус кај финскиот тим. Таа е […]

ЗОИ 2026: Канадскиот сноубордер МекМорис хоспитализиран со хеликоптер по несреќа за време на тренингот


Канадскиот сноубордер Марк МекМорис беше хоспитализиран со хеликоптер по несреќа за време на тренингот пред неговото учество на Олимписките игри во 2026 година. Триесет и двегодишниот спортист тренираше утрово во пресрет на официјалното натпреварување. МекМорис е трикратен освојувач на бронзен олимписки медал во слоупстајл (2014, 2018 и 2022 година). Во 2021 година, Канаѓанецот стана светски […]

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026


 Составот на македонската репрезентација која ќе настапи на Зимската олимпијада претрпи измени. На местото на Мирко Лазаревски, во Италија ќе патува Виктор Петков. За промената информираат од Македонскиот олимписки комитет. – Во интерес на објективното и вистинито информирање на граѓаните и спортската јавност, а со цел да се испочитува во целост законската процедура која не […]

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026


На претстојните Зимски олимписки игри во Италија ќе настапат четири македонски спортисти. Честа да го носат македонскиот дрес ја имаат: Ана Цветановска – спринт и интервал старт 10 км Ставре Јада – спринт и интервал старт 10 км Јана Атанасовска – слалом и велеслалом Мирко Лазарески – слалом и велеслалом Зимските олимписки игри Милано Кортина […]

Руските спортисти на ЗОИ во Милано-Кортина ќе бидат без знаме и обележја дури и во случај на мир со Украина


Руските спортисти на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Милано-Кортина нема да можат да ја претставуваат својата земја дури и ако се постигне мировен договор со Украина, најави денеска претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, во изјава за италијанските медиуми. „Во оваа фаза, ништо нема да ја промени одлуката на Комитетот да им […]

ЗОИ: Прво хокеарско злато во историјата за Финска


Кина – Финска за прв пат во историјата ја освои титулата олимписки првак во хокеј на мраз, совладувајќи ја во денешното финале на Игрите во Пекинг репрезентацијата на Русија со 2-1 (0-1, 1-0,1-0). Финците со пресврт ги симнаа од тронот олимписките победници од Пјонгчанг 2018, откако Русите поведоа со голот на Михаил Григоренко во првата третина. […]

ЗОИ: Финска во финале на хокеарскиот турнир


Хокеарите на Финска се пласираа денеска во финалето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, откако ја совладаа Словачка со 2-0 (1-0, 0-0, 1-0). Финска поведе со голот на Сакари Манинен во првата третина и предноста ја чуваше до завршницата, кога Хари Песонен стави печат на триумфот и пласманот во финалето. За Финска ова е […]