Утре календарски почнува зимата


Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата календарски ќе почне утре во 17 часот и 28 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот […]

Топла зима со натпросечни температури


Топла зима со натпросечни температури и врнежи во рамки на многугодишниот просек прогнозираат метеоролозите за претстојната зима. Постудено се очекува од втората половина на јануари. Температурите на воздухот во Македонија овој месец и наредните два зимски месеца имаат поголема веројатност да бидат над просекот, со отстапување од околу два степена од многугодишниот просек. Отстапувањето се […]

Астматичари и срцеви болни, внимавајте!


Ниските температури во зима имаат свои предности и недостатоци кога станува збор за здравјето на луѓето. Медицинските статистики покажуваат дека во зима двојно се зголемуваат срцевите напади, полесно доаѓа до постоперативни компликации, зачестуваат нападите на асма. Кај децата, како сезонска болест се јавува кашлица, се интензивираат бактериските и вирусните инфекции. Ако нашето тело подолго време […]

Корисни совети: како да останете здрави во зима


Бегате од просторија полна со луѓе во иста секунда кога некој ќе кивне? Ги миете рацете секојпат откако ќе фатите квака од врата? Ве фаќа паника кога ќе се сетите на грипот од кој едвај оздравевте минатата година? Да, секогаш можете да „закачите“ вирус. Во прилог се неколку корисни совети што ќе ви помогнат зимава […]

Снег падна во Маврово и во Лазарополе


Врнежи од снег утрово има во Маврово и Лазарополе, а во текот на денот се очекува да се спуштат и на пониските делови особено во североистокот каде ќе се формира и снежна покривка. УХМР информира дека во седум часот снежна покривка од два сантиметра има само во Маврово, а најстудено било во Ѓуриште со минус […]

Витамин Д – „златен“ зимски витамин за деца и за возрасни


Витаминот Д е исклучително важен витамин за нормален раст и развој на децата. Но, многу е важен и за возрасните, особено кога ќе стигнат есента и зимата. Најважните корисни функции: -неопходен за метабилизам на калциумот и фосфорот, без кои нема здрави коски и заби. Калциумот им дава цврстина на коските, но е важен и за […]

Неизлечена настинка предизвикува бронхит


Бронхитис е најчестата компликација на настинката и на грипот. Иако е најчесто бактериска болест, кога силните вирусу же се спуштат во слузокожата на бронхиите, оваа болест може да биде и вирусна. Ако температурата и кашлицата не се излечат за две недели, неопходно е да се направат лабораторски анализи или спирометрија, за да не дојде до […]

Падна снег во Крушево, Маврово и Лазарополе


Висината на снежната покривка во осум часот во Крушево изнесува два сантиметри, а во Маврово и Лазарополе по еден сантиметар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минимални температури утрово се движат од минус четири во Маврово, минус три во Крушево, минус два во Лазарополе и Ѓуриште, нула во Пожаране, Тополчани, и Берово, еден степен во Крива […]