Земјоделците во Шпанија и денеска со трактори го блокираа сообраќајот во градовите


Земјоделците во Шпанија и денеска со трактори го блокираа сообраќајот во градовите низ државата, интензивирајќи ги протестите и барајќи намалување на даноците и укинување на правилата на ЕУ, бидејќи, како што тврдат, тие се помалку конкурентни од земјоделците надвор од Унијата. Протестите започнаа спонтано во вторникот и се поддржани од трите главни шпански здруженија на […]

Блокирани приодите кон аеродромот во Франкфурт


Стотици земјоделци рано утринава со своите трактори ги блокираа пристапните патишта до аеродромот во Франкфурт. Блокадата настана поради владината одлука за укинување на даночните олеснувања за набавка на дизел за земјоделска механизација. Protestos dos agricultores. Manifestação boqueia acesso ao aeroporto de Frankfurt https://t.co/BJwdNp3PlU pic.twitter.com/EYPR7oZfwe — Diário de Notícias (@dntwit) February 3, 2024 Ситуацијата некако се […]

Француските земјоделци почнаа да ги отстрануваат блокадите околу Париз


Француските земјоделци почнаа постепено да ги укинуваат блокадите околу Париз и на други места во земјата, еден ден откако француската Влада понуди мерки вредни повеќе од 400 милиони евра како одговор на нивните барања за подобри услови за земјоделство. На главните патишта околу француската престолнина, земјоделците почнаа да ги отстрануваат шаторите, да го расчистуваат патот […]

Протест на земјоделците во Солун на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство


 Со над 300 трактори земјоделците од северна Грција денеска одржаа мирен протест во центарот на Солун за време на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците минатата седмица започнаа протести во различни делови на Грција, а денеска, како што најавија, се собраа во Солун, ги паркираа тракторите пред влезот […]

Француските земјоделци најавија блокада на Париз


Француските земјоделци најавија дека денеска повеќе од 600 трактори ќе блокираат осум автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција. Владата најави дека ќе бидат мобилизирани 15.000 полицајци за да спречат трактори да влезат во „Париз и поголемите градови“, јавува БФМ ТВ. Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, вчера разговараше со своите […]

Зошто протестираат земјоделците во Европа?


Во Европа, земјоделците протестираат со недели поради ценовната криза, незадоволни од земјоделските закони на ЕУ, а по протестите кои се одржаа пред зградата на Европскиот парламент во Брисел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен започна стратешки дијалог за иднината на земјоделството. Гневот на фармерите во последните недели доведе до блокади на патиштата и […]

Германските земјоделци со трактори и камиони на протести пред Бранденбуршката порта


Германските земјоделци за денеска најавија протести пред Бранденбуршката порта во Берлин со барање да се преиспитаат плановите за воведување повисоки даноци за земјоделците. На протестите се очекува да учествуваат околу 3.000 земјоделци со трактори, 2.000 камиони и 10.000 луѓе од цела Германија. Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер планира да им се обрати на учесниците […]

Радикализација на протестите на земјоделците во Србија


Протестите на земјоделците кои бараат подобри услови за земјоделството продолжија во градовите низ Србија, најмногу во Војводина со блокади на патиштата, а за денеска најавија дополнителна радикализација на протестот, јави дописникот на МИА од Белград. Земјоделците кои од 13 ноември го блокираат влезот на рафинеријата на Нафтената индустрија на Србија (НИС) во Нови Сад, почнаа […]

Протести на српските земјоделци – владата не го исполни ветеното


 Здруженијата на земјоделци во Србија почнаа денеска со протести низ државата поради лошата состојба во која се наоѓаат, а Министерството за земјоделство ги повика на „отворени и конструктивни разговори“. Свое учество на протестите најавија четири земјоделски здруженија – Иницијативата за опстанок на земјоделците од Србија, Здружението на земјоделци од Суботица, Банатскиот Сојуз на земјоделски здруженија […]

Ќе се формира сојуз на млади земјоделци по примерот во Словенија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најави формирање сојуз на млади земјоделци по примерот во Словенија. Како што рече денеска на прес-конференција, веќе е почната реализацијата на оваа идеја, а млади земјоделци од земјава во октомври ќе заминат на студиски престој во Словенија за да ги слушнат тамошните искуства. -Во процес на креирање […]

Земјоделците во Бугарија почнуваат со блокади на патишта и гранични премини


 Во Бугарија денеска почна националниот протест на земјоделскиот сектор. Во него ќе учествуваат близу 25 организации, а причина за тоа е одлуката за укинување на забраната за увоз на жито од Украина. На демонстрациите ќе учествуваат производители на овошје и зеленчук, како и пчелари. Главните патишта и граничните премини се очекува да бидат затворени. Има […]

Исплатени 58,9 милиони денари дополнителна поддршка за 1.925 регистрирани земјоделци


Платежната агенција денеска ја реализираше исплатата на дополнителната државна помош од 20 отсто за носители на земјоделски стопанства кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност согласно Законот за вршење земјоделска дејност или регистрирани како индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Дополнителната помош се доделува на земјоделски стопанства кои се корисници на директните […]

Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица за да се откупи домашното производство


Од Националната федерација на фармери (НФФ) денеска побараа да се забрани увоз на пченицата за, како што рекоа, да може да се откупи домашното производство. Мемет Синани, член на Управен одбор на НФФ истакна дека оваа година имаат проблем со откупот на пченицата и на земјоделците им стојат околу 10.000 тони неоткупена пченица. Тој посочи […]

Презентација на предлог-решението за правото на надомест во случај на бременост, мајчинство и боледување кај земјоделците


 Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за заштита од дискриминација денеска организираат прес-конференција за проблемот со правото на надомест во случај на бременост, мајчинство и боледување кај земјоделците. Презентирани ќе бидат и предлог-решението што го изготви Мрежата за заштита од дискриминација, како и мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. -Се работи […]

Поедноставни процедури за легализација, градби, регистрација за земјоделците во пресрет на ИПАРД 3


Работна група од повеќе институции до крајот на следниот месец треба да подготви законско решение со кое ќе се подностават процедурите и ќе се отстранат пречките за фармите за аплицирање за средства од ИПА и ИПАРД програмите и за кредити кај банките. На јавна дебата денеска се анализираа можните решенија за легализација, пренамена и упростување на […]

Протестната партија на земјоделците во Холандија освои 15 места во Сенатот


Протестната партија на земјоделците вчера ја стресе политичката сцена во Холандија, победувајќи на регионалните избори што одлучуваат за составот на Сенатот, Горниот дом на холандскиот Парламент. Партијата БББ (Движење на земјоделците- граѓани ја освои наклонетоста на гласачите по серијата протести против владините политики за заштита на животната средина и се чини дека освои повеќе места […]

Земјоделци со стотици трактори на протест во Париз против забраната за примена на пестициди


Француските земјоделци денеска влегоа со стотици трактори во Париз за да протестираат против забраната за примена на пестициди и другите еколошки прописи за кои предупредуваат дека го загрозуваат земјоделското производство во најголемата земјоделска сила во Европската унија. Акцијата следи по одлуката на судот на ЕУ минатиот месец со која се поништи француската политика која им […]

Над 3.500 битолските земјоделци ќе добијат картички за т.н. зелена нафта


 Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека картичките за зелена нафта се пристигнати во подрачната единица на министерството во Битола и од утре над 3.500 земјоделци непречено ќе може да ги подигнуваат. Од ПЕ на МЗШВ појаснуваат дека финансиската поддршка на картичката за нафта зависи од големината на површините и земјоделските […]

Субвенциите за земјоделците за 2023 ќе се исплаќаат на почетокот на првиот квартал од годината


  Во следната 2023 година исплатата на субвенциите за земјоделците ќе започне уште во текот на првиот квартал. Тоа се предвидува со новиот концепт за субвенционирање, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Нашиот план е штом ќе се донесе буџетот за 2023 година веднаш на Влада да биде донесена програмата за поддршка на земјоделството и истиот […]

МЗШВ: Собраниската комисија за земјоделство да ги разгледа и донесе предложените закони во интерес на земјоделците


 Два предлог-закона поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе две години се заглавени во Собранието, реагираат од МЗШВ и апелираат до пратениците, законските решенија што побрзо да се донесат во интерес на земјоделците. – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во април, до Собранието на Република Северна Македонија поднесе измени и дополнувања на […]