Топлотниот бран неповолен за земјоделството, наводнувањето приоритет


Топлотниот бран со температури над 40 степени што ја зафати државава е неповолен за земјоделството. Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, а највеќе за пченката и сончогледот кој е во фаза на исполнување на зрното. Според агрометеоролозите, приоритет на земјоделците во овој период треба да биде наводнувањето, но мора да […]

Земјоделци и сточари со пари од ЕУ ќе купуваат дронови и роботи за помодерно земјоделство


Во канцеларијата „Европска куќа“ на Делегацијата на Европската Унија денеска во Тетово, беа доделени осум договори за грант со кои земјоделци и сточари од целата државата ќе можат да набават опрема и технологија со кои ќе може да го развиваат нивното земјоделство или сточарство. За модернизацијата Европската унија обезбеди 208.029 евра, што претставува 75 проценти […]

Панел-дискусија „Дигитализација во земјоделството – Предизвици и можности за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор“


Во организација на Факултетот за земоделски науки и храна – Скопје денеска ќе се одржи конференцијата и панел-дискусијата „Дигитализација во земјоделството – Предизвици и можности за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор“. Како што информираат од Факултетот за земоделски науки и храна, на конференцијата ќе се обратат професор д-р Миле Маркоски, декан на ФЗНХ, професор д-р Лазо Пендовски, […]

Нaтпросечно топлото време неповолно за земјоделските култури


Високите температури со натпросечни вредности што ја зафатија земјава, не се поволни за земјоделството. Агрометеоролозите велат дека топлото време, невообичаено за овој период од годината, може да го забрза развојот на растенијата, но и да предизвика нарушување на водниот баланс, што, пак, може да доведе до воден дефицит и сушење. Затоа, советуваат, земјоделците да посветат […]

Панел „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“ (во живо)


Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе се обрати на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“.  

(Во живо) Доделување договори „Бизнис план во земјоделството” – обраќање на Ковачевски и Николовски


Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на доделувањето договори за новата мерка „Бизнис план во земјоделството“. 

Распишан јавен оглас за доделување на 1.776 хектари државно земјоделско земјиште


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека е распишан јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хекатри по пат на електронско јавно надавање. Вкупната земјоделска површина која со овој јавен оглас се става на располагање изнесува 1.176 хектари државно земјоделско земјиште, распределено во следниве региони […]

Земјоделството трпи штети од временските промени


 Екстремните временски услови годинава со долги дождливи периоди и екстремни жештини, влијаат на целокупното земјоделско производство. Не многу на количествата, колку на квалитетот на производството и ако продолжат промените и наредните години, ќе се намали производството на храна. Ова го забележуваат и производителите и агрономите. Зијафет Асаноски, производител од село Црнилиште, Долнени смета дека количествата […]

МЗШВ: По барање на земјоделците до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции 2023


 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за растително и сточарско производство. Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на Министерството […]

Николовски: Жени се носители на 5.000 нови земјоделски стопанства


Има драстична промена во Единствениот регистар кој покажува дека скоро 5 000 нови носители на земјоделски стопанства се жени. Досега се склучени над 300 договори за грантови од 3 000 и 6 000 евра и веќе, во најголем дел, 90 отсто од барањата се поднесени за исплата. Тоа значи дека жените ги реализираат инвестициите во […]

Предизвиците и поволностите од „Отворен Балкан“ за земјоделството и туризмот


Денеска беа презентирани студиите за влијанието на регионалниот пазар во рамки на „Отворен Балкан“ врз секторите земјоделство и туризам. – Отворањето заеднички пазар во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ покрај политичка волја изискува и соодветна институционална инфраструктура. Спроведувањето на иницијативата не е едноставен процес, тaa изискува голем степен на усогласеност меѓу земјите, планирање и креирање […]

Презентација на извештајот „Зелен раст во секторот земјоделство во Северна Македонија“ на Светска банка


Светска банка денеска ќе го презентира извештајот насловен „Зелен раст во секторот земјоделство во Северна Македонија“, кој ќе биде претставен на претставници од земјоделскиот сектор во земјата.   Како што информираат од Канцеларијата на СБ во државава, на презентацијата воведно обраќање ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Фрауке Јунгблут, менаџер […]

Почна ИПАРД 3 кампањата, 97 милиони евра од ЕУ за инвестиции во македонското земјоделство


Први во регионот ја почнуваме новата ИПАРД приказна. Имаме на располагање 97 милиони евра. Да ги претвориме овие средства во нови инвестиции. Со поддршката што ни ја дава ЕУ да продолжиме да ги развиваме општините и руралните подрачја, да продолжиме да го модернизираме и осовременуваме нашето производство, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство […]

Полскиот министер за земјоделство дадe оставка поради украинското жито


Полскиот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик поднесе оставка поради украинските цени на житото, пишува Ројтерс. Ковалчик рече дека одлучил да ја напушти функцијата поради одлуката на Европската комисија да го продолжи увозот на  жито од Украина без царина до јуни 2024 година. Полските фармери повикаа на воведување тарифи. „Бидејќи е јасно дека ова барање нема […]

Усвоена Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година вредна 1,3 милијарди денари


Владата на денешната седница ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, со вкупна вредност од 1,3 милијарди денари, предложена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Од Министерството посочуваат дека Програмата за поддршка на руралниот развој прераснува во инвестициска програма со која се помага развојот и модернизацијата на домашното […]

Како до поголемо и поконкурентно домашно производство на храна


Земјоделството беше еден од секторите врз кои глобалната криза и во 2022 година удри најсилно. Светот се соочи со предизвикот како да обезбеди доволно храна. Трошоците на производителите се зголемуваа, а цените на берзите растеа. Во вакви услови, кои, според експертите, се уште се неизвесни, а последиците допрва ќе се чувствуваат, за земјава беше приоритет како […]

За 45 милиони евра повеќе пари за земјоделците, но и нов модел за субвенционирање


  За земјоделството во 2023 година се проектирани вкупно 193 милиони евра што е за 45 милиони евра повеќе во однос на Буџетот за 2022 година. Најголем дел од средствата односно 140 милиони евра се наменети за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од кои 114 милиони евра за да се спроведе […]

Прес-конференција на премиерот Ковачевски и министерот Николовски


Проследете ја прес-конференцијата на премиерот Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски. Тема на прес-конференцијата еновиот Буџет на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2023 година.