Над 1.000 даночни обврзници во Грција нелегално добиле 22,67 милиони евра од европските земјоделски субвенции


 Вкупно 1.036 даночни броеви во Грција добиле нелегални субвенции во вкупен износ од 22,67 милиони евра, соопшти министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис, презентирајќи ги резултатите од полициската истрага за скандалот со Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Министерот […]

Трипуновски обвини за противправно земање субвенции, Николовски вели дека се празни обвинувања и театар


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска го обвини поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски дека додека бил прв човек во МЗШВ овозможил две фирми противправно да земат субвенции од илјадници евра. Николовски, пак, кој сега е пратеник во Собранието, ги демантира наводите на Трипиновски, велејќи дека станува збор за празни обвинувања и […]

(Во живо) Прес-конференција на премиерот Ковачевски и министерот Николовски за субвенциите во земјоделството


Проследете ја прес конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за новиот модел на субвенционирање на земјоделството:  

И покрај високите субвенции, бројот на тутунари и производството на тутун се намалува


Многу фаворизираниот девизен прилив од извозот на тутун и пијалоци (193 милиони евра во 2019 г.) е засенет од количината на увезена храна (664 милиони евра)   Субвенциите за тутун во Република Северна Македонија имаат најголемо учество во БДП и во расходите на централниот буџет во споредба со субвенциите за други култури и сочинуваат четвртина […]

Субвенции од четири денари за предадени домати


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе помогне во решавање на откупот на доматите со интервентна субвенција од четири денари за килограм предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети. Како што соопшти Министерството, на овој начин со постоечката дополнителна субвенција за предаден зеленчук во преработувачки капацитети од три денари за килограм, производителите на домати ќе добијат […]

За субвенции аплицирање до вторник


Платежната агенција ги потсети фармерите дека до вторник е рокот за аплицирање за субвенции за растително и сточарско производство. До денес се поднесени 64.448 барања. „Очекуваме уште 10 отсто од можните апликанти овие неколку дена да поднесат барања. Земјоделците не треба да го чекаат последниот ден за да не се создаваат гужви и нам како […]

Николовски: Исплатени 104,7 милиони денари субвенции за грозјето


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски попладнево на својот фејсбук профил соопшти дека лозарите можат да ги подигнат дополнителните два денара субвенции за килограм предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет. Како што наведува Николовски, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по овој основ исплати вкупно 104,7 милиони денари. – Денеска може […]

Правосудство.мк: Истрагата за злоупотребите со земјоделските субвенции тапка во место


Кривичната истрага за сторените злоупотреби со субвенции во земјоделството како да тапка во место. Имено, по точно пет месеци од обелоденувањето на овој финансиски скандал за кој се сомничат 24 лица, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран кримиунал и корупција се уште има отворена истрага и барем засега е тешко да се претпостави кога […]