Министерката за труд на Грција: Не е предавство да ги сакаш земјите на другите


Не е предавство да ги сакаш земјите на другите, ѝ одговори министерката за труд и социјала на Грција, Ефи Ахциоглу на жена која ѝ дофрли дека „Македонија е грчка“ и „предавството нема да помине“. На партискиот настан организиран од СИРИЗА во Солун, на кој одржа говор за работничките права, Ахциоглу даде изјава за медиумите и […]

Стигнуваат податоци за потеклото на Сончевиот систем и животот на Земјата?


Јапонската вселенска сонда се подготвува за слетување на астероид на околу 280 милиони километри од Земјата. Јапонската вселенска агенција денеска соопшти дека леталото „Хајабуса 2“ почна да приоѓа до астероидот околу 13.15 часот по локално време. Почетокот на приодот е одложен за пет часот поради безбедносни проверки, но сондата ќе се приземји на астероидот според […]

Сателит сними светлосни експлозии во атмосфера


Ултравиолетовиот телескоп поставен 2016 година на рускиот сателит „Ломоносов“ забележа силни светлосни „експлозии3 во земјината атмосфера чија природа не е објаснета, вели директорот на Институтот за истражување на нуклеарна физика на московскиот државен универзитет, Михаил Панасјак. „Со помош на телескопот успеавме да добиеме позначителни резултати отколку што очекувавме. Се чини дека наидовме на нови физички […]

Дачиќ: Уште една земја го повлече признавањето на Косово


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска покажа официјална нота на Папуа Нова Гвинеја – шеста земја, која го повлече признавањето на Косово. Дачиќ на прес-конференција по повод една година од Владата, рече дека шестте земји, кои го повлекоа признавањето на Косово имаат вкупна површина од 800 000 квадратни километри, што е десет пати […]

Невреме во Кавадарци: Наноси од земја го блокираа градот


Општина Кавадарци синоќа ја зафати невреме. Интензивно се работи на чистење на улиците од наноси со земја од страна на екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“. – Поројните дождови во вечерните часови оставија последици низ кавадаречките улици. Неколку екипи на комунални работници со механизација се на терен и вршат чистење и миење на улиците, како и […]

Земјата ќе остане без вода


Итен повик за дејствување со цел планетата Земја да не остане без вода, упатија голем број политичари и експерти кои учествуваат на Светскиот форум за вода во Бразил. – Едноставно нема време за губење, изјави при отворањето на осмото издание на Форумот, претседателот на Бразил, Мишел Темер. Државата, каде се наоѓаат 18 проценти од светските […]

НАСА: Сончева бура се движи кон Земјата


Американската вселенска агенција НАСА воочи т.н. сончева бура што се движи кон Земјата, по двете ерупции кои се забележани на Сонцето. Бурата е предвидено денеска да ја погоди Земјата, што може да предизвика проблеми во работата на сателитите и електроенергетските мрежи, пишува британскиот весник „Мирор“. Се очекува и појава на т.н. поларна светлина, која ќе […]

Астероид денеска ќе пролета покрај Земјата


Американски астрономи откриле астероид широк меѓу 15 и 40 метри, кој денеска ќе помине крај Земјата. Според проценките на истражувачите од американската астрономска програма „Каталина Скај Сурвеј“, астероидот ќе ја „промаши“ нашата планета за 69.700 километри, односно помалку од една петтина од растојанието од Земјата до Месечината. Оваа дистанца се смета за исклучително блиска за […]

Географската одредница не ја стресе земјата


Од одобрување преку револт до рамнодушност. Изјавата на премиерот Зоран Заев дека прифаќа промена на името на Република Македонија, односно име со географска одредница, предизвика различни чувства кај македонскиот граѓани, иако генерален впечаток е оти првата ваква изјава на толку висок функционер во земјава не предизвика толкав одек колку што се очекуваше. Полемиката главно се […]