Во Кина снимени како ја потопуваат зелката во раствор пред да ја натоварат. Наредена е истрага


Кинеските власти покренаа истрага по извештаите дека формалдехидот се користи за зачувување на свежината на зелката наменета за човечка исхрана. Официјални лица во североисточната кинеска провинција Хебеи ја потврдија автентичноста на снимката на која се гледа како луѓето ја потопуваат зелката во раствор пред да ја натоварат во камиони за транспорт. Видеото за прв пат […]

Во Струмичко пролетната зелка се откупува по рекордна цена, за килограм се плаќа повеќе од едно евро


На стартот на бербата пролетната зелка во струмичко се откупува за рекордни 60 до 65 денари за килограм. Толку висока откупна цена на почетокот на откупот не паметат ниту трговците, ниту производителите. Според нив, тоа се должи на зголемената побарувачка, но и немањето доволни количини пролетна зелка во соседните земји. Според трговецот Блажо Витанов од […]

На граница во Хрватска во свеж зеленчук од Северна Македонија е откриена хемикалија штетна по здравјето на луѓето


Во зелка од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот имидаклоприд што е забранет во ЕУ, а 0,029 мг/кг супстанца е пронајдена во примерок од зеленчукот што требало да заврши во хрватските продавници, јавија хрватските медиуми. Според нив, тоа се случило на хрватската граница, па инспекторите веднаш наредиле да се уништи целата пратка свежа зелка […]

Пролетната зелка во струмичко се откупува за 40 денари за килограм, се извезува речиси во цела Европа


 Првите количини пролетна зелка, која интензивно стасува за берба деновиве, се откупува за 40 денари за килограм. Освен на балканските пазари, струмичката пролетна зелка се пласира во сите земји на ЕУ и Украина. Откупната цена од 40 денари за килограм е прифатлива за трговците. -До пред три дена имавме зголемено побарување за зелката, но понудата […]

Владата ја усвои новата Програма за спроведување на интервентен фонд во земјоделството


На седница Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја усвои Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството. Буџетските средства за оваа програма во висина од 317.000.000 денари се предвидени во буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во Потпрограма 21 – Интервентен […]

Протестираат производителите на зелка од Струмичко, Николовски вели пласман има, протестот е насочен кон цената и трговците


Производители на пролетна зелка денеска со протест со трактори по улиците на градот и со едночасовна блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени. Тие бараат зелката да не се откупува под 30 денари за килограм и побараа итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и Инспекторатот за […]

Дипломати ќе го решаваат проблемот со зелката


Извозот на македонска зелка кон Русија се намали, што доведе до пад на откупната цена и незадоволство кај земјоделците. Земјоделците побараа од министерот за земјоделство Љупчо Николовски да ги активира сите расположиви механизми за да не им скапе родот. „Вчера се информирани сите дипломатски и конзуларни претставништва на државата, преку Министерството за надворешни работи како […]

Продолжува протестот на производителите на зелка во Муртино


Протестот на производителите на пролетна зелка поради намалување на откупната цена со блокирање на еден откупен пункт во селото Муртино продолжува и вечерва. Незадоволните производители со трактори го блокираа влезот на откупниот пункт денеска напладне, бидејќи само тој ја откупува пролетна зелка за 25 денари за килограм. Производителите бараат откупната цена да изнесува 30 денари […]