Се решава статусот на 1.117 лица во здравството, ќе добијат трајно вработување


Работниот однос на 1.117 лица кои работат на определено време како медицински и помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со одлука на Владата, ќе им се трансформира на неопределено време, соопштија на заедничка прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министрите за здравство и за финансии, Фатмир Меџити и Фатмир Бесими. – Инвестирањето во здравствени работници е една […]

МЗ: Од 2024 година скрининг за карцином на дебело црево


Министерството за здравство во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања, која покрај скринингот за рана детекија и скрининг за рак на дојка, ги опфаќа и скринингот за карциноми на грлото на матката, соопштуваат од Министерството за здравство, а се наваува и почеток на скрининг за карцином […]

Здравствени работници во Скопје изразија незадоволство поради состојбите во здравството


Здравствени работници на неколку локации низ Скопје денеска изразија незадоволство поради состојбите во здравството. Се бара зголемување на платите од 30 проценти на докторите и медицинскиот персонал, јавната администрација во медицинските установи и техничкиот персонал. Се бара и покачување на инфективниот додаток од еден на четири проценти, регулирање на статусот на времено вработените лица и […]

И в година може да доцни терапијата за онколошките пациенти


Без кадар може да останат клиникте во Клиничкиот центар во Скопје, доколку Министерството за финансии не одобри нови вработувања, предупреди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој беше во посета на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Вели, изборна година е,  а со пацинетите ќе нема кој да работи.  – Ќе упатам апел до Обвинителството дека […]

Меџити: МЗ иницираше зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на пет милиони евра


Министерството за здравство иницираше зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на пет милиони евра. Тоа е двојно повеќе средства и сум горд на ова. Наша определба е да го ги забрзаме реконструкциите, набавката на опрема, бидејќи клучна причина за незадоволство од јавното здравство е лошата инфраструктура и услови. Ова, меѓу другото, го […]

Меџити ќе го децентрализира здравството, се менува режимот на препишување лекови


Засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административни процедури за препишување на хронична терапија, на денешниот брифинг со новинарите, беа промовирани новините во примарната здравствена заштита, со цел, како што беше кажано, приближување и поедноставување на услугата за сите пациенти.    – Врз основа на детална анализа, која ја спроведе Министерството за […]

Здравствените синдикати на средба во МИОА, но најавуваат „жешка есен“ протести ако нема слух од МФ и МЗ


Независниот синдикат на здравство и Независниот синдикат на геријатрија денеска излегоа задоволни од средбата во Министерството за информатичко општество и администрација. На состанокот е констатирано дека има голем број аномалии во колективните договори на здравствените работници, синдикатите упатиле барања за решавање на ова прашање и во Министерство за финансии и во Министерство за здравство, но […]

Серафимовски: Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се протести


 Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се и протести, ова го истакна денеска на прес-конференција, претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски. – На иницијатива на министерот пред околу десетина дена, на состанокот во неговиот кабинет, се формира работна група за усогласување на платите. Според минималната плата, никој во државата […]

Испразнети работни места во здравство ќе се пополнуваат без согласност од Министерството за финансии


Испразнети работни места во здравство ќе се надополнуваат без согласност од Министерството за финансии, најави министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција. – Не ми беше јасно зошто секогаш треба согласност од Министерството за финансии за вработувања во здравство. Некој ќе се пензионира, друг ќе си оди од државата или ќе се префрли во […]

Министерот Меџити најави нови вработувања во здравствениот сектор


Министерот за здравство Фатмир Меџити најави нови вработувања во здравствениот сектор, кои, според него, ќе следат откако другите здравствени установи под капата на Министерството ќе се изјаснат кој кадар им е потребен. Министерот на денешниот собир на тема „Здравје за сите“, по повод на Светскиот ден на здравјето одржан во Скопје, рече дека во тек […]

Брзанов: Со децентрализација и регионализација пациентите ќе добијат подобра здравствена заштита


Сметаме дека со децентрализација и со регионализација, со формирање на регионални клинички здравствени центри, пациентите ќе добијат подобра здравствена заштита. Ова го истакна денеска доктор Никола Брзанов, основач на Клубот на млади лекари, на промоцијата на извештајот за лекувањето на граѓаните во приватните и јавните здравствени установи. Наташа Петковска, правна советничка во Хелсиншки комитет за […]

Синдикатите и Министерството за здравство се договорија, се очекува потпишување на анексот на колективниот договор


Синдикатите од здравство кои неколку часа пред најавениот протест беа на средба во Министерството за здравство постигнаа договор.  – Се договоривме. По три илјади денари за сите сестри и по две илјади денари за сите останати од помошно-технички персонал, администрација, доктори, сите вработени во здравството да имаат бруто покачување со мартовската плата, изјави Предраг Серафимовски, […]

Претставници на синдикатите за здравство на средба со министерот Меџити


 Претставници на синдикатите за здравство утрово се на состанок кај министерот за здравство на која, според нивните информации, ќе се разговара за анексот на колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите за исплата на плати. – Од Кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити синоќа нѐ повикаа на средба денеска во девет часот […]

Денеска протестираат здравствените работници


Здравствените работници денеска на протест пред зградата на Министерството за здравство. Организатор е гранковиот синдикат при ССМ и синдикатот на Клинички центар. Тие пред ресорното министерство ќе излезат во 12 часот, со цел да изразат незадоволство од, како што велат, игнорантскиот однос на министерството и на Фондот за здравство кои не одговараат на нивните барања […]

Самостојниот синдикат на здравство во четврток на протест пред МЗ


Самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита најави протест пред Министерството за здравство во четврток, поради сѐ уште непотпишаниот анекс на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените. На денешната прес-конференција во ССМ рекоа дека во анексот се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството со различни износи, што, според Советот, би […]

Албанците потрошиле 350 милиони евра „од џеб“ за здравство во 2021 година, бизнисите заработиле 85 милиони евра


Албанскиот државен институт за статистика, ИНСТАТ, објави дека во 2021 година забележан е рекорд во трошоците на граѓаните за нивното здравје, во голема мера под влијание на ефектите од пандемијата на Ковид-19. Податоците за показателот „здравје“ откриваат дека приходот во оваа категорија во 2021 година достигнал речиси 41 милијарда леки или 350 милиони евра, што […]

Здравствените работници најавија блокада на цело Скопје


Здравствените работници од денешниот протест порачаа, блокада на цело Скопје доколку не им биде исплатена јануарската плата. – Доколку не се земе плата до среда најдоцна, односно денес ние ќе го блокираме Скопје на влезот кај Ѓорче Петров и Автокоманда и ќе го блокираме Центар во четврток, вели Лазар Костовски, претседател на Независен синдикат на […]

Бесими: Платите за здравство ќе се исплатат од Трезорот, ако до понеделник не се реши проблемот на ФЗО


Изнајдено е решение за исплата на платите во здравството, дури и ако до понеделник не се реши проблемот со системот на Фондот за здравство, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој во гостување на националниот сервис МТВ, рече дека доколку до понеделник ФЗО не го реши проблемот со хакираниот систем, средства ќе бидат префрлени директно […]

Во Загреб протестираат здравствените работници


Предупредувачки протест пред ресорното министерство во Загреб  беше организиран од Синдикатот на медицинските сестри и здравствените работници денеска поради лошите услови за работа и непочитувањето на колективните договори. Хрватскиот стручен синдикат на медицински сестри и медицински техничари и Самостојниот синдикат за здравствена и социјална заштита организираа мирен собир и најавија можност за штрајк доколку управата продолжи […]