Полицијата тргна по Груевски


Скопскиот кривичен суд издаде наредба за приведување на поранешниот премиер Никола Груевски, кој од петокот не се јави на издржување на двегодишната затворска казна во затворот во Шутка. Судот бара и да се распише потерница по Груевски, а МВР, како што се наведува, веќе постапува по наредбата. -Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде […]

Груевски пак ќе бара одложување на затворот


Адвокатите на премиерот Никола Груевски кој треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ пак ќе бараат одложување на затворот. Тие утре ќе се повикаат на вонредниот правен лек кој се уште не доставен до Врховниот суд и на одлуката на Комисијата за дискриминација дека Груевски бил дискриминиран. „Утре нема […]

Судот не го најде Груевски дома, неизвесно кога ќе стигне во Шутка


Судскиот доставувач вечерва и по втор пат не го нашол дома поранешниот премиер Никола  Груевски за да му го достави решението и лично да го извести за одбивањето на неговата жалба и дека треба да се јави на издржување на  двегодишната затворска казна во затворот во Шутка. Иако десетици новинарски екипи го чекаа Груевски пред […]

Одбиена и последната жалба на Груевски


Кривичниот совет ги одби жалбите на експремиерот Никола Груевски и на неговите адвокати, кои бараа одложување на затворската казна. Според процедурата, решението ќе му биде испратено. Доколку не го прими на куќната адреса, тогаш ќе му биде врачено во судот. Првото следно рочиште на кое треба да се појави Груевски е закажано в понеделникот во […]

До понеделник одлука кога Груевски ќе оди во затвор


Во Кривичниот суд стигна и жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски кој бара одложување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Со тоа од утре почнува да тече рокот од три дена и до понеделник Кривичниот совет треба да ја донесе конечната одлука дали ќе ја прифати жалбата на Груевски и неговите адвокати и ќе […]

Груевски купува денови на слобода


Поранешниот премиер Никола Груевски „купи“ уште неколку дена слобода, а веројатно ќе го спаси и пратеничкиот мандат. Во судот вчера почнаа да пристигнуваат поединечните жалби на сите адвокати од тимот на Груевски на одлуката на судијата за извршување санкции, кој одби да му го одложи затворот за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“ од над 600 […]

Оди ли утре Груевски в затвор?


Неизвесно е дали експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, утре ќе започне да ја издржува двегодишната затворска казна изречена за случајот „Тенк“ за набавка на блиндираниот „мерцедес“. Адвокатите на Груевски ја искористија и последната можност за жалба до Кривичниот совет на судот, откако претходно беше одбиена молбата со која бараа да се одложи издржувањето […]

Груевски ќе го зачува мандатот, ама не и слободата


Мали се чинат шансите за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски поради правосилната пресуда за случајот „Тенк“. Двотретинското мнозинство, со кое беше донесена одлуката за пристапување кон уставни измени, најверојатно, нема да се повтори во случајот со Груевски. Неговите довчерашни сопартијци, кои се сега дел од новата независна пратеничка група, најавија дека […]

Одбиено барањето на Груевски, во четврток да се јави во затвор


Судијата за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 ја одби молбата на поранешниот премиер Никола Груевски за одлагање на затворската казна. Решението на судија за извршување санкции е испратено на странките во постапката кои имаат право на жалба против во рок од три дена до Кривичниот совет. Груевски е осуден на две години затвор во […]

Груевски бара да не оди во затвор оти пишува книга


Поранешниот премиер Никола Груевски пишува книга врз основа на докторската дисертација „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“. Ова од адвокатскиот тим го навеле како причина плус за одложување на двегодишната затворска казна на којашто правосилно е осуден експремиерот за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“, дознава „Независен […]

Докторатот причина плус Груевски да не оди во затвор


Вчера доцна попладнето, кога веќе изминуваше рокот, адвокатскиот тим на поранешниот премиер Никола Груевски поднесе молба до Кривичниот суд да му биде одложено издржувањето на двегодишната затворска казна за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“. Неговите адвокати велат дека подготовката барала време и затоа била поднесена подоцна. Неофицијално, Груевски ќе бара одложување поради обврските како пратеник […]

Груевски поканет во затвор


По неколку обиди да ги избегне судските курири кои го барале на домашна адреса за да му го достават упатниот акт за извршување затворска казна, во рацете на поранешниот премиер Никола Груевски вчера се најде конечно „поканата“ според која тој треба наскоро да почне да ја издржува првата затворска казна што му е определена во […]

До 8 ноември Груевски треба да се јави во затворот во Шутка


Поранешниот премиер и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го добил упатниот акт за издржување на затворската казна за случајот „Тенк“. Според информациите, до 8 ноември тој треба да се јави во затворот „Шутка“ во Скопје за да почне да ја издржува затворската казна од две години, откако скопска Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот […]

Груевски ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ од затвор


Ерол Ризаов Во ВМРО-ДПМНЕ ништо ново. Очекувана празнична прослава за силно единство по сечата на глави спроти 125-годишнината од Солунскиот конгрес, како продолжување на традицијата да се упропастува Македонија и сè што води кон прогрес. Посолените глави на вмровските дејци кои ја предале револуционерната организација веќе му се дадени на увид на вождот да се […]

Груевски чека да го викнат во затвор


Експремиерот Никола Груевски и неговите адвокати ја примија пресудата на Апелацискиот суд, со која довчерашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да помине две години во затвор поради набавка на луксузниот „мерцедес“ за потребите на Министерството за внатрешни работи. Пресудата сега автоматски преку АКМИС Системот треба да биде доделена и до судија за извршување на санкции, кој […]

Катиљ-ферман за Груевски среде уставната драма


Додека вчера попладне фокусот на политичката јавност беше насочен кон Собранието, ретко кој го забележа отсуството во парламентарната зграда на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во изминатите денови беше речиси постојано присутен на расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени, иако не се јави за дискусија. Ниту непотврдената информација дека Груевски најавил дека нема […]

Груевски наскоро треба да добие упатен акт за во затвор


Правосилната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот Тенк стигна во Кривичниот суд. Сега пресудата треба да биде распределена кај судија за извршување на санкции кој во наредниот период треба да изготви упатен акт и да им го даде на странките во постапката. Откако Груевски ќе го прими упатниот акт во рок од осум […]

Привилегиите ќе го чекаат Груевски да излезе од затвор


Потврдената затворска пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски чека да биде трансферирана од Апелацискиот суд до судија за извршување санкции, по што започнува новата ера од животот на некогаш најмоќниот политичар во земјава. Тоа не значи дека веднаш ќе биде однесен во затвор, затоа што постојат можности за одложување на извршувањето на санкцијата, но маневарскиот […]

Груевски сѐ поблиску до затвор


Поранешниот премиер Никола Груевски вчера ја дозна потврдата за пресудата од две години затвор во судница, додека ги слушаше необјавените прислушувани разговори за изборните манипулации од 2013 година, за коишто е обвинет тој и неговите први соработници. По еден месец, Апелацискиот суд донесе одлука и ги отфрли жалбите што ги поднесеа Груевски и неговите бранители […]

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски


Апелациониот суд ја потврди затворската казна за поранешниот премиер Никола Груевски, со што пресудата со која е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ односно набавката на луксузниот мерцедес станува правосилна. „Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители судот ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди […]