Во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат 12 лица осомничени за трагичниот настан во Кочани


 Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. – Во моментот, во КПУ Затвор Куманово се наоѓаат дванаесет лица осомничени за трагичниот настан во Кочани. Помеѓу нив се и двајца поранешни градоначалници на Кочани, информираа од затворот. Вчера, ЈОРСМ информираше дека Основното јавно обвинителство Кочани донело […]

Дисидент од советската ера осуден на 16 години затвор поради антивоени ставови


  Дисидент од советската ера е осуден на 16 години затвор во Русија поради неговите антивоени ставови, во случај за кој набљудувачите велат дека нагласува како репресијата во земјата сега надминува дури и делови од советскиот период. Александар Скобов, 67-годишен целоживотен дисидент, беше осуден во петокот од страна на воениот суд во Санкт Петербург поради […]

Затвореници со дозвола на директорот на затворот и со службени возила се носеле дома


Кривична пријава за противзаконито ослободување на лице лишено од слобода, злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода, заработија десет лица, вработени во затвор, меѓу кои и поранешен директор на затворот, информира денеска полицијата, по спроведување на големата акција. На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична […]

Милорад Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење функција


  Милорад Додик, претседател на Република Српска, денеска беше прогласен за виновен и осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење функција. Според првичните информации, в.д директорот на „Службен весник на Република Српска“, Младен Лукиќ, е ослободен од обвиненијата. Горан Бубиќ, адвокатот на Милорад Додик, претходно изјави дека тој нема да присуствува на […]

Помина 50 години во американски затвор, ѕвездите бараа негово ослободување. Денеска е ослободен


Индијанскиот активист Леонард Пелтиер, кој помина речиси пет децении во затвор за убиства на двајца агенти на ФБИ и покрај тврдењето дека е невин, денеска беше ослободен од затвор во Флорида откако поранешниот претседател Џо Бајден му ја ублажи казната. Неговите поддржувачи, од племенските водачи до Далај Лама и Роберт Редфорд, долго време бараа негово […]

Извештај: Затвореничките во Велика Британија се самоповредуваат 8,5 пати повеќе од мажите


Затвореничките во британските затвори се самоповредуваат 8,5 пати почесто од мажите, а еден од клучните фактори за ова е недостигот на „основна нега“, вклучително и забраната за користење машини за перење во некои затвори, покажува извештајот на надзорниот орган „Жени во затвор“. Според Скај Њуз, ниту еден од четирите женски затвори што ги посетиле инспекторите […]

Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите


Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија, сторителите во 1.158 кривични предмети со жртви, се уште не се испратени на издржување на затворската казна, бидејќи нема доволно места во затворите, објави денеска холандскиот портал „EenVandaag“. Државната секретарка за правда и безбедност, Ингрит Кунради, изјави дека сегашната ситуација е со „црн статус“, што значи дека во […]

Хаос во затвор во Мозамбик: 33 лица загинаа, 1.534 избегаа


Најмалку 33 лица загинаа, а 15 се повредени кога избувнаа немири во затвор во главниот град на Мозамбик, изјави денеска полицискиот командант Бернардино Рафаел. За време на инцидентот од затворот избегале 1.534 лица, но досега се фатени 150, изјави Рафаел, пренесе Ројтерс. Мозамбик моментално доживува ескалација на граѓански немири поврзани со спорните избори во октомври, […]

Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци


Рускиот државјанин Никита Журавел денеска беше осуден на 14 години затвор откако беше прогласен за виновен за велепредавство за наводно испраќање видео од руската војска до украинските разузнавачки служби. Окружниот суд во Волгоград соопшти дека Журавел „не се согласува со политиката на Руската Федерација“ и дека преку интернет се допишувал со претставник на украинските безбедносни […]

Мета од затвор: Нема сила во светот да го запре ураганот на слободата


Поранешниот албански претседател и лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, реагираше од притворската ќелија од затворот „313“ во Тирана, во врска со синоќешниот протест на опозицијата, со блокада на 6 главни национални патни правци. Во објава на Фејсбук, на која има и фотографии со моменти од протестот, Мета им се заблагодари на учесниците […]

Во дел од Австралија, 10-годишните деца ќе можат да одат во затвор


Деца од 10 години наскоро ќе можат повторно да бидат затворени во Северната Територија на Австралија (НТ), откако тамошната влада ја намали возраста за кривична одговорност. Австралиските држави и територии беа под притисок да се зголеми возраста за кривична одговорност од 10 на 14 години, во согласност со другите развиени земји и советите на ОН. […]

Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“


 Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово  и тоа: И.И. (37),  Ј.А. (36), И.Ј. (50),  Д.П. (34), Ф.Б. (31) и В.Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице […]

Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор


Нема потреба од носење на Закон за амнестија само со една и единствена цел да се намали пренатрупаноста во затворите, туку треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор. Сето ова како законско решение го имаме и треба да биде почесто применувано, изјави судијката во Основниот кривичен суд Скопје, Билјана Коцевска пред почетокот на […]

Пандов бара затворениците што одат на работа, од дома да ја одлежуваат казната


Да профункционираат казнените „алкиж3, со кои се следи движењето на осудениците, да се изречат условни прекини на затворските казни и други мерки предлага директорот на Управат за санкции Александар Пандов, ксо цел да се растоварат затворите, кои се пренатрупани.   – Во затворите имаа околу 400 затвореници кои се со А-третман, значи одреден дел од нив, […]

Петмина затвореници побегнаа од строго чуван затвор во Португалија


Петмина затвореници, меѓу кои еден Британец, Аргентинец и Грузиец, како и двајца Португалци, побегнаа од строго чуваниот затвор во Вале де Жудеуш, 30 км северно од Лисабон, соопштија португалските власти. Според португалската затворска служба, мажите на возраст од 33 до 61 година побегнале вчера во 10:00 часот со помош однадвор, користејќи скали за да ја […]

Oд затворот во Струмица во бегство се 23 затвореници


Во моментов од Казнено-поправната установа Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов. Во видео обраќање за затекнати состојби  во КПУ Затвор Струмица, Ристов вели дека ова е резултат на неодговорното работење на претходни раководства. – Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде […]

Дел од затворениците во Велика Британија ќе бидат ослободени по отслужување на 40 отсто од казната


Затворениците кои отслужиле 40 отсто од казната во Велика Британија ќе бидат ослободени со цел да се намали пренатрупаноста во затворите. Затворениците во Англија и Велс, освен најтешките престапници, обично се ослободуваат по отслужување на 50 отсто од казната, а новата одлука ќе стапи на сила во септември, пренесува „Скај Њуз“. Претседателот на Здружението на […]

Американски војник доби речиси четири години затвор во Русија


Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана дека ќе ја убие својата девојка, објавија руските медиуми. Наредникот Гордон Блек беше осуден пред судот во Владивосток на далечниот исток на Русија и ќе ја отслужи казната во казнена колонија. Блек, кој беше уапсен во мај, […]

Вработени во затворот „Идризово“ завршија на Токсикологија по пожарот во женското одделение, нивната состојба стабилна


Четворица вработени во затворот „Идризово“ се пренесени на Универзитетската клиника за токсикологија како последица од пожарот што вчера избувнал во женското одделение од затворот, потврди за МИА заменик-директорот на затворот Феми Јонузи. Јонузи за МИА вели дека според информациите што ги има, пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци. Здравствената состојба на […]

Проблематичен во Идризово – префрлен во Штип, таму толпа од 30 лица сакала да го линчува


Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, познат во скопското подземје како Мали Репки е главниот актер во настаните што го одбележаа денот кога беа уапсени 17 припадници на затворската полиција во затворот Идризово. „Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица од кои за пет постои основано сомнение дека во текот […]