По најмалку 10 години одлежан затвор најопасните да се сместуваат во посебна институција?


  Лицата кои отслужиле најмалку десет години затвор за кривични дела против животот, телото, личните слободи или сексуалниот интегритет, а за кои судот ќе утврди дека е многу веројатно повторно да извршат сериозно кривично дело, би можеле да бидат сместени во посебна установа по истекот на казната, се предлага со новиот Закон за третман и […]

Ќе пошумуваат затвореници од затворот во Струмица


Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Казнено-поправната установа „Затвор“ – Струмица потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, со кој ќе се зајакне координацијата меѓу двете институции преку ангажман на осудени лица во општокорисна работа. Договорот го потпишаа директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, и директорот на КПУ „Затвор“ – Струмица, Зоран Ристов. На потпишувањето присуствуваше и […]

Италија ќе ослободи илјадници наркомани поради пренатрупаност на затворите


Италијанскиот парламент во понеделник усвои закон со кој потенцијално ќе им се овозможи на илјадници затвореници со зависност од дрога или алкохол да ги издржуваат своите казни дома, додека учествуваат во програми за рехабилитација, во обид да се намали пренатрупаноста на затворите. Италијанските затвори се исполнети со капацитет од 140 проценти, според групата за права […]

Бернам најави преиспитување на политиката за предвремено ослободување на затворениците


 Британскиот премиер Ендру Бернам денеска изјави дека заедно со новиот министер за правда Алекс Норис ќе ја преиспита политиката за предвремено ослободување на затворениците. Тој додаде дека не може да го негира притисокот врз затворскиот систем во Велика Британија поради недостиг на места, но оти сака да се увери дека сите аспекти се разгледани. – […]

Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“


    Финансиска полиција го тресе работењето во „Комунална хигиена“ откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски обвини дека имало низа злоупотреба во ова јавно претпријатие од околу 300 милиони евра.   Ѓорѓиевски рече дека и самиот тој имал средба со Финансиска полиција и дека покрај исплата на плати на лица кои воопшто не се појавувале на работа […]

Затвореници од битолскиот затвор чистат патишта


Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции, денес започна првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат. „Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на […]

Две третини затвореници се повратници – ресоцијализацијата никаква


Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот што сега работи на ресоцијализација во затворите е обучен и подготвен, но за жал е многу е мал, но и дека треба да се работи на заживување на затворските економии. Според Пандов, гледано низ призма […]

Затворската полиција не спроведува затвореници на судење оти нема возила


 Со оглед на бројот на возила и намалениот број на вработени во Затворска полиција, КПУ Затвор Скопје постапува и ќе постапува согласно своите можности и капацитети, вели директорот на затворот Бобан Утковски, по реакцијата од Основниот кривичен суд Скопје за одложените рочишта поради неспроведување на притворени лица. Утковски информира дека на 18 август биле планирани […]

Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека следната недела се очекува нова размена на воени заробеници со Русија, во согласност со постигнатите договори. Тој информираше дека во тек се напори за враќање на сите украински државјани кои се уште се наоѓаат во руски притвори. – Планираме размената да се реализира следната недела, барем таков е договорот, […]

Албанија со најголем број затвореници на 100 илјади жители во регионот


Во Албанија затворите се преполни, во споредба со поголемиот дел од Европа, објавија медиумите. Според последните податоци на Евростат, Албанија е на четвртото место во Европа по бројот на затвореници на 100.000 жители во 2023 година, со стапка од 182. Оваа бројка е значително повисока од просекот на Европската унија, кој изнесуваше 111 затвореници на […]

Претседателот на Индонезија ќе помилува околу 44.000 затвореници


 Претседателот на Индонезија, Прабово Субијанто одлучи да помилува десетици илјади затвореници, вклучително и активисти осудени за клевета, како и оние кои беа затворени во источната провинцијата Папуа, поради критикување на Владата, изјави министерот за правда Супратман Анди Агтас. Тој додаде дека околу 44.000 затвореници ширум земјата би можеле да бидат помилувани за да се олесни […]

Холандија предвремено ќе ослободува затвореници поради пренатрупаност на затворите


Холандската Влада соопшти дека затворите во земјата се толку полни што нема место за нови затвореници. Поради ова, од следната недела, прекршителите на законот ќе бидат предвремено ослободувани, изјави државната секретарка во Министерството за правда и безбедност, Ингрид Кунради, пред парламентот во Хаг, пренесува ДПА. Кунради наведе дека води разговори со Естонија за можноста да […]

Рекордно висока бројка на затвореници во Англија и во Велс


Бројот на затвореници во Англија и во Велс достигна рекордно високо ниво, околу 88.350 луѓе се во затвор до денеска, покажуваат бројките на британското Министерство за правда. Пред една недела бројот на затвореници во Англија и во Велс изнесувал 88.234, а пред четири седмици – 87.362. Зголемувањето на бројот на затвореници изминатите недели најверојатно се […]

Голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина. Погледнете го трогателно видео


Русија и Украина разменија по 115 воени заробеници од секоја страна во саботата, откако Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дејствуваа како посредник. Тоа е прва размена откако Украина ненадејно ја нападна руската област Курск на 6 август, што е најголемиот напад на странска сила на руска територија од Втората светска војна. Разменетите руски војници се заробени […]

Клучот беше во Вадим Красиков: Како течеа тешките преговори за големата размена на затвореници меѓу Русија и Западот


  Кон крајот на јуни, претставници на ЦИА одржаа таен состанок со руските разузнавачи во неоткриен главен град на Блискиот Исток за да презентираат предлог за можна размена на затвореници. Тоа беше последната во серијата понуди што американските официјални лица ѝ ги дадоа на Русија во долгогодишните напори да обезбедат ослободување на Американците затворени во […]

Руските безбедносни сили ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници


Руските безбедносни сили упаднаа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски чувари како заложници, објавија руските медиуми, пренесе Бета. Шест затвореници кои земаа двајца чувари како заложници во притворниот центар во градот Ростов на Дон се „ликвидирани“, објавија руските медиуми.  -Заложниците во притворот во Ростов на […]

Шведска и Иран разменија затвореници. Ослободен маж осуден за масовни егзекуции


Шведска и Иран раземниле затвореници, потврдија официјални лица, при што Шведска ослободила поранешен ирански функционер осуден за неговата улога во масовна егзекуција во 1980-тите, додека Иран ослободи двајца Швеѓани кои биле држени таму. Размената на заробениците била посредувана од Оман, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на таа земја. „Напорите на Оман […]

Украина ќе може да повикува во војска и затвореници


Украинскиот парламент денеска гласаше за мерка со која се овозможува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување. Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголем непријател. […]

Осуденици од „Идризово“ најавуваат штрајк со глад


Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ бараат средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно од утре најавуваат штрајк со глад.  Од управата на „К.П.У. „Идризово“ потврдуваат дека до нив е стигнато писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајкот е поради осудениците кои беа повредени викендов при […]

(Видео) Бруталниот нов мегазатвор во Ел Салвадор


Првата група од 2.000 членови на банди во Ел Салвадор преместена е неделава во голем нов затвор, оркако претседателот Најиб Букеле прогласи „голема битка против криминалот“ во таа земја. Десетици илјади осомничени гангстери уапсени се во земјата по порастот на бројот на убиства и други насилни злосторства, пишува Би-би-си. Во затворот, според најавите, на крај […]