Царина спречи обиди за шверц на мобилни телефони, парфеми, над два тони храна, суплементи, тутун и живи птици


Царински службеници и мобилни царински тимови спречија обиди за шверц на 103 мобилни телефони, повеќе од два тони банани, 500 пакувања суплементи, 400 литри маслиново масло, 53 литри масло од црно семе, 24 килограми режан тутун, опрема за спа уреди, околу 400 парчиња козметика, над 100 парфеми од познати брендови, како и домашни птици, информираат […]

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини


Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња различна стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки. На […]

Запленета поголема количина брендирана стока без документација


Вчера, околу 20 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка. При преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, […]

За една недела Царината заплени златен накит, лекови, облека, цигари…


 Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, лекови, облека, електроинсталациони производи, цигари и фалсификати. Како што соопштија денеска од Царинската управа запленети се 19 парчиња златен накит и еден златен рачен часовник, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички […]

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари


Вкупно 21 мобилен телефон „Ајфон 15 Про“ со проценета вредност од еден милион денари се запленети на Меѓународниот Аеродром Скопје по детална контрола на стока декларирана за увозно царинење. Непријавените мобилни телефони биле откриени при детална физичка контрола на пратка од Дубаи која била наменета за фирма од Скопје. Како што соопштија од Царинската управа, […]

Спречен обид за шверц – запленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека


Во текот на изминатиот викенд, царинарниците на три гранични премини заплениле роба во вредност од 500.000 денари, со што спречиле избегнување на плаќање царински давачки од околу 150.000 денари. Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на […]

Претреси во скопско, пронајдена дрога, оружје, пари…


Денеска (11.10.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во с. Страчинци кај Т.Ф.(32). При претресот пронајдени и одземени се бела грутчеста материја,  бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитала вага, […]

Во Австрија полицијата ќе може да запленува автомобили поради пребрзо возење


Австриските власти подготвуваат закон според кој полицијата ќе може покрај возачката дозвола да им го одземе и автомобилот на возачите кои значително ја надминале дозволената брзина. „Едноставно, на нашите патишта има премногу луѓе кои не можат да бидат убедени, возачи за кои не функционираат казните и дополнителното образование. На тие лица мора да им се […]

Акција во Скопје, пронајдени оружје, муниција, дронови


 Полициски службеници од СВР Скопје денеска заедно со припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ реализираа голема акција во Скопје. Во акцијата, како што информираат од полицијата, се лишени неколку криминалци осомничени за тешки кривични дела. При претресите во нивните домови биле пронајдени оружје, муниција, дронови и други предмети поврзани со извршени кривични дела. Повеќе информации […]

Американски суд дозволи заплена на авиони на Абрамович


Американски суд дозволи заплена на два авиона во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович. Како причина, го наведе кршењето на забраната за извоз и американските санкции воведени против Русија, соопшти Министерството за правда на САД. Федерален судија во Њујорк ја одобри заплената побарана од федералните агенти. Се работи за авиони тип „Боинг 787-9“и „Гулфстрим Г650ЕР“, […]

Запленети два килограми хероин на ГП „Табановце“


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, вчера, на Граничниот премин „Табановце“, ги лишиле од слобода Ј.Ф.(31) од с.Никиштани, скопско и А.Б.(18) од  Хрватска, со што е пресечен меѓународен транспорт на хероин наменет за Хрватска, соопштија од Министерството за внатрешни работи. При контрола на […]

Во Бугарија запленет хероин во вредност од 2,8 милиони евра


Бугарија– Во голема акција на бугарската полиција спроведена во реоните на градовите Хасково и Благоевград, запленети се 47 килограми хероин и 13 килограми амфетамин. Вредноста на заплентиот хероин на нарко пазарот се проценува на околу 2,8 милиони евра. Како што соопшти локалниот јавен обвинител на Хасково, Иван Стојанов, при акцијата се уапсени седум лица, под […]

Италијанската полиција откри поголемо количество дрога кај албански државјани


Италијанската полиција во две одделени акции заплени 32,5 клограми кокаин и околу 4,5 килграми хероин, одзеде неколку парчиња оружје и уапси четворица албански државјани, меѓу кои и две жени. Во првата акција, полицијата во Рим во багажникот на автомобилот во кој биле двајца Албанци на возраст од 50 и 37 години откри торба во која […]