Гутереш: Образованието во светот е во голема криза, треба да се издвојат повеќе средства


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди на нееднаков пристап до образованието низ целиот свет. Говорејќи во пресрет на годишната сесија на Генералното собрание на ОН на состанок посветен на образованието, Гутереш изјави дека „образованието е во длабока криза“. Тој посочи дека пандемијата на коронавирус има „катастрофално влијание“ врз образованието, каде што сиромашните ученици […]

Законот за јазици заглави на двојазичните банкноти и униформи


Осум месеци откако и официјално е во употреба, повторно се зборува за Законот за јазици. Претставници на Венециската комисија допатуваа во Скопје за да ги чујат забелешките од партиите, како и од пратениците на помалите етнички заедници, по што ова советодавно тело на Советот на Европа ќе се изјасни околу уставноста на законот што предизвика […]

Бошњаковски: Се трудиме да ги надминиме грешките во однос на Законот за јазиците


Владата не работи врз принцип на казни, туку во духот на соработка, кооперација, пријателство и разбирање. Постојат недоследности и грешки во однос на Законот за јазиците кои се трудиме да ги надминиме и поправиме, порача денеска на прес-конференција владиниот портпаролот Миле Бошњаковски. Ова го кажа на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ќе следува […]

Ќе се избира директор на Агенцијата за „двојазичност“


Конкурсот за избор на директор на Агенцијата што ќе ја спроведе двојазичноста, согласно со новиот Закон за употреба на јазиците, завршува утре. Јавниот повик го распиша владата, а точното име на новата институција е Агенција за спроведување на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Македонија. Заинтересираните кандидати имаа рок од пет […]

Османи не е во право: Каракамишева не може да влијае врз Венециската комисија


И покрај спротивните најави од вицепремиерот Бујар Османи, Владата одлучи целиот Закон за јазици да го испрати во Венециската комисија. На мислење до советодавното тело на Советот на Европа околу уставноста на законот се испратени и двата члена што не се дел од донесеното решение: одредбите за двојазичност на банкнотите и воените униформи. Од Владата […]

Џафери направи од Иванов фуснота


Судирот на претседателот Ѓорге Иванов и опозицијата со парламентарното мнозинство, во врска со законите за ратификација на договорот од Преспа и за употребата на јазиците, доби нова димензија откако овие два документа конечно се објавени во „Службен весник“ – единствено со потпис на спикерот Талат Џафери и на еден од заменик-генералните секретари на Собранието. Местото […]

Заев побара од Иванов да стави потпис на Закон за јазици


Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш упати апел до претседателот Ѓорге Иванов да го стави својот потпис на Законот за јазиците и да овозможи непречено функционирање на демократијата во општеството. Заев на маргините на завршната конференција на Проектот Мрежа 23+ одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува политички договор за Законот за јазиците, како и […]

Џафери: Коалицијата треба да одлучи кога Законот за јазиците ќе оди во Службен весник


Законот за јазиците ќе биде испратен во Службен весник во соодветно време, повтори денеска претседателот на Парламентот, Талат Џафери, на средбата со новинарите, потенцирајќи дека тоа не е негова индивидуална задача, туку дека станува збор за одлука што треба да ја донесе коалицијата. Запрашан која е пречката законот да биде испратен до Службен весник Џафери […]

Џафери: Законот за јазиците ќе го пратам до Службен весник во соодветно време


Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вели дека законот за употреба на јазиците ќе го прати до Службен весник на РМ кога ќе процени дека е соодветно време, но не прецизира кога тоа би можело да се случи. – Имајќи предвид дека нема рокови во однос на објавувањето на законот за јазици, сметам […]

Законот за јазиците сè уште не е пристигнат во Службен весник


Законот за употреба на јазиците се уште не е пристигнат во „Службен весник“, изјави денеска директорот на ЈП „Службен весник“ Мартин Костовски. – Се уште не е пристигнат законот во просториите на „Службен весник“. „Службен весник“ како одговорна институција ќе постапи согласно Уставот и законите што се однесуваат на објавување на сите прописи, рече Костовски […]

Џафери сè уште не го испратил Законот за јазиците до Службен весник


Претседателот на Собранието Талат Џафери сè уште не го испратил Законот за употреба на јазиците за објавување во Службен весник и не прецизира кога тоа ќе го направи. – Не сум оптоварен со времето, затоа што нема ограничување во врска со временското одлучување за објавување на законот, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето […]

Џафери ќе го објави законот за јазиците во Службен весник, ама не кажува кога


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска кажа дека ќе го пушти Законот за јазиците за објавување во Службен весник, но не прецизираше кога. „Не сум оптоварен временски кога ќе го пуштам Законот во Службен весник“, рече Џафери. Уставот во однос на непотпишувањето на указот за овој закон, според него, го прекршил претседателот Ѓорге Иванов. Запрашан […]

Се бара начин како да се заобиколи Иванов за Закон за јазици


Постојат други начини за Законот за употреба на јазиците да стапи во сила и без потпис на претседателот Ѓорге Иванов, изјави вице-премиерот Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинари. Тој рече дека во насока на деблокада на регулативата за јазиците се консултираат експерти и правници и се разгледуваат компаративни искуства за вакви ситуации. Но, Османи, […]

Откако заглави кај шефот на државата: Ќе се применува ли Законот за јазиците без указ?


Откако се појавија навестувања дека ако има политичка волја Владата може да го спроведе новиот Закон за употреба на јазиците и без потпишан указ, дел од правните експерти за „Независен“ излегоа со негативен став околу ваквата можност. Дури и да има политичка волја кај Владата, без да стапи во сила Законот, не може да има […]

Бошкоски: Законот за јазици не е крај за Македонија


„Законот за јазици не е крај за Македонија“, вели поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски во изјава за „Независен весник“. Според него, судбината на Македонија била одредена уште во 2011 година со потпишувањето на Рамковниот договор и не ги разбира драмите што сега се случуваат околу донесувањето на Законот во Собранието. „Проблемот е што […]

(ФОТО) Протест против законот за употреба на јазиците


Пред Владата на РМ денеска се одржа протест против законот за употреба на јазиците, што македонското Собрание го донесе на 14-ти март. Присутните граѓани се собраа да го искажат својот револт против овој закон и му порачаа на претседателот Иванов да не го потпишува указот, за, како што рекоа, да не се воведе „двојазичност во […]

Рама со порака до Иванов: Албанскиот не е јазик на непријателот


„Без Албанците нема Македонија“, му порача премиерот на Албанија Еди Рама на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Рама се обрати преку својот фејсбук профил, откако Иванов соопшти дека и по вторпат нема да го потпише Законот за употреба на јазиците, кој беше усвоен во средата во трето читање, по суспензивното ветот на шефот на државата. „Господине […]

Заев: Одлуката на Иванов е флагрантно кршење на Уставот


„Законот за употреба на јазиците нема ништо да промени во Македонија ниту ќе ја наруши нејзината заедничка иднина. Апелирам да се пушти законот да живее, да се почитуваат институциите, а Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него“, изјави премиерот Зоран Заев. Според него, одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише […]

Ременски: Почнати се подготовките за попис на населението


Според мои информации во тек се подготовки за да почне подготовката за пописот, изјави пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски во вчерашното гостување на дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. -Но да не се залажуваме дека процентуално врзаните права кои се стекнати права, ќе можеме да ги спуштиме – порача таа на дебатата на која […]

Кој ќе заврши прв на суд – Иванов или Џафери?


Парламентарното мнозинство и претседателот Ѓорге Иванов влегоа во нов судир, а Законот за употреба на јазиците заглави во политичко-правен лавиринт по најавата за апсолутно вето. Таков инструмент не постои во македонскиот Устав, наспроти суспензивното вето, кое е претседателско право при првично донесување на кој било закон, освен ако не е во прашање регулатива што е […]