Се носат закони како на лента: донесени измените за работно ангажирање, за Советот на јавните обвинители и за земање и пресадување на органи…


Собранието во попладневниот дел денеска одржа продолженија на три собраниски седници – 105, 106 и 108 на кои, пратениците изгласааа повеќе законски измени меѓу кои –  Законот за работно ангажирање на лица, Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, […]

Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем


Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството почнувајќи од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. По тој повод денеска во организација на Министерството за здравство се одржа јавна презентација на […]

Пратениците донесоа повеќе закони, меѓу кои и измените на законите за безбедност во сообраќајот и за прекршоците


Собранието попладнево во рамки на 68. седница без расправа и едногласно донесе повеќе закони, сите во второ читање. Донесени се измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, на Законот за социјална сигурност за старите лица, на Законот за инвалидски организации и на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и […]

Во завршна фаза на подготовка нови и стратешки важни предлог-закони за геологија и рударство


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини попладнево информира дека во завршна фаза на подготовка се два нови, современи и стратешки важни предлог-закони: Предлог-закон за геологија и Предлог-закон за рударство. -Со нив се заменува постоечкиот Закон за минерални суровини, а нивната подготовка претставува темелна, институционална и стручно заснована реформа, изработена од експерти од самото Министерство. […]

Измените на законите за основно, средно и високо образование пред матичната собраниска комисија


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог-измените на законите за основно образование, средно образование и за високо образование, сите во прво читање.  Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе […]

За „Безбеден град“ ќе се менуваат пет закони


До крајот на април се очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени до Собранието. Имплементацијата на системот „Безбеден град“ официјално треба да стартува од 1 јануари 2026 година. Засилените контроли на полицицијата и натаму ќе има, изјави денеска министерот за внатрешни работи Пенче Тошковски, кој зборуваше на […]

МОН со повик до јавноста да придонесе во изработката на новите закони


Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем и на веб страната на МОН објавени се пет предлог закони од областа на образованието и јавноста може да учествува во креирањето на најквалитетните решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно […]

Алиу: Еден месец Собранието ги кочи законите од МИОА – македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне


Одложувањето на донесувањето на пакетот закони од страна на Собранието ја попречува неопходната реформа на јавната администрација која беше и останува главен услов на Европската Унија, иако беа усвоени од Владата пред повеќе од еден месец. Донесувањето на законите ќе придонесе кон остварување на нашата визија за градење професионална, мотивирана, деполитизирана јавна администрација, насочена кон […]

Собранието ги изгласа законски измени, „Бехтел и Енка“ сега треба да градат


  Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на  петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за […]

Измените на девет закони за автопатските делници денеска во Собрание


Измените и дополнувањата на девет закони поврзани со автопатските делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се на дневен ред на денешната 112-та собраниска седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство. На дневен ред на седницата се измените и дополнувањата на законите за […]

Усвоен Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилствo


Собранието попладнево во рамки на 91.седница ги донесе Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, како и измените и дополнувањата на законите за даночна постапка и за регистрирање на готовински плаќања. Пратениците од власта и од опозицијата беа едногласни дека законот за исплата на паричен надоместок на жртви од […]

Зошто бизнисот отиде во Собранието да ги замоли пратениците?


  Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, затропа на вратата на Собранието во обид да се деблокираат законите кои што се важни за стопанството за колку – толку полесно да се справат од последиците на економската и енергетска криза. Како што соопштија од Комората, вчера Азески бил примен од претседателот на Собранието, Талат Џафери, по […]

Владата утврди два предлог закони за ратификации на договори во рамки на „Отворен Балкан“


 Владата на денешната 89-та седница утврди два предлог закони за ратификации на договори, предложени од Министерството за надворешни работи, коишто се однесуваат на потпишани договори при соработката во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Како што соопшти владината прес-служба, утврден е Предлогот на закон за ратификација на Договорот помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на […]

Измените на законите за ДДВ и за акцизи стигнаа во Собранието


 Собранието на Република Северна Македонија соопшти дека пристигнале измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи што денеска ги испрати Владата. Како што велат од собраниската прес-служба, се уште нема информација за свикување седница за овие  закони. Моментно, претседателот на Собранието, Талат Џафери е на пленарна седница. Владата […]

Собранието одржа четири седници и донесе повеќе законски решенија


Собранието во рамките на денешната работа по денвиот ред на  25-тата, 43-тата, 54-тата и 57-та седница едногласно со 61 глас „за“ и без расправа донесе повеќе законски решенија. Во рамките на 43-тата седница едногласно беа донесени Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот […]

Двотретинските закони што ги врати Иванов ќе го чекаат потписот на новиот претседател


Законите кои претседателот Ѓорге Иванов ги врати во Собранието, и вчера повторно беа изгласани, ќе бидат испратени кај шефот на државата, но ако повторно не ги потпише, ќе биде закажана нова собраниска седница во рок од 30 дена од нивното носење, најави денеска претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.   За законите, пак, што Иванов […]

Иванов: Никој не го спречува Собранието да го повтори направениот преседан


Никој не го спречува Собранието да го повтори веќе направениот преседан и на незаконски начин, без потпис од претседателот на државата во Службен весник да објави укази за прогласување на закони донесени од Парламентот, велат од Кабинетот на Иванов на реакциите од власта за неговата одлука да врати изгласани закони назад до Собранието. -Противуставно и на незаконски начин, […]

Шахпаска: Иванов е против реформскиот процес


Претседателот Ѓорге Иванов не ги потпиша указите за прогласување на законите за за заштита од дискриминација и за оперативно техничката агенција и електронски комуникациија, и ги врати повторно на гласање во Собранието. Иванов, според образложението што го доставил до Собранието, указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека […]

Џафери: Ако за јазиците чекавме една година, ќе почекаме и да си оди Иванов


Собранието, веројатно, до крајот на оваа седмица ќе му ги испрати на претседателот Ѓорге Иванов законите што тој ги врати во парламентот, кога одлучи да не става потпис на нив поради употребата на новото име на државата. Ако Иванов ги остави во фиока законите и по нивното прегласување на собраниската седница што почнува утре, тогаш, […]

Парламентот в среда ќе одлучува за законите што ги врати Иванов


Парламентот на седница в среда ќе одлучува за дел од законите што претседателот Ѓорге Иванов ги врати без негов потпис, со образложение дека дал заклетва дека ќе ги брани интересите на Република Македонија. На дневниот ред на 94. седница досега се 27 закони, од кои повеќето добија вето од шефот на државата, така што сега […]