Грчки Ф-16 принудно слета на Закинтос и се запали (видео)


Гr;ki воен авион Ф-16Ц изврши принудно слетување на меѓународниот аеродром Закинтос и се запали, објавија локалните медиуми. Станува збор за борбен авион на грчките воздухопловни сили кој полетал од воздухопловната база Араксос во близина на Патра. Според првичните информации, пилотот морал да изврши принудно слетување поради пожар во авионот по полетувањето. Пожарот е изгаснат, пилотот […]

Заеднички патроли на грчки и српски полицајци летово на Закинтос и на Халкидики


 Билатералната соработка во борбата против организираниот криминал, како и заедничките патроли на српски и грчки полицајци во Србија и Грција, биле во фокусот на средбата на министрите надлежни за полицијата на двете земји – министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис, и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, јави дописничката на […]

Повторно ќе се затвори популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос


Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА. Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од ОАСП […]

Популарната плажа „Навагио“ на Закинтос ќе биде делумно пристапна за туристите


Грција– Кон средината на следниот месец се очекува повторно да биде отворена популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, но само делумно, објавија грчките медиуми. Откако во септември минатата година по одрон на карпи и лизгање на земјиште беа полесно повредени седум лица, плажата, со одлука на крајбрежната служба од островот, беше затворена за туристите. […]

Силен земјотрес кај Закинтос


Грција- Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ноќеска е регистриран во Јонското Море во близина на западниот грчки туристички остров Закинтос. Потресот бил почувствуван до Атина, а властите соопштија дека засега нема извештаи за повредени лица или причинети поголеми метријални штети. Геолошкиот институт на САД соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил […]

Грција бара доживотна казна за Срби вмешани во убиство на Закинтос


За седум српски државјани, кои се меѓу деветмината обвинети за убиството на американскиот Бакари Хендерсон на грчкиот остров Закинтос, во обвинителниот акт се бара доживотен затвор, објави денеска српскиот весник „Политика“. Весникот пишува дека истрагата утврдила оти младиот човек починал 11 секунди по удар со нога во главата и дека еден од учесниците во тоа […]

Земјотрес регистриран на Закинтос


Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран западно од грчкиот остров Закинтос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика. Епицентарот на земјотресот бил во Јонско Море западно од Закинтос, на длабочина од пет километри. Се уште нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета. Закинтос е познат по честите земјотреси […]