Груевски: СЈО призна дека „бомбите“ се монтирани


Експремиерот Никола Груевски денеска утврди дека Специјалното јавно обвинителство потврдило оти прислушуваните разговори се монтирани. Обвини дека против него се врши прогон, па неделно му се закажуваат и по четири судења, а тоа против Зоран Заев не може да почне две години. Изјавите ги даде пред Кривичниот суд во Скопје каде требаше да се одржат […]

Заев и Рама ги посетија Македонците во Пустец


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев заедно со неговиот албански колега Еди Рама денеска беше во посета на општината Пустец во Албанија, каде се сретнаа со жители на општината, се запознаа со нивните барања и реализираа повеќе заеднички активности. Како што соопштија од владината прес-служба, двајцата премиери прво разговараа со раководителите, наставници и […]

Заев и Рама во посета на Мала Преспа и Пустец


Премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска ќе ги посетат Македонците кои живеат во Мала Преспа и Пустец. Во Пустец двајцата премиери ќе остварат средба со претставници на локалната самоуправа, а ќе го посетат и училиштето и ќе донираат опрема за учениците. Владите на Република Македонија и на Република Албанија […]

Заев-Рама: Македонија и Албанија очекуваат идната година да ги почнат преговорите за интеграција во ЕУ


Република Македонија и Република Албанија очекуваат наредната 2018 година да ги започнат преговорите за зачленување во Европската Унија, да го искористат моментот на позитивна клима во регионот за напредок во тој процес. Тоа беше главната порака што ја испратија премиерите Зоран Заев и Еди Рама од Подградец каде денеска се одржа првата заедничка седница на […]

Заев: Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудниците


Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш повтори дека Владата ќе остане на своето ветување и оти ќе се искористи секој правно-формален аспект за да се спречи изградбата на рудниците. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите на инвеститорот на рудникот „Казандол“ дека денеска ќе почне со минирање Заев изјави дека се отпочнати сите постапки. […]

Македонија и Косово ќе формират заедничка економска зона


Премиерот Зоран Заев, во рамки на еднодневната официјална посета на Косово, заедно со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, денеска во Приштина имаше средба со претставници на бизнис заедницата на оваа земја. Заев, како што стои во соопштението од владината прес-служба, истакнал дека се остварени инспиративни средби, особено во делот на развојот на економските врски меѓу двете […]

Заев: Ние даваме голема поддршка на дијалогот меѓу Приштина и Белград


Ние даваме голема поддршка на дијалогот што е отворен меѓу Приштина и Белград, и во насока на тоа и решавањето на сите овие прашања, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали Македонија ќе го поддржи зачленувањето на Косово во УНЕСКО. – Знаете дека прашањето е одложено. Не знаеме точно кога ќе се решава, […]

Заев: Тероризмот не познава религии, иднината е во регионална заедничка стратегија


Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот предводена од Националниот координатор Борче Петревски, кој беше придружуван од замениците Џеладин Ајвази и Златко Апостоловски. „Концептот на едно општество за сите испраќа порака дека се почитуваат сите религии и етнички заедници и како Влада поддржуваме регионален […]

Заев ја поздрави одлуката на членовите на ДИК за враќање на бонусите и за оставките


Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на членовите на ДИК да ги вратат парите од бонусите, заради критиките на јавноста, како и оставките на дел од нив оценувајќи ги како морален чин. – Се работи за исклучителни професионалци кои имаа сериозна улога во едно сериозно време и ја завршија професионално. Одлуката што ја донесоа знам […]

Балканските лидери се заложија за единствен економски регион


Изградбата на коридорите 8 и 10 е дополнителна можност за раст и развој на регионот на Западен Балкан, како и за приближување на регионот кон ЕУ, порача премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Софија на премиерите од регионот, во рамки на Меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, чиј домаќин е Светска Банка. Светска […]

Менаџерите бараат да нема промена на стапката на персонален данок на доход


Да не се менува персоналниот данок на доход и да не се прават промени кај данокот на капитална добивка, побараа од Асоцијацијацијата на менаџери на Македонија на денешната дебата дебата пред премиерот Зоран Заев и минситерот за финансии Драган Тевдовски. – Најдобро е да нема измени. Аргументи за тоа се дека се наградуваат просечните, а […]

„Поткуп“ одложен на неопределено време


Апелацискиот суд Скопје ја одложи на неопределено време јавната седница на која треба да одлучува дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Седницата денеска е одложена поради тоа што судијата Африм Фидани, кој постапува по […]

(ВИДЕО)Заев го пречека Борисов во манастирот Водоча


Со тет-а-тет средба на премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, во манастирот Водоча кај Струмица почнаа серија активности во рамки на денешната заедничка седница на владите на двете земји. Заев и Борисов по разговорите во Водоча ќе положат цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во центарот на Струмица. […]

Заев најави 19 нови странски инвестиции во Македонија


Деветнаесет странски инвеститори веќе имаат склучено договор со Владата или се пред склучување договор за влез во Република Македонија. Ова го најави премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан. Најголем дел, како што посочи, се компании од ЕУ. – Македонија е со понизок стандард на живот и тоа […]

Снимките за „Поткуп“ го одложија судењето против Заев


Судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, денеска беше одложен за 25 декември годинава, поради тоа што предметот е во жалбена постапка пред Апелациониот суд во Скопје. Претседателот на Владата се појави во Кривичниот суд, но рочиште не се оддржи. Се очекува Апелација да донесе одлука дали снимката на која Заев, […]

Заев: Доаѓа времето на левицата


„На Европа и е потребна левицата, посебно кога после долги години, десницата во некои земји се разви радикално, со квазипатриотски идеи, а под превезот на модерниот грабеж. Левицата треба да го добие своето место во Европа, а тоа зависи од левите партии, но и од граѓаните, граѓанското општество, синдикатите, работниците“, рече меѓу другото, претседателот на […]

Во Струмица прва заедничка седница на македонската и на бугарската Влада


Можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката, се прашањата кои ќе ги разгледаат македонската и бугарската Влада на првата заедничка седница што ќе се одржи […]